Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот (05.06.2021)
Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со човекот: првиот пат, кога не поверуваа дека бил слеп; и вториот пат, кога сакаа да го омаловажат делото Христово, а и Самиот Христос. И додека фарисеите паѓаа од грев во грев






Самиот Спасител ни порачува: „Одете и научете што значат зборовите - милост барам, а не жртва." Милосрдието, правењето милост едни на други, и едни кон други, е доблест која веднаш и безусловно ја вивнува човечката душа кон Бога. Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да врати заемот веднаш, но е должен да го продолжи синџирот на милоста околу себе, да ја надмине и умножи примената милост, раздавајќи милост околу себе. Тоа е дарот кој го имаме, кој сме го примиле, на кој секојдневно се поучуваме, а ретко го практикуваме.
























