„Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа Царството Небесно.”(Мат.19,14)
(повеќе)
Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.