Станувајќи од сон, секој христијанин нека застане пред светите икони и да ги прочита следните молитви. 1. Молитвата Господова („Оче наш") - трипати.Оче наш, Кој си на Небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на Небесата, така и на земјата. Лебот наш..
Паметните луѓе со својот памет не ги откриле многу тајни туку само со својата желба и труд чукале на вратата на тајната, а Бог им ја отворил. Луѓето го сакале познанието на тварите и законите и Бог тоа им го открил, според нивната желба и труд. Ако таквите луѓе со иста таква желба и труд го бараа спознанието на Бога, Бог би им се открил Себе, исто така како што им го открил радиумот и гравитацијата. Големите откривачи на големите тајни на создадената природа се