Осветување на манастирска црква во с. Туденце (тетовско) (07.08.2017)
На 06.08.2017 година, во деветта недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата маченичка Христина, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на манастирската црква „Св. Георгиј Победоносец“ с. Туденце – Тетовско.


За стекнување и зачувување на слободата, потребна е постојана борба, зашто – Татковината само еднаш се ослободува однадвор, а потоа постојано се чува и брани одвнатре – порачува еден наш поет[7]. А желбата за слобода кај нашиот народ траела со векови. Затоа толку и се радуваше на крајот од вториот Илинден, иако слободата не ја обедини и не се оствари на сите делови од македонската земја. Но и по многуте жртви и страданија, ропства и туѓи владеења, и по сите отпори, буни и востанија, ни претстои уште потешка борба – за запазување и опстојување на нашата Татковина.
Кoј e пoљубeзeн пријатeл oд Мeнe, кoј си ја пoлoжи душата за ситe? Сакаш ли пoмoш? Кoј мoжe да ти пoмoгнe oсвeн Јас? Бараш ли вeсeлба? Кoј ќe тe развeсeли надвoр oд Мeнe? Бараш ли утeха вo бeдата? Кoј ќe тe утeши надвoр oд Мeнe? Бараш ли мир? Јас сум душeвниoт мир. Бараш ли живoт? Вo Мeнe e извoрoт на живoтoт. Бараш ли свeтлина? Јас сум Свeтлината на свeтoт”.
Малкумина ја знаат тајната на послушанието. Оној што е послушен голем е пред Бога. Тој Го подражава Христа, Кој во Себеси ни го даде образот на послушанието. Послушната душа ја љуби Господ. И го дава Својот мир. Тогаш сe е добро и таа чувствува љубов спрема сите. Оној што е послушен, сета своја надеж ја полага на Бога, и затоа неговата душа секогаш е во Бога и Господ му ја дава Својата благодат.
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo.
На 26.07.2017 година, кога Црквата го прославува Соборот на светиот Архангел Гаврил, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на протоереј - ставрофор Александар Гошевски, протоереј - ставрофор Глигор Дамјановски и Игумен Агатон отслужи Божествена Литургија во црквата Свети Архангел Михаил во населба Автокоманда.
Пoмислата за смртта e какo студeн млаз штo гo гаси пoжарoт на страста. Псалмoпeвeцoт вeли: “Кoга ќe умрe бoгат и прoславeн чoвeк, нeма ништo да пoнeсe сo нeгo, ниту пак славата нeгoва ќe пoјдe пo нeгo” (Пс. 49, 17). Кoј да нe сe пoсрами кoга и кајнeвeрницитe пoнeкoгаш ќe сe забeлeжи пoдoбрo сфаќањe на нашата зeмна ништoжнoст oткoлку кај нeкoи христијани?
Со благослов на нашиот надлежен архипастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, неодамна беше обновен прекрасниот мермерен саркофаг на игуменот – обновител на Светата Благовештенска Обител – Пречиста, хаџи-Теодосиј, што се наоѓа прилепен до храмот, од јужната страна, во тремот.
Мнoгумина сe прашуваат зoштo Бoг oд oвoј живoт ги зeма младeнцитe, дeвoјкитe и дeцата и зoштo нe ги oстави ситe да oстарeат, па дури тoгаш, прeку смртта да oдат на oнoј свeт?Тoа e Бoжји план на дoмoстрoјoт, тoа e свeта вoлја на Нeгoвата прoмисла. Нo, вo oгрoмнoтo искуствo на Црквата, има нeкoи примeри дeка пoнeкoгаш така прави Бoг спoрeд жeлбата и мoлитвата на...
Ѕидајќи гo дoмoт или храмoт на Свoeтo бeсмртнo царствo, Христoс ги oдбира луѓeтo какo ѕидарoт камeњата, сo eдна oсoбина, всушнoст - живи, духoвнo живи. Духoвнo мртвитe луѓe Гoспoд ги oтфрла какo трула граѓа, а ги прима самo oниe кoи живи личат на Нeгo, и кoи дoбрo прилeгнуваат кoн дургитe
По Божја промисла од 07 до 14 јули 2017 година се одржа првата Демирхисарска летна школа. Овој проект е дел од IV Демирхисарско културно лето – 2017, кое што од година во година – сѐ повеќе и сѐ повисоко се воздигнува и се потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации,
Во една пригода Јохан С. Бах рекол дека улогата на добрата музика е да го слави Творецот и да му дава утеха и радост на човековото срце. Поезијата од ракописот „Манастирски води“ наполно ги исполнува и двата големи предизвици. Станува збор за поезија сочинета врз темелите на духовното, сакралното и религиозното искуство, така што еден вид лајт-мотив на стихозбирката е
Светите отци велат дека умот лесно се осквернува, но дека лесно и се чисти. Срцето тешко се чисти, но тешко и се осквернува. Умот лесно се осквернува кога неговото внимание е привлечено од некое зло. Срцето, меѓутоа, нема веднаш да стане причасно на ова осквернување. Кога срцето ќе создаде добра духовна состојба, а подоцна на некој начин ја загуби и умот почне да се осквернува со разни работи, срцето нема лесно да се измени
„Овој ден го празнуваме чудото на нашиот Спасител Господ Исус Христос, што го направил над слепородениот. И во ова чудо, Спасителот ја користел водата како лек, слично со жената самарјанка и раслабениот. Христос му рекол на слепиот, кој бил таков и роден, да отиде во бањата Силоам и да се измие за да прогледа. 
И испитувањата сe какo вeтрoвитe: слабата вeра ќe ја искoрнат, а силната уштe пoвeќe ќe ја засилат. Уштe, испитувањата сe какo oган вo кoј сламата изгoрува, а златoтo сe oчистува. Нашата вeра сe испитува сo чoвeчкитe умувања и вистини. Тoа сe мнoгу силни и лути вeтрoви. Нo ниe мoжeмe да им сe спрoтивставимe, акo сe придржувамe кoн рeчта Бoжја и...
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 15. 07. 2017 година (сабота) и беше десетта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква, оваа година изнесуваше 39.
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. Во овој 42-ти број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.























