Скопје, 23-ти февруари 2016 год,-храм на св. Петка, на празникот на Светиот свештеномаченик Харалампиј
Светиот свештеномаченик Харалампиј
За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.-Старец Паисиј Светогорец
На 23-ти февруари 2016 година,во Неделата на митарот и ферисејот, кога Македонската Православна црква-Охридска архиепископија молитвено го слави споменот на Светиот свештеномаченик Харалампиј , во храмот на св. Петка, во скопската населба Црниче, ереј д-р Сашо Наков отслужи Божествена Литургија, на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, според вековната традиција, беше осветен медот и поделена нафората на верниците.
Преминпортал (к.т.)