логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Од архивата на Преминпортал)

ОТЕЦ АЛЕКСАНДАР МЕЊ

bozik.slika.jpgВо што е тајната на нештата поврзани со Христос? Зошто личноста на Исус Христос го привлекува човештвото како магнет, макар што Тој бил понижуван во светот, и во Него ги немало ниту таинството на индиските мудреци, ниту поетската егзотика на источната философија? 

Сè што Тој говорел било просто и јасно, па дури и примерите од Неговите параболи биле земени од секојдневниот живот. Тоа е тајна којашто Тој ни ја открива со кратки зборови што ги слушаме од Евангелијата. Така, Филип Го прашал Исуса: „Покажи ни Го Отецот“, а Исус му одговорил како што не би одговорил ниту еден философ на земјата: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот.“ Тој многупати кажувал слични зборови, и многумина му свртувале грб и заминувале со негодување, зашто зборовите на Исус претставувале предизвик. Во нив требало да се разбере некоја особена тајна.

Христос никогаш директно не ја формулирал таа тајна, Тој само ги прашувал луѓето: „За кого Ме мислат? За пророк, за воскреснат Јован Крстител? А вие?“ „Ти си Христос, Цар, Месија, Син на Живиот Бог“. Тука искуството мора да се открие некако внатрешно, и Тој тоа го прашува и денес, и го прашува секого.

Исус Христос  тоа е човечки лик на Бесконечното, Непојмливото, Неопфатливото, Безименото. Да, Безимен и Недостижен. А тука, на Земјата, Тој станува Некој Кој не само што може да се именува, туку може да се именува со човечко име, да се нарекува Оној Кој со нас ги носи тежините на животот... Во тој центар е поставена оската на христијанството.

 

 

Постои ли Бог и што е тоа Бог?
Прашањето е просто и јасно.
Ја прашале мравката: Што е Млечен пат? Мравката долго размислувала и рекла: „Тоа е нешто многу големо“. Размислувајќи за Бога, човекот може да каже само дека Бог е основа на сè. Може ли човекот да ја појми таа бесконечна разумна основа, тој бесконечен разумен принцип? Зашто, разликата меѓу Космичкиот Разум и нашиот разум е неспоредливо поголема од разликата меѓу разумот на Њутн и на мајмун.

Тој е извор на живот, извор на морални заповеди, Тој на човекот му го дава пулсот на животот. Моралот не можете да го откриете во природата. Во организмот на лош човек се одвиваат истите хемиски процеси што се одвиваат и во организмот на добар човек. Бог ни се открива на поинаков начин. А ако не можеме да Го слушнеме, причината за тоа е само една: ние не сакаме да го слушнеме. Затоа што е слобода, Бог ништо не ни наметнува. Луѓето се тие што ги наметнуваат своите ставови. Кај Бога нема пропаганда, Тој само ни предлага животен пат  сето друго зависи од нас: зашто, ние сме создадени според Негов образ и подобие. И во нас постои творечки принцип, макар и малечок, но сепак постои. Во нас, исто така, постои и чувството на доброто и на злото. Во нас постои и љубов, постои разум, постои самосвест. Сосема доволно е што можеме да имаме каква-таква претстава за Бога. 

Како вие си го претставувате Бог Творецот?
Би можел да ви поставам слично прашање: а како си го замислувате просторот од илјада светлосни години? Тешко е да се замисли, а резултатот нема да биде ниту полош, ниту подобар од оној при замислувањето на Бога Твоерцот во вид на огнен јазик или гулаб, или во вид на некој друг символ. Символите се одраз на одредена реалност. Кога во учебник по физика или по хемија ќе сретнете формули, вие, всушност, се среќавате со символи. Без символи ние не би можеле да комуницираме.

Божественото го надминува нашиот разум. Оној бог којшто човекот би можел да го разбере до крај  не би бил бог, туку нешто што е еднакво на човек. Човекот може да разбере одделни елементи, одделни аспекти на божественото размислување, како и она што му е откриено  но не повеќе. Да се претендира на сеопфатно познание е  бесмислено, тоа, просто, е научно некоректно, затоа што дури ни природата не ни открила ни стоти дел од своите тајни. Како можеме да зборуваме за Оној, Кој стои зад таа природа?

Каква е врската меѓу Бог и Христос?
Да се обидеме да си ја претставиме бесконечноста на светот. Таа претстава не се вклопува во нашето размислување. Да погледнеме навечер во ѕвездите. Тоа што го гледаме е само милионити дел од ѕвездите што постојат. Огромни светови... Човекот се губи пред таквата големина. А токму такво нешто, безмерно, Божествено  за нас безимено  ни се открива Самото. Како е можно тоа? Ако Космосот сака да зборува со нас, Тој мора да најде човечки облик за Себе, да најде јазик и глас. Ако Вечноста сака да зборува со нас, тоа може да го направи преку човек. Тоа, всушност, е соединување. Тој е наш брат и  Откровение Божјо.

Што значат воплотувањето и вочовечувањето на Христос?
Големите луѓе се големи затоа што се издигаат над нашето обично ниво и се пренесуваат во некакви особени далечини на иднината, предвидувајќи ги идните откритија философски, светогледни. Постоеле големи луѓе во историјата на светот, коишто ни раскажувале за својот голем духовен и мистичен опит. Меѓу нив, најголемите се оснивачите на религиите  Мухамед, Буда, Заратустра итн.

Ние знаеме дека до ден-денес, по многу векови, духот и мислата на тие луѓе продолжуваат да управуваат со милиони други луѓе, продолжуваат да ја оплодуваат културата, да вдахновуваат цели народи. Ние имаме основа да веруваме на искуството на тие луѓе. 
И кога Буда, индискиот принц Гаутама, кажува дека се ослободил од минливото и се растворил во светлината или во безмолвието, во недостижноста на нирваната, ние имаме право и основа да му веруваме.

Кога големиот грчки философ Платон, по долгогодишното размислување, по животните перипетии и трагедии, по длабокото созерцување, ни говори за повисокото како за врвно богатство, ние исто така имаме право да му веруваме. Ние, исто така, им веруваме на неговите зборови кога вели „Тешко е да се достигне Отецот на сите нас“. Тоа се големи зборови.

Кога Мухамед говори за тоа дека му се открил Единиот Бог, Творецот на Вселената, Оној Бог Кој му говорел на Авраам, ние му веруваме. Јас му верувам како што му веруваат милиони, стотици милиони муслимани.

Кога пророкот Исаија говори за Бог Кој му се јавил и го испратил во светот да го проповеда Неговото слово, ние исто така му веруваме.
Тоа се потресни сведоштва, тоа се грандиозни сведоштва коишто внесуваат пресврт во светот. Тоа е семе коешто е посеано во земјата, за во иднина да израснат нови посеви. А никулците никнувале уште додека се сеело.

И ете, доаѓа Исус од Назарет, Кој исто така проповеда нешто. Но, Тој не кажува, како Буда, дека достигнал некаква состојба како резулат на вежбање и со Свои сопствени сили. И не кажува, како Мухамед, дека Себеси се смета ништожен пред лицето на Севишниот Алах. И не кажува, како Платон, дека е тешко да се достигне Отецот на сите луѓе. Тој не говори како пророк кој се чувствува само како човек, како грешен човек, исполнувач на Божјата волја. Тој говори за Себе онака како што може да говори за Себе само Господарот на светот и на судбините. Тој ги изнесува пред луѓето стиховите од Светото Писмо и вели: „Кажано ви е... а Јас ви велам вака!“ Односно, Тој своите зборови ги става паралелно со зборовите од Светото Писмо.

Тој не вели: „Јас ви го давам учењето“. Тој не вели: „Тоа вака е кажано во Библијата...“, туку вели: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“. При Мене...!

Неговата личност е единствена и уникална, Личност во Која заемно се проникнуваат божествениот и човечкиот принцип. 
Ние во Исус Христос не наоѓаме ниту внатрешна борба, ниту спознавање на гревовноста, толку карактеристично за сите светии и мистици од сите времиња. Ние во Него не среќаваме егзалтираност, не наоѓаме во Него она што е присутно кај сите оснивачи на религии. Тој е јасен и едноставен: „Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот“.

Христос бил човек во полна смисла на зборот. Догмата на Црквата учи дека Христос е вистински човек. Вистинско пројавување на Бог на Земјата. Но, Тој истовремено е и вистински човек. Тој не само што ни ја открива Божествената љубов, туку исто така ни го открива и величието на човекот. Не величие според човечка природа, туку величие на суштество коешто ја одразува Вечноста. Тоа е основа на христијанскиот хуманизам.
Христијанскиот хуманизам може да се искаже со следниве зборови: човекот е светиња, зашто е одблесок на вечната, духовна светиња. И затоа појавувањето на Христос е вочеловечување на Бога, Негово влегување во нашиот обичен живот.

Христос водел најобичен земен живот. Тој не бил отшелник којшто живее некаде во планина, или, пак, јаде еднаш неделно и сл. Не, Тој бил сосема обичен човек, но истовремено и Божествен човек. Божествен човек  тоа е човечкиот Бог. Тоа е човечки лик на Духовниот Космос, на Божествениот разум, недостижен за нас, апсолутно безграничен. За да може да зборува со нас, Тој го облекува Својот лик во лицето на Исус од Назарет, Кој оди по патиштата на светот, се движи по полињата, по ридовите, по брегот на езеро, Кој страда заедно со светот, умира на крстот, и Кој ја објавува победата на Духот преку Своето Воскресение и преку Своето невидливо пребивање во овој свет.

Ете што значи вочовечување на Христос и Негово воплотување
Знаел ли Исус дека е Син Божји, пред Светиот Дух да слезе на Него при Крштевањето?
Прочитајте го местото во Евангелиет од Лука каде што се опишува како момчето Исус останало во Храмот, а кога Неговите родители го пронашле, Тој им рекол: „Јас треба да бидам во она, коешто е на Мојот Отец“. Тогаш имал дванаесет години. Значи, во тоа време тоа сознание во Него веќе постоело.

Постојат ли некакви сведоштва за тоа со што се занимавал Исус Христос, освен со дрводелие, до Неговата триесетта година?
Треба да се каже дека евангелистите ништо не измислувале. Тоа што не го знаеле, тие не го опишувале. И ние треба така да постапуваме.
Да, Исус живеел обичен живот. А еве ви доказ: кога почнал да проповеда и да исцелува, Неговите сограѓани биле запрепастени: тие не очекувале такво нешто од Него! Доколку во Неговиот дотогашен живот постоело нешто необично, тие не би биле толку зачудени. А нивната вчудовиденост во сите четири Евангелија е нагласена со необична сила! Значи, Тој не бил познат додека не дошло Неговото време. Тоа бил таен, но истовремено и обичен живот, и во тоа е неговата особена привлечност: значи, може да се биде христијанин и во обичен, незабележлив живот. Да, Тој извршувал тешки работи, работејќи како ѕидар и дрводелец, и со самото тоа Тој го осветил обичниот, секојдневниот труд, обичното, незабележливо постоење, издигајќи го до невообичаена височина. 

  
Кажете нешто за животот на Христос од Неговата дваесетта до триесетта година.
Тоа бил сосема обичен живот  во тоа е работата. Сосема обичен! Кога излегол да проповеда, соседите се зачудиле и заклучиле дека се споулавел. Во Него сè било тајна. А зошто било така? Тој се трудел со Свои раце за да ни покаже дека обичниот, тривијален, прост живот може да биде свештен. И од тогаш, кога Тој поживеал триесет години во Назарет заедно со Дева Марија, којашто, исто така, носела вода, готвела и чистела, од тоа време сите наши домашни работи се осветени. Ако тоа го правел Христос, тоа можеме да го правиме и ние. И тоа не е просто, нечисто, ниско... Тоа било осветување на секојдневниот живот. 

Сепак, ќе се дрзнете ли да дадете сопствени претпоставки во врска со детството и младоста на Христос?
Ајде да размислиме за тајната на творештвото. Колку беспомошно изгледаат обидите на писателите да проникнат во авторската лабораторија, во творечката лабораторија на големите писатели, уметници! Се сеќавам на еден роман за Андреј Рубљов. Убеден сум дека авторот имал најдобри намери, но дека сето тоа што го напишал во тој роман  за доживувањата на Рубљов, за неговата врска со некоја селска девојка  е толку под „морското ниво“ што никако не може да се прифати. Генијалниот човек секогаш е  чудо. И тајната на душата, тајната на творечката лабораторија е нешто кон што мора да приоѓаме со крајна внимателност. И нема да ме зачуди ако засекогаш остане непојмливо како творел Пушкин, како творел Данте. Дури и да се најдат множество сведоци, документи, писма, забелешки  сепак тоа ќе остане тајна. И животот на обичен човек е тајна. Тогаш, со кое право инсистираме да проникнеме во тајната на Богочовекот?

Забележете дека секој романописец, опишувајќи го својот јунак, задолжително опишува каков е тој одвнатре. Се труди да ги пренесе неговите мисли, неговите чувства: ... помислил, ... се исплашил, ... се зачудил итн. Евангелистите го прикажуваат Христос само надворешно, онака како што тие Го гледаат. Тие никогаш не се загледуваат во Неговата душа. За апостолите пиштуваат: се исплашија, се замислија, се радуваа... За Христос се дадени само надворешните чувства. Тоа е особен литературен пристап, но тој не е употребен вештачки. Дистанцата била толку голема, што евангелистите знаеле: тука нема да загледуваш. И тоа е сè што би можел да кажам за обидите да се реконструира младоста на Богочовекот. И ако се обидеме да го направиме тоа, ние нема да постигнеме ништо подобро од она што е дадено во апокрифните дела.  

По што се разликува современото восприемање на Христос во споредба со восприемањето од првите векови на христијанството?
Мислам дека не се разликува по ништо: тоа е вечно, тоа е засекогаш исто. Ако апостол Павле во I век ја доживеал блискоста со Него како да пострадал, умрел и воскреснал заедно со Него  тогаш тоа му е достапно и на секој современ човек.

Зошто Христос, Кој правел чуда на воскреснување и на исцелување, се покажал бессилен на Својот крст?
Тој максимално се приближил до нашата состојба, кога веќе не функционираат никакви заштитни механизми, и затоа Тој не умрел како философ, кој рамнодушно оди во смрт, туку како обично човечко битие, коешто страда со целиот свет  до полнотата на страдањето и до полнотата на агонијата.  
Ако Исус Христос знаел дека по три дена ќе воскресне, во што е големината на Неговата смрт?

Мошне сериозно прашање. Ние не можеме да најдеме одговор на него. Се работи за тоа дека страдањата на Христос не се само во смртта како таква, и не се само во физичките измачувања, туку во тоа што Тој станал соучесник во бесконечниот свет на злото во кој е потонато човештвото. И Тој сиот тој свет го зел врз Себе! 

Познато ли е нешто за други Спасители, освен Исус Христос?
Кога денес меѓу нас би бил присутен големиот пророк Мухамед, тој не би рекол дека е Спасител. Тој би рекол: Бог е  наш спасител, а јас сум Неговиот пророк. Ако денес меѓу нас би бил присутен оснивачот на будизмот Гватама Буда, тој би рекол дека е обичен човек кој, со помош на одредена практика, достигнал состојба на блажена нирвана. Тој би рекол дека поучува за тоа, но не и дека е Спасител. И кого и да го споменеме од големите мудреци на светот, никој не би се осмелил да каже дека е Спасител. Но, очекувањето да се појави Спасител постоело. Во времето кога се родил Христос, Персијците го очекувале раѓањето на Избавителот, Индусите го очекувале новото воплотување на богот Вишна, будистите го очекувале новото воплотување на Буда, Јудејците го очекувале Месија... Голем број народи во тој миг претчувствувале дека ќе се роди вистинскиот Спасител. И во тие легенди, митови, раскази постоело претчувство на онаа вселенска Вистина, којашто штотуку започнала.

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

Друго:

Crkva.Zajdisonce.jpg

Митрополит Антониј Блум - ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЖИВОТОТ

„ПАСТИР“

 Кој е Исус Христос



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5756
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6572
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6357
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5553
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

15/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная