Преображение Господово, Гостивар

На 19. 08. 2015 година, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи божествена литургија во Соборниот храм „Света Богородица“ во Гостивар, во сослужение со архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Боге Богојески, протоереј Андон Андоноски и ѓакон Мартин Андоноски.










Преображението ни ја открива целта на покајанието, учество во Христовата несоздадена светлина. Господи, добро ни е да бидеме тука...
































