Отец Пимен: Пост фестум
Пеевме во тоа време и растевме чекајќи го денот и сонцето на слободата. Не дека не бевме слободни де, ама набилданиот патриотизам од крајот на осумдесетите ни будеше револуцинерен дух дека може и послободни да сме. Го чекаа сонцето и живееја чекајќи и оние кои се бореле за слобода на Македонија во втората светска војна и оние кои го мразеа системот но, не и татковината.


Во човечкото живеење денес се појавија многу проблеми. Повеќето од нив се израз на нарушените односи меѓу луѓето. Најчето се предизвикани од негативните човечки дела со кои човекот несвесно или свесно предизвикува лоши состојби. Но, тука се и погрешните политички системи од минатото. Со цел да ги остварат своите цели се повредувала правдината на животот.
Порано беше „ин“ да се биде песимист заради некоја интелектуална скепса. Џанам... ако си интелектуалец, тогаш треба постојано да си незадоволен и несреќен. Да лелекаш над својата судбина и да мрчиш на секоја општествена појава. Навистина, за негодување имаме многу фактори, објективни и релевантни, без претерување, ама некако изморена сум веќе од точки и
Не сум психијатар, но од книжевноста се учат многу работи. Така, на пример, од драмскиот текст „Паралелни светови“ на мојот хрватски пријател Миро Гавран, врз „жив пример“ (книжевен лик) научив што е дисоцијативна фуга. Таму, ликот околу кој се врти сѐ, професорот економист Адам, откако ќе ја затекне сопругата во неверство со најдобриот пријател, заминува во банка да ги подигне сите пари и да фати пустелија.
Јазикот е раѓање на човекот. Филозофите велат: вистински се раѓаме во јазикот, не во акушерската клиника. Затоа, со години, во интервјуа, колумни, на собири по разни поводи повторувам: ДРЖАВАТА мора да ги заштити овие две катедри со специјален закон со кој ќе го гарантира нивниот опстанок!
А што е со социјалните мрежи, каде што се черечи секој што има спротивно мислење од мнозинството?
Ако до Бога се доаѓа само со срце, а не со разум, тогаш не може да има „наука за Бога“. Ако до љубениот/љубената се доаѓа само со срце (а не со разум), не може да има ни наука за љубовта. Може да има само поуки. И сексологијата премолчено признава дека не е наука за љубовта: најчесто се сведува на она што Хелените го викаа ТЕХНЕ („занает“ во уметноста),
Приказна 2: Си беше еднаш еден човек што рече: „Порано големи луѓе живееја во мали куќи, а сега мали луѓе живеат во големи куќи“.
Безобѕирност. Поедноставно: бесчувствителност. Денес е реткост да се налета на човек со осет за другиот. Бесчувствителноста станува веќе главна работа на оној општествен дрил што се вика образование: ефикасно образование денес подразбира да се произведе човек способен да се „излакта“. Знаењето е во втор план, снаодливоста златни врати отвора. Тоа со гордост го викаме „амбициозен млад човек“. Дрскоста ја викаме храброст, а невоспитаноста – иницијативност.
Без автономна историја, темел и генеза на јазикот и културата, не постои ни засебен народ. Тие македонскиот народ го третираат како дел од бугарскиот, кој во еден период од поновата историја се изделил во посебна држава, тој всушност е бугарски и му припаѓа во целост на бугарскиот идентитет. Тие тврдат дека македонскиот идентитет е комунистички инженеринг.























