Св. Симеон Нов Богослов: Слово за верата
Таа цел е онаа, за која спомнав, и е од почетокот на светот скриеното таинство на христијанството, кое се јави во последните времиња (Кол. 1, 26). Неа ја подразбира Павле, кога зборува за Бога, дека Он сака сите луѓе да се спасат, и до познавање на вистината да дојдат (1. Тим. 2, 4). Зашто, познавањето на вистината не е нешто друго, освен самата благодат.


Не му доличи на христијанинот удобно да живее и световно да се радува. Исто така, не треба лицето да ти се помрачува, ниту да сметаш дека не постојат маки на Божјиот пат. Зашто, Неговиот пат отсекогаш и во сите поколенија се среќавал со крст и смрт. И зошто ти мислиш дека удобно можеш да го изминеш патот Божји?
4. Кога раната е уште нова и топла, таа лесно се лекува; застарените и занемарените рани тешко се лекуваат. Тогаш за нивното исцелување потребен е голем труд, сечење, измивање и горење. Многу рани во текот на времето стануваат неисцеливи, „но за Бога сè е можно‘ (Матеј 19, 26).
Бодилото на моите гревови не престанува да го прободува срцето мое; уште не се покајувам за злото што сум го направил. Товарот на моите гревови уште не ме притиска; не ја чувствувам нивната тежина. Уште не сум ја познал сета сила на огнот; да ја знам неа, би бегал да не бидам опфатен од неа. Глас слушам во ушите мои - дека кон мене одат и се приближуваат затоа што срцето мое уште не сум го исчистил.
Молитвата бива различна, зашто едно е да Му се молиме на Бога со нерасеана мисла, а сосем друго, да стоиме на молитва со нашето тело, а мислата да ни биде расеана. А, исто така, едно е да одбираме кога ќе молиме, односно откако ги завршиме разговорите и работите во врска со овој свет, а сосем друго да ја претпоставуваме молитвата над сè друго, над сите светски грижи, да постапуваме според зборовите на апостолот,
Ние мора да вежбаме со пост, бдеење, повлекување, и созерцување за Писмото, како активности кои се подредени на нашата главна цел, чистота на срцето – која е љубовта, и не смееме да ја нарушуваме оваа основна доблест за доброто на другите. Ако оваа доблест остане цела и неповредена во нас, ништо не може да ни наштети,
Многу се, знаците што ги направил нашиот Господ Исус Христос. Но ние треба да знаеме дека секој од овие знаци, освен своето буквално значење, има и друго – преносно значење. Тоа што слепите ќе прогледаат, значи: слеп е оној што ја полага својата надеж на овој свет; а ако, напуштајќи го, својот поглед го впери во надежта што ја очекува, тогаш тој навистина го презрел овој свет и прогледал.
Но, не беше онаа (светлина) едноставно чувствена, иако се појави на пророковото лице, бидејќи славата на светлината од лицето на Мојсеј, според свети Макариј, и сега светиите ја примаат во душата. Истата (светлина) овој (отец) ја нарекува „слава на Христа“ и смета дека е над чувствата иако е достапна за чувствата, земајќи го она апостолското, со мал додаток: „Сите ние со откриено лице славата на Бога, то ест неговата умна светлина, како во огледало ја гледаме, во истата икона преобразувајќи се од слава во слава,



О, Адаме, кој го вложи во тебе тој страв и кој ти рече дека си гол? – Тоа е последица на отстапувањето од Божјите заповеди. Потоа, следело изгонувањето од блаженото место и пресудата да поднесува труд, жалости и лишувања во текот на овој живот. Затоа, да се држиме што подалеку од советите на ѓаволот.Непријателот наш секогаш е готов да ни дава свои лекарства; секогаш треба да бидеме подготвени да ги одбиваме.

Не е тоа главното, туку друго: да го соединиме воздржувањето од храна со воздржувањето од штетното за душата и да пројавиме големо усрдие во духовните работи! Кој пости, треба да биде покаен, смирен, кроток, тивок, да ја презира славата на земниот живот! Кој ги презрел задоволствата на животот, тој е должен да ја презре и суетата на славата и
Што ќе правам во оној час кога ќе бидам заобиколен од моите познати, кои, кога ќе ме видат во таква лоша состојба, ќе се разбегаат од мене; тие ме сметале за блажен, зашто не гледале дека сум преполн со беззаконија и нечистотија и не знаеле дека сум Го заборавил Господа, Кој ги испитува срцата и утробата. – Таму е вистинскиот и жален срам;























