„Само напред. Иднината треба да се предизвика со љубопитност, а не да се чмае во незнаење. Ќе бидеме среќни ако овие големи потфати како што е порталот ПРЕМИН доживеат и полнолетност и длабока старост. Судено им е на квалитетните нешта да траат. А ова ќе трае. Затоа што со своите напрегнати духовни струни ја збогатува музиката на духовноста во огромниот и безграничен интернетски пејсаж.- Д-р Сашко Насев
21.09.2025 - 20 години заедно со нас
21.09.2020 - 15 години заедно со нас
Интернетот како глобален простор за размена на информации и натпреварување во идеи, е можност за динамична размена на мислења. Од друга страна во моментот кога постои и огромна духовна деструкција, кога се е дозволено, (но секако не ни е и полезно), електронското издаваштво и on-line комуникацијата е солуција за интерактивно заземање на информативен, теоретски, научен, историски и културен пристап, создавајќи круг на оние кои ќе не читаат или ќе пишуваат за нас.
Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет.
Црквата, како Тело Христово, го знае патот на спасението и на култот на личноста, егзистенцијалистичкиот и атеистичкиот пристап, се спротивставува преку изворната суштина на црковното остварување на личноста.
Се што е соединето со Бога, спасено е!
Потпирајќи се пред се на разумот и сетилата, многу тешко можеме да го примиме животот на црквата и сопственото духовно восовршување.
21.09.2015 - 10 години заедно со нас
Д-р Сашко Насев: ДА СЕ БИДЕ ДОСЛЕДЕН - 10 ГОДИНИ „ПРЕМИНПОРТАЛ“
10 ГОДИНИ „ПРЕМИНПОРТАЛ“
ДА СЕ БИДЕ ДОСЛЕДЕН
Кога пред точно пет години, ние на нашите пријатели им ја честитавме ангажираноста да постои еден интернетски медиум како „Преминпортал“, напоменавме дека медиуми како овој ќе трае! - Сите нешта кои се создадени од срце и со страст – траат во епохата. Траат затоа што се базирани на големи замисли и идеи. А не е тешко да се открие дека желбата за доближување на духовноста, генералната култура и конкретните научни акции во секојдневието се оној перпетум мобиле на уредништвото на „Преминпортал“ што како такви ја движат благородната нивна мисија – читателот да е информиран, да се запознава со текст и слика и најнакрај, да е задоволен тој читател што времето посветено на овој медиум е исполнето време.
Дозволете повторно, како пред пет години, честитајќи ја десет годишнината да истакнеме неколку вредности. Прво, за да пронајдеш мир во смирувањето на гладта за добро четиво веќе не е неопходно да тргнеш на голем пат. „Преминпортал“ е достапен на интернет и може да претставува порта кон „прелистувањето“ огромен број на страници и приказни често и невообичаени и неможни да се најдат на друго место, во друг медиум. Второ, оној усет за етицизирано и естетизирано што е пред нас кога сме заедно со „Преминпортал“ не прави да имаме емпатски дискурс со нешто добро, нешто корисно, нешто битно. Без разлика дали сме свесни или со апстрактни ставови за религијата, за науката и културата во земјава, за литературата, ние медиумов може често да го користиме и како информација, но, и како медиум кој има став.
Третто, можеби единствено во сегашниов миг на овој дел на светот, е бесконечната хуманост во пораките и во практиката. Тоа се должи пред се на усетот и чуствата за големата максима на Свети Климент Охридски - „Прави добро“. А „Преминпортал“ со целата своја габаритност и интелектуален ангажман и со целата своја ненаметливост во обмисленост го прави тоа – ни прави нам, на читателите - големо добро!
Затоа дозволете оваа декада на вложен труд во овој медиум да ја поздравиме од срце и да и посакаме, честитајќи го скромниот (но величествен јубилеј – десетгодишнина), да се развива и понатаму и да се претвори во десетици следни децении доследни на досегашниот квалитет. Честитки за роденденот на сите што го создаваат и читаат нашиот „Преминпортал“.
21.09.2010 - 5 години заедно со нас
„Само напред. Иднината треба да се предизвика со љубопитност, а не да се чмае во незнаење. Ќе бидеме среќни ако овие големи потфати како што е порталот ПРЕМИН доживеат и полнолетност и длабока старост. Судено им е на квалитетните нешта да траат. А ова ќе трае. Затоа што со своите напрегнати духовни струни ја збогатува музиката на духовноста во огромниот и безграничен интернетски пејсаж. Со голема почит и навистина искрени желби остануваме да бидеме второто стапало во заедничкиот чевел со премин, а чевелот да се викал наше совремие. Нека е аирлија, нека растат ваквите медиуми со смисла.“
Д-р Сашко Насев
21
21.09.2025 лето Господово
Роденденска честитка за Премин Портал
„Премин Портал“ со право може да се нарече вистинско духовно прибежиште во дигиталниот простор. Со својата внимателно одбрана содржина – духовни текстови, поуки од светите отци, актуелни вести за црковни настани и богата ризница на православна литература – тој, низ годиниве, стана неизоставен извор за сите што трагаат по патот кон Христос и ја бараат утехата во верата.
Воедно, особено е значајна доследноста: содржините се секогаш јасни и достапни, напишани со голема обѕирност и во духот на православното предание.
***
По повод 20-годишнината од основањето на оваа именита веб-страница упатувам искрени честитки и срдечно ободрување до целиот уредувачки тим, кој е неуморно посветен во исполнувањето на оваа свештена и благородна мисија. Господ нека ви даде сила, мудрост и благослов да продолжите да ги просветлувате срцата на вашите читатели, кои се, впрочем, вашите најголеми, но и најповикани критичари.
Дарио Божиновски
Благодариме...
Љубејќи Го, и чекорејќи по духовните патеки – ние го бараме Него, верувајќи безгранично, безвремено. Соединети на патот кон Царството, во мир низ покајание, небесно смирение ,и молитва до истоштување, Го наоѓаме Него во нас.
Да разгледаме и да размислиме што е подобро: светот да го спечалиме или Бог да Го придобиеме? Да станеме наследство на Бог за да Го наследиме! Човекот, како и Творецот, се возвишени и стојат над се. Ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш и целиот свет да го спечалиме, себеси сме се изгубиле (Преподобен Ефрем Сирин).
Умносрдечно, со Црквата која Христос ја изгради, љубовно да го исчекориме патот кој Он ни го покажа, а споени во времето преку овој портал кој го нарековме Премин.
И во овие денови, по пет години постоење, Му благодариме на Бог за радоста со која не дари.
Дарко, Гоце, Трендо, Драган, Стони, Маја, Сузана, Лукас, Ана, Владиците Агатангел, Методиј... нивната драгоцена соработка во првите наши чекорења, многу ни значеше. Како одминуваше времето, прекрасни авторски текстови и преводи споделија со нас, сестра Макрина, отец Гаврил, Сашко, Златко, отец Горан, Бисера, Мирјана, отец Игор, Стојанче, Благица, Славица отец Ристо, Михаила, Звонко, Владиците Наум,Тимотеј, Пимен, ...
Имавме моменти со кои тешко се носевме. Патот знаеше да биде радостен, но и трнлив, но и во радот и во тага по благодарноста ќе не препознаат дека сме Негови...
Од Уредникот
Драги пријатели, не трогна вашето внимание и љубов со која не дарувавте на денешниов голем празник Раѓањето на Пресвета Богородица.
Денес, пред седум години Нејзина прекрасна и силна закрила побаравме и ние како редакција.
И вас, вашето внимание и подршка ја чувствуаме како голем дар од Бога.
Ти благодариме бескрајно Владичице, наша закрилнице.
Му благодариме на Бога за се.
По молитвите на Пресвета Богородица, Господе Исусе Христе помилуј не. Помилуј ја нашата татковина Република Македонија.
Друго:
Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА ВЛАДИЧИЦА БОГОРОДИЦА
21.09.2025 лето Господово