Во манастирот на светиот Пантелејмон на вечерната богослужба во чест и слава на св. Пантелејмон и закрилникот на нашата македонска црква св. Архиепископ Климент Охридски, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение со свештеници од Богодаруваната му епрархијата.
А утрото Древните ѕидови на соборниот храм во овој манастир, беа сведоци на уште едно торжествено собитие од животот на нашата Црква на Света Архиерејска Литургија во свештенички чин го ракоположи ѓакон Димитар Арсовски од Кочани.
Ваша Светост, дозволете ми од свое име, од името на Светиот Синод на МПЦ-ОА, од свештенството, монаштвото и од верниот народ во нашата диецеза, да ја изразам нашата сострадалност, сочувство, и молитвена поткрепа на семејствата на починатите, повредените и на целиот страдален народ во Вашата Патријаршија. Нашите молитви, и молитвите на верниот народ во нашата земја, се кон Христа Распнатиот и Воскреснатиот и Неговата Пресвета Мајка, за тие да ги упокојат душите на настраданите, да ги утешат ожалостените и да им дадат сила, здравје и крепок дух на преживеаните во несреќа што го најде Вашиот народ.
Денес 12.08.2020 година се навршуваат триесет години од осветувањето на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод, во неделата, на 09.08.2020 година, денот кога го прославуваме поменот на светиот Климент, Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по Божествена литургија отслужи Панихида (Парастос) во молитвен спомен на сите веќе упокоени ктироти, дарители, свештенослужители и помагачи на нашата Соборна црква.
[youtube height="250" width="400" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=3RDD60ZsjnY[/youtube]
Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово на 9. август 2020. г. кога Македонската православна црква – Охридска архиепископија се спомнува на свети Климент Охридски и светиот великомаченик Пантелејмон; отец Фотиј одслужи Света Божествена Литургија. Верниците се причестија со Светите Христови Тајни.
Торжествата по повод големиот празник на патронот на нашата света Црква, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, како и празникот на светите Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2020 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски,
„Откако ја прими благодатта од небото да правиуш чуда, и со крштението ги очисти словенските народи,
ти стана похвала и слава на светитеите и великопроповедник и апостол во Македонија.
Имајќи, пак, смелост пред Бога, моли Го да ги спаси душите наши“ (литиска стихира на Слава...
на Вечерна на св. Климент Охридски).
На 04.08.2020 Митрополитот Тетовско гостиварски г.Јосиф заедно со парохискиот свештеник го посетија семејството Ангелковски од с.Теарце при што на ова семејство му беа донирани прехранбени и хигиенски производи.
Се чини дека нема ништо поскапоцено од слободата. Таа е најголем Божји дар, печат на Неговата татковска љубов кон човекот. Имено, Он го создал човекот слободен. Уште во првите страници на Светото Писмо читаме како Бог ги создал Адам и Ева како слободни битија, со право на избор помеѓу доброто и злото. Тоа е израз на Неговата совршена љубов, бидејќи љубовта може да биде вистинска само кога е во слобода.
На 2 август 2020 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с. Миладиновци – Куманово. Пред почетокот на Литургијата, чтецот Никола Николовски од Куманово беше произведен во ипоѓакон, а на Светата Литургија во ѓаконски чин.
На 29ти јули 2020 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија, молитвено го прославува споменот на светеномаченик Атиноген и маченица Јулијана, во Воведенскиот храм во охридската населба Рача, ереј Сашо Ристески во сослужение на ереј Александар Димоски и презвитер Димче Азески отслужија Божествена Литургија, за соединување со Хиста преку путирот од кој живот исходи.
Целокупната дејност на старозаветните пророци е насочена кон доаѓањето на Богочовекот Исус Христос – ветениот Месија, Ослободителот од гревот и од смртта. Човекот е вистински слободен само кога живее во заедница со Бога. Живеејќи во таа слобода, тој несебично им дарува љубов на ближните, секогаш подготвен да се жртвува за нив. А кога човекот е надвор од заедницата со Бога, тогаш почнува да им служи и да им се поклонува на разни идоли и на лажни богови. Доколку на некого или на нешто ја полагаме нашата надеж и од таму очекуваме спасение, тогаш стануваме заробеници на овоземното, заборавајќи дека единствено Господ
На 26 јули 2020 г., на празникот на соборот на свети архангел Гаврил, во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со архиереите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, отслужи Божествена Литургија, на која беше хиротонисан новоизбраниот Епископ Сарандопорски Григориј, и беше востоличен за архиереј на Кумановско-осоговската епархија. На хиротонијата присуствуваа свештенослужители, монаси и верници од државата.
На 25. 07. 2020 година, кога Црквата го празнува Соборот на светиот архангел Гаврил и преподобна Сара Египетска, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше извршено Наречение на Архимандрит г. Григориј (Настески) за епископ Сарандопорски.
По Наречението следеше вечерна богослужба на која началствуваше Архимандрит г. Григориј во сослужение со преподобните монаси и останатите свештенослужители.