Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Одговара: отец Горан Тасески
Да , постои црковна забрана, затоа најдобро е лицето кое е од римокатоличка вероисповед да се советува за да најпрво стане член на едната света соборна и апостолска црква, односно да го прими православието.Но доколку, и покрај советувањето ...