Дали постои молитва за тие што имаат потешкотии да стапат во брак?
Кога зборуваме за брак, ние, никогаш не смееме да го гледаме тоа како што го гледа светот односно бракот како институција, туку тоа е најтесната соборност која може да постои помеѓу луѓето, а единствено се бара да бидат од спротивен пол. Господ го благословил тоа заради поддршка на мажот и жената во пронаоѓање на нивните слабости, страсти и пороци, едноставно мажот и жената треба еден со друг да се надополнуваат во текот на целокупниот период од нивниот брак.


Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога.
Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема…
Една од главните педагошки задачи на Православната црква денес е  таа да научи да им се обраќа на децата. Во црквата нема проповед за децата, макар што тоа денес е неопходно. Прва, основна, насушна и тешка задача којашто стои пред секој христијански воспитувач е  кај детето да го пробуди чувството за реалноста на постоењето на Бог. 
Дозволувањето на децата да имаат контакт со духовната благодат е една од првите должности на секој христијанин, кој мисли на своите деца, и тоа е задача на Христијанското општество, кое се грижи за својата младина. Ова е вратата за правилно Православно Христијанско воспитување. Просветлување, покајание и радост, кои што се будат  во свеста на детето, се надворешен индикатор на фактот дека малиот христијанин чувствува топлина од божествениот извор во себеси. И дури и ако не чувствува, невидливото влијание на Божјата благодат не престанува; само ние не го гледаме,
Зборовите на Црквата го искажуваат сфаќањето дека во бракот двајцата сопружници ја запазуваат својата личносност и индивидуалност и така можат да општат вистински и меѓусебно без едниот да го уништува другиот. Тоа е љубовта, не да го уништиш другиот туку да го сочуваш, како што Христос дојде и стана човек за нас, не уништувајќи нѐ, туку нудејќи ни спасение. Он го спаси нашето човечко суштествување и ни покажа како реално можеме да станеме совршени луѓе. Истото нешто се случува и во бракот. Човекот се спасува и усовршува во бракот само тогаш кога ќе научи да го љуби другиот.
Да знаете, за повеќето разводи се одговорни мажите. Моралните извршители на разводот се мажите. Зошто? Затоа што мажот може да рече: „Жената ме изневери и се разведувам! Не ја сакам повеќе“, но моралниот извршител на неверството е тој, зашто не се обидува да разбере како размислува една жена и што бара од еден маж. Мажот е убеден дека е доволно да работи, да носи пари, да е чесен, сериозен, да нема други жени, да е доследен во своите должности. И особено
Факт е дека ако човек го чита Светото Писмо површно, ќе забележи една пристрасност во полза на мажите, така изгледа на прв поглед, но Светиот Апостол Павле јасно ни вели дека во Исуса Христа не постои ни машки ни женски, туку сите сме едно во Христа. Следствено, Христос ја брише таа разлика. Црквата верува и поучува за еднаквоста на половите, но како што вели Старец Пајсиј, Црквата донесе еднаквост, ама не израмни се. Таа не е булдожер кој што порамнува, туку гледа да ги запази особините на полот.
 
Кога ќе се случи да сониш нешто лошо, не размислувај за тоа што си го видел, како си го видел, дали и колку си виновен за сонот. Ѓаволот, откако не успеал да те порази додека си бил буден, те посетува ноќе. Понекогаш Бог му дозволува да нѐ искушува додека спиеме, за да ни укаже дека стариот, гревовен човек во нас сѐ уште не умрел.
Постмодерниот омјаз на секуларизмот од крајот на вториот милениум со таков апсолутизам се промовира како Spiritus Mundi, што остава впечаток дека древниот ѕвер – дуализмот е веќе мртов и светот полека влегува во новиот еон со еден ум и една дипотрија. Идејата за лажното единство се мултиплицира на сите нивоа во животот на глобалната политеиа. Но секуларизмот е чедо на старата блудница која го опиваше умот на манихејците, богумилите и нивните браќа по прелест.
Мамините синови се вистински кошмар за многу жени: со сите свои проблеми тие трчаат кај своите мајки, кај нив наоѓајќи поддршка и сочувство. Нивните мајки се обидуваат да им се мешаат во брачниот живот, да го наметнуваат своето мислење. Многу од нив се толку многу заслепени од љубовта кон нивните синови, што дури завземаат страна во сите брачни конфликти, поттикнувајќи ги младите мажи да не попуштаат пред своите жени,доведувајќи ги дури и до развод.
Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.
Обраќајќи се за благослов, ние бараме да ја дознаеме Божјата волја

Дете кое расте во семејство со насилство е многу веројатно да развие емоционална нестабилност и несигурност, страв, депресија, пост трауматски стрес, проблеми со сонот и хранењето. Насилството во семејството го исполнува со страв и тоа се одразува на неговиот целосен развој како личност.
























