
Ве известуваме дека на 23 и 24 мај, храмот "Свети Николај Чудотворец" - нас. Аеродром, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината.
Цената на патувањето, во кое е вклучено и сместувањето со појадок е 40 евра.
Старецот му одговори со тага на лицето: Љубовта тоа не може да го поднесе, ние мораме да се молиме за сите".
И, ние треба да сме со натажени лица како старец Силуан за сите коментари деновиве и постојано по социјалниве мрежи.

„ Линијата што ги разделува доброто и злото не поминува низ држави, класи, ниту политички партии, туку низ срцето на секој човек , а потоа и на сите луѓе...Дури и во срцето полно со зло, останува мал мостобран на доброто... А, и во најдоброто срце останува неискоренет, закоравен агол на злото...“

Денес во утринските часови на 11.05.2015 - понеделник, се упокои славејот на Св. Гора, Старец Спиридон од Мала Св. Ана.
Роден во Солун од родители Малоазијци (Георгиос Рахонис). Ученик на Светогорската Атонијада (1968-1969) и веднаш следната година (1970) станува монах на братството од старец Герасим Имнограф во скитот Мала Св. Ана во којшто од 1998 е Старец.

На 28-ми и 29-ти април годинава во Националниот центар за образование „Димитру Станилое“ во Букурешт се одржа Национален симпозиум од областа на христијанската педагогија на тема „Белези на христијанското образование во богословието на св. Јован Златоуст, прилагодени на современиот контекст на односот Црква – Семејство – Училиште“. На отворањето на оваа свечена манифестација, пред присутните се обрати Неговата Светост, Романскиот Патријарх г.г. Даниил, кој меѓу другото рече:

Да се даде својот живот за своите ближни е најголема и највозвишена жртва која еден човек може да ја направи. Оттука, голема е и нашата обврска да им оддадеме секаква почит и никогаш да не ги заборавиме, но и да принесуваме молитви за покој на нивните души, и утеха на нивните најблиски. На богослужбата се произнесоа и молитви за побрзо закрепнување на останатите повредени полициски службеници, и утврдување на мирот во земјата.

Божествената Благодат бега од горделивиот и преминува кај смирениот. Оној што има високо мислење за самиот себеси, всушност е надвор од себе (безумен), бидејќи наместо да Му благодари на Бог за сите добра што му ги даде, тој Го онеправдува бидејќи за свои ги смета даровите Божји.

Ве известуваме дека на 23 и 24 мај, храмот "Свети Николај Чудотворец" - нас. Аеродром, со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, организира поклоничко патување по првославните светињи на градот Солун и околината. За секоја информација, контакт: отец Бобан Митевски 070/ 277-287
По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа и повика на едниство и љубов помеѓу сите луге за престанок на случувањата во Куманово . По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот г. Сашо Миладинов на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија.

Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон државата и народот, и кога партиските и лични интереси ќе ни се поважни, поинаку и не може да биде. Време е конечно да сфатиме дека eдинството треба да биде нашата најголема сила и гаранција за нашето опстојување. Господ нека ни помага да го разбереме тоа што поскоро.

Во овие денови на жалост, се молиме на распнатиот и воскреснатиот Христос, да ги успокои душите на починатите чеда свои, во место светло, спокојно и мирно.
Истовремено, духовно сострадувајќи со нивните родители, сопруги, деца, роднини и пријатели, стоиме бодро и Го молиме милостивиот Господ да им испрати дух на утеха за нивните најблиски.

На почетокот од нашиот духовен живот потребно е најпрво да најдеме духовен отец - свештеник, кај кого ќе се исповедаме и со кого ќе се консултираме за сите прашања од духовниот живот: како да постиме, како да се молиме, кога и како да се причестуваме, кои книги да ги читаме итн. Ако со искреност и отворено срце пристапуваме, Бог ќе нѐ упати на вистинско место, и ако таков однос изградиме..
Што значи измирување со Бога, со ближниот и со себе во Црквата, тоа е покајание. Тоа ни недостасува, покајание, сакале тоа да си го признаеме или не. Тој што не се измирил со себе и не се спознал во слабоста своја нема да може да се измири со ближниот свој, а кој не се измирил со ближниот нема да може да се измири со Бога,...

Денес, ви презентираме дел од богатата издавачка дејност на Дебарско-кичевска епархија

Светлото празненство и ликување во Рајчица од изминативе два дена, во чест на светиот и славен Великомаченик Георгиј Победоносец, денес во полнота се премести во нашата прекрасна Струга. И не само што се премести, туку уште и како со царски венец се круниса со торжествената традиционална струшка Еордија. Најпрво, на празничната ктиторска вечерна богослужба, со која началствуваше нашиот надлежен Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Повардарски, г. Агатангел...
Чудесен и искуствено разнобоен е подвигот на еден монах кој, подобно на мачениците, живее неодделен од љубовта на Христа, пиејќи од непресушниот извор на водата на бесмртноста, на благодатта Божја која му помага да ги раскине ропските окови на гревот и смртта, правејќи од него ново битие, слободно пред Бога. Секојдневно тој се движи по божествената лествица,...

Денес ви презентираме дел од богатата издавачка дејност на Повардарска епархија, од нејзините две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“

На 06.05.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Златоустова Литургија во сослужение со архиерејскиот намесник протоереј Дарко Наумоски и протоереј Ненад Ѓорѓески, во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во с. Волковија – Тетовско. Истиот ден Митрополитот г. Јосиф, во ...

Сeтo знаeњe штo гo има нeчистиoт разум e нeчистo, какo матни и валкани ликoви на прeдмeтитe вo матнo и валканo oглeдалo. За чистиoт сè e чистo, рeкoл втoриoт врхoвeн апoстoл. Дoдeка Адам имал чист разум вo Рајoт, сeтo нeгoвo знаeњe за Твoрeцoт и твoрeнијата билo јаснo и вистинитo. Нo грeвoт гo пoмрачил и нeгoвиoт разум и разумoт на нeгoвитe пoтoмци.
