21.јуни 2026 година
Пренос на моштите на Свети Теодор Стратилат
Недела Трета по Педесетница

(Мт.6,22-33)
Благочестивихристијани,
Евангелистите ни ги пренесуваат поуките Господови; онакви какви во тоа време биле изречени, така и биле запишани. Свесен за несовршеноста на слушателите и за неподготвеноста на Своите ученици да примат и прифатат големи вистини, Господ Исус Христос често пати зборувал во приказни од кои и сами извлекуваме поучни заклучоци, а кажувал и нешта кои Неговите ученици во тоа време не можеле да ги разберат. Денешниот евангелски текст говори за конкретни работи кои целосно ги разбираме, живееме со нив,но зажал,тешко ги остваруваме во секојдневниот живот. Во денешново Евангелие, Господ Христос ни открива едноставни, прости и јасни вистини покрај кои секојдневно поминуваме.
Христос вели: ,,Светилото за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно." И навистина, ова е непроменлива вистина која секој може да ја разбере. Човек кој не гледа е роб на темнината; за него световните убавини немаат смисла, денот и ноќта за негосеедноиситеубавиниод овојсветза негосе безвреднизатоашто тој е заробен во темнината.
Окото е слика на умот,а телото е слика на душата.,,Ако светлината, што е во тебе е темнина,тогаш каква ли ќе биде темнината." - вели Господ. Навистина, ако она што го сметаме за светло до толку го извалкаме и покриеме со огревовена кал,тогаш каква ли ќе биде калта?
Ако прозорецот што го ставаме за да имаме светлина во куќата дотолку не го одржуваме чист да преку.негоне поминува светлина,како ли ќе биде ако воопшто го нема. Со ова Господ ја кажува целата вистина за окото и телото и се свртува кон внатрешноста на човекот, кон умот и душата. Се додека умот е чист, светол и отворен кон Бога ја добива божествената светлина и нашите мисли се свртени кон Бога и кон Него се воздигнуваат; сите чувства се сплотени во љубовта кон Бога и Неговите заповеди; сите дела на душата се светли, здрави и богоугодни.
Човек со чист ум не сака нечистотија.Таквиот го управува својотум, а со умот и душата, само кон она што е чисто, како внатре во човекот, така и во надворешниотсвет. Човекот со чист ум бега од нечистотијатаи не дозволува да биде извалкан од неа ида се одалечи од Бога. Само на тој начин човекот се исполнува со божествената благодат во која е силата на Светиот Дух.
Ако, пак, човекот се одалечи од Бога и похули на Него, тогаш светилникот на душата се гаси; ако прозорецот преку кој душата Го гледа Бога се извалка, настапува темнина на душата. Таквата човечка душа се стеснува и чувствува незадоволство и немир поради губитокот на благодатната сила наСветиотДух.Умот станува телесно орудие,а душата е заробена од земните грижи. Тогаш телото почнува да ја води душата и го вовлекува човекот во разни пороци и страсти. Настапува збунетост на изнемоштената душа, бесцелно талкање; ситуација како слепец да води слепец и само се чека нивно паѓање во смртна јама.
Знаејќи го ова, станува јасно дека Христос е нашата светлина; Исус Христос е окона нашиот живот. Кој сака да го види вистинскиот живот, да го најде вистинскиот пат и навистина да го запознае животот мора да гледа низ ова око. Секој друг светоглед, повеќе или помалку, е затемнет, извалкан и како неправилни леќи ги извитоперува нештата околу нас. Само преку Христовото око се гледа онака како што навистина е; и на небото и на земјата.
Ако човекот е блиску до Бога и се труди постојано да биде во Негова близина,тој не може и не смее да биде слуга на друг господар. Или како што запишал евангелистот Матеј: ,,Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре."
Кој ќе се одрече од Бога во овој свет и во овој живот; Бог ќе се одрече од него и во Своето Царство.Затоа, предаденоста кон Бога, љубовта кон Бога и кон ближните, христијанското живеење според заповедите Божји се нашите сигурни чекори кон Царството Небесно.
Затоа и денеси секој ден од нашиот живот да бараме од Бога милост да ни ја испрати благодатната сила на СветиотДух и во нашиот ум, и во нашата душа, срце и тело, за достојно да го прославуваме Неговото име во овој свет.Амин.
Скопје, 21.06.2026 г.- Божествена Литургија во храмот на св.вмч.Димитриј