логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Стравот од Бог и стравот од човек.
Што е тоа страв од Бога и страв од човек?


Постои страв од Бога и постои страв од човек; страв од Бога- тоа е смирение, страв од човек- тоа е кукавичлук.
Од каде доаѓа стравот од човек?
Ако имаш страв од човек, тогаш, значи, имаш славољубие; оној, кој нема славољубие, ја отфрлил човечката и е исполнет со Божествената благодат, која расте според степени. Стравот од човек е сила на световното срце. Световното срце- тоа е срце, залепено со светот кое како пајак го исцицува животот од него. Тоа е срце во кое наместо крв тече кал од лоши помисли.


Како да се победи стравот?
Многу едноставно- да се биде смирен. Во смирението потонуваат сите стравови и помисли како камен во огромен океан. Тогаш ти ќе дознаеш дека смирението е вистинска храброст. Затоа стравот е спротивен на храброста. Но, не таа храброст за која говорат во светот, туку храброста на смирението, кое раѓа чисто срце. Чистото срце, познавајќи Го Непознаениот и сместувајќи Го Несместливиот, нема страв од човек, туку има страв од Бога, кој се претвора кај него во непресушна Љубов.


Од што се раѓа храброста?
Од непрестајна молитва! Заморот и слабоста, стравот и малодушноста, бегаат од непрестајната молитва; а храброста, цврстината и целомудрието го облекуваат срцето, кое ја здобило непрестајната молитва, неуништлив духовен оклоп.
Како да научиме да ја зачуваме непрестајната молитва?
Не смее да му се допушти на стравот и плашливоста да ја сруши цврстината на твојот дух. Треба да се направи истото како оние кои имаат опит, подвизувајќи се како опитен воин Христов, кој без страв оди таму каде што е опасно и без плашливост стои таму каде што е тешко.


~ Света Гора Атон

Извор: http://www.afonnews.ru/forum/all/topic_850/

 

 24-ти октомври 2016

 Подготви:

Снежана Корнет



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2505
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1691
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2169
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »