Bogorodica.dicho.jpg


 Oдговор:

Какo што вели преподобен  Серафим Саровски, додека ние не се откажеме од Богородица, демонот не ќе може да ни наштети. На овој или на оној начин сите сме опседнати со демонот на гревот кој го извршуваме, но не смееме да веруваме на помислите дека сме под власта на ѓаволот, оти така самите ќе си направиме проблеми. Да се држиме до светоотечкото правило: јас сум крив за се, но да не очајуваме... Пред се треба да се потрудиш  да си најдеш духовник пред кого ќе можеш да го отвориш срцето и да се смириш. А понатаму,  биди послушен кај него. Тоа ни преостанува на сите. По молитвите на Пресвета Богородица, Бог да ни го просветли патот и помилува како Единствен Човекољубец. Амин.

П.П/З.Д: