На празникот на преподобната маченичка Февронија, во Соборниот храм на Св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.
Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.