Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него. И ете, некој човек по име Закхеј, кој беше началник на митниците, и беше богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е Он, но не можеше од народот, оти беше низок. Затоа истрча напред и се качи на една смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да мине. Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна угоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом.” И тој веднаш слезе и Го прими со радост. И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде во куќата на грешен човек.” А Закхеј застана и Му рече на Господа: „Господи, еве половината од својот имот ќе го дадам на сиромаси; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, четворно ќе го вратам.” А Исус му рече: „Денес дојде спасението на овој дом, зашто и тој е син Авраамов. Оти, Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.” Лк. 19,1-10

Денес го празнуваме споменот на св. апостол Закхеј, кој најпрвин бил цариник и грeшник. Па кoга Гoспoд гo видeл вo Eрихoн на дрвoтo (Лука 19,1-10), влeгoл вo нeгoвиoт дoм, пo штo Закхeј прибeгнал кoн пoкајаниe. Пoдoцна Закхeј му пoслeдувал на св. ап. Пeтар, кoј гo пoставил за eпискoп вo Кeсарија Палeстинска кадe штo вeрнo му служeл на Eвангeлиeтo и мирнo завршил.

 

Манастир

Она што е интересно е што до ден денес смоквиното дрво на коешто се искачил Закхеј за да Го види Спасителот стои во Ерихон. Пред седум години дрвото било пред целосно уништување – нападнато од термити и со исушени гранки. Со помош на руски ботаничари, ваквата болна состојба на дрвото била наскоро излечена, а сувите гранки исечени, што дури и се појавил мал плод на него.

Дрвото во Ерихон

Дрвото во Ерихон

Дрвото на кое се искачи Закхеј за да го види Христа ,
е познато под името сикомореја , бидејќи е добиено со вкрстување на смоква и црница.

 ==========================

Сикомореја (или сикомора, науч. Ficus sycomorus) е вид на библиска дива смоква. Таа претставува масивно, широко распространето дрво со густа крошна кое потекнува од Блискиот Исток и делови од Африка. Неговото име доаѓа од старогрчкиот збор sykomoros, што во буквален превод значи „смоква-црница“, бидејќи листовите му наликуваат на црница, а плодовите на смоква.
Постојат два клучни контексти во кои најчесто се споменува ова растение:

1. Библиско и религиозно значење
Во христијанската традиција, сикоморејата е најпозната како дрвото на кое се искачил Закхеј во Ерихон. Според Евангелието по Лука, бидејќи Закхеј бил низок по раст, се качил на ова дрво за да може подобро да Го види Исус Христос кој поминувал низ толпата. Остатоци од ова специфично историско дрво сè уште се чуваат како знаменитост и место за поклонение во денешен Ерихон. Исто така, во Стариот завет, пророкот Амос споменува дека по професија бил одгледувач и „засекувач“ на плодовите на дивите смокви (сикомори).
2. Ботанички карактеристики
• Род и плодови: Припаѓа на родот фикуси (Ficus). Раѓа јадливи плодови кои растат во гроздови директно на стеблото и на подебелите гранки. Плодовите се помали и помалку слатки од класичната питома смоква.
• Издржливост: Ова дрво има исклучително силен и длабок коренов систем, а неговото дрво е многу цврсто и долговечно. Древните Египќани го користеле токму ова дрво за изработка на саркофази.
Забелешка: Во англискиот јазик, зборот „sycamore“ често се користи и за други видови дрвја кои немаат врска со библиската смоква, како што се платанот (чинар) или јаворот, поради сличната форма на листовите

Инаку, земјиштето на кое се наоѓа ова дрво од неодамна ѝ припаѓа на Руската Федерација која планира во Ерихон да изгради културен центар.


 

24.06.2018 лето Господово