Штом го ислушав со внимание му реков да не го повторува ова што го прави, без разлика колку добро и да изгледа. Да оди во друг непознат град да најде работа – бидејќи имаше познавање и од водоводџиски работи – за да помага колку може и од неговиот недостиг, бидејќи таквата помош има поголема вредност. И кога некој нема ништо што би му дал на еден сиромав, а болува неговото срце, тогаш тој прави поголема милостина, бидејќи прави милостиња со крвта на срцето,
Свети Никола Кавасила: Поука
На луѓето, одвоени од Бога со тројна преграда: природата, гревот и смртта, Господ им дал да Го поседуваат целосно и да се соединат со Него непосредно, со тоа што Он, една по една ги отстранил сите пречки: онаа на природата – преку Своето овоплотување; онаа на гревот – преку Својата смрт; онаа на смртта – преку Своето воскресение.