Нормално е помислите да доаѓаат, зашто ѓаволот токму тоа и сака: да не одвлече од молитвата. Но гревот станува само кога ќе ги прифатиме. Според светите отци гревот што го гледаме кај нашите браќа е и во нас самите, само што е затскриен под превезот на праведноста. Затоа тоа би требало да ни помогне да се смириме. На тој начин светителите и гледале дека се околу нив е свето и никогаш не осудувале. Зашто успеале да се очистат од гревот. Мора да внимаваме, зашто осудувањето е една од најдушегубните страсти на душата, зашто додека осудуваме не можеме да се покаеме. Но, да се молиме и да се трудиме. Бог никогаш нема да не остави. Да се молиме...