логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Ваше Блаженство, какви се Вашите мисли, желби и молитви за Рождество Христово?

Моите мисли не можат да бидат подалеку од желбата да се доближам до Таинството на Божественото Истоштение и Снисходење, од доброволното откажување од Божествениот блесок и истовременото облекување на кожниот земен хитон, што вроди со Боговоплотување на Синот и Словото Божјо од љубов кон луѓето.

Ако можевме да ја оцениме големината на овој празник надвор од световните димензии и духот на ова време, тогаш би го проживеале целиот свој живот со почит и благодарност пред големината на Божјото милосрдие кое не се манифестира само еднаш во светот, туку се случува во литургиското Денес, во животот на секој што верува, којшто го отвора своето срце за реалноста на живоносната вера и се откажува од заблудите и ограничувањата на рационализмот.

Тоа се моите молитвени пораки за Рождество Христово, да се избегне сѐ што е поврзано со претераното живеење и обезвреднување на празниците и да се доживее Таинството внатрешно и опитно, во Црквата, во средината и атмосферата од неа создадени. Само на таков начин вистински може да се доживее Рождеството Христово.

Секако, особено во оваа година, кога моето здравје беше подложено на тежок испит и Самиот Бог ме посети преку мојата болест, моите мисли се свртени кон сите оние наши ближни кои боледуваат и страдаат. Во изминатите години ги посетував во болниците и другите државни и црковни установи, исполнувајќи го на тој начин својот свештен долг, согласно Христовите заповеди. Но, оваа година јас ги посетував мислено и се молев за нив уште посилно. Сега ги чувствувам сите страдалници и болни поблиски отколку порано и ги молам да имаат вера, храброст и надеж. Бог нема да нѐ остави.

Нашиот народ сака да ја слушне лично од Вас информацијата за вашата здравствена состојба?

На сите им е познато дека се соочувам со сериозни здравствени проблеми. Од самиот почеток сакав и продолжувам да сакам нашиот народ да го знае целиот тек на случувањата поврзани со моето здравје, без заобиклување и без обиди виситната да се сокрие. Чувствувам и убеден сум дека ние, црковните луѓе посветени на Црквата, не си припаѓаме на себеси. Најнапред ние ѝ припаѓаме на Црквата и на нејзините членови и кога сме успешни и кога сме ставени под искушенија.

Јас се предадов себеси во Божји раце и на знаењето и опитот на лекарите во кои имам потполна доверба. Ја знам тежината на својата состојба, но не се предавам. Се надевам на Божјата љубов. Нека биде Божјата волја!

Како Ве промени тоа неочекувано искушение, како сега ја гледате Вашата поврзаност со Бога и луѓето? 

Болката може да подејствува на човекот на два начина: или да го ожесточи кон Бога и луѓето и да го одалечи и изопшти од нив или да го смекне, облагороди и да му даде да погледне со други очи на својот живот и на својата поврзаност со Создателот и ближните. Границите на таа двојност зависат од големината на верата. Оној, кој верува и има доверба во Бога и во Неговата волја, ги прима болката, болеста и секое искушение како Божја посета. Понекогаш човекот се двоуми и се прашува зошто се случува сето тоа, но на крајот на краиштата осознава дека сето она што Бог го допушта во нашиот живот – добро, лошо, дури и трагично – Он го допшута за наша полза и за наше восовршување. Ако го разбере тоа болниот ќе се труди да заедничари со луѓето и ќе сака да стане соучесник во нивната љубов, да ја почувствува утехата од комуникацијата со нив.

Во спротивен случај – ако верата отсуствува или е површна, ако отсуствува довербата во Божјата волја тогаш Бог ни изгледа како противник и непријател, а болеста го ожесточува човекот, го прави непристапен, затворен.

Слава Му на Бог, затоа што во овој тежок период од мојот живот ме укрепуваше и ја засилуваше мојата вера, и ми даде можност да го доживеам и да го направам свој начин на живот сето она за кое што ги учев и им благовестував на другите во изминатите години. Затоа, Му благодарам на Господ што не сум сам, бидејќи постојано со мене се моите духовни чеда, коишто сочувствуваат и страдаат со мене во мојата болест. Му благодарам на Бог и за тоа што полесно можам да простувам и да ја пружам раката со снисходење кон оние кои во минатото ме огорчиле и ми причиниле болка.

Со што се одликува Вашиот живот и Вашето управување со Црквата на Грција?

Со една особеност од која произлегуваат сите останати. Тоа е осознавањето на желбата на луѓето да бидат љубени, постојано да им служиме во нивните потреби – духовни или материјални. Осознавање на должноста на Свештениот Служител кон Божјиот народ. Ако тој народ преуспева, тоа значи дека нашето духовно и општествено дело е вистинско, благопријатно, плодоносно и потврдено од заедницата.

Овој факт ѝ наложува на Црквата и на нејзините луѓе да бидат предводници во арената на опшествениот живот, да се избрани работници во името на Исус Христос, достојни приматели на благочестието, на љубовта, на довербата на народот.

Тоа високо достоинство за мене било и ќе биде пред моите очи, и јас во негово име дејствувам, и ќе продолжам да дејствувам во улога на црковен човек, кој има највисоко место во црковната хиерерхија во нашата земја. Во името на тоа достоинство се и борбата, и гонењето, и жртвите, и огорчувањата, соблазните и проблемите.

За крај, има ли иднина елинизмот и Православието во Америка или можеби им се ближи крајот? 

Сѐ зависи од вас. Сето она што се предава на заборав, со време се губи. Нашите сонародници постојат и преуспеваат толку време, бидејќи дејствуваат по две основи, а тоа се елинизмот и Православната Црква, околу кои тие си го устројуваат животот и своите интереси. Ако ги почитувате и живеете тие врвни и живоносни богатства, коишто се црпат од Верата и Црквата и ако ги пренесувате на своите деца тогаш црковните општини, парохиите не само што ќе дејствуваат, туку ќе извршуваат и поголеми дела. А кога ќе го оставите живоносниот извор на Верата, кога ќе заборавите на Црквата, тогаш се асимилирате, ја прекинувате врската со своите корени и ги губите сите неопходни елементи, коишто досега биле ваша грчка или просто православна особеност и ќе се претворите во безличен остаток на некакво романтично минато, коешто е прекрасно, но мртво. Всушност, ако сето ова има важност за Грците коишто живеат далеку од родната земја, а посебно во Америка, уште повеќе ова важи за Грците коишто живеат во својата земја кои не се колебаат често да го бесчестат она што го наследиле од Отците.

Но, не подлегнувајте на искушенијата и на комфорот од глобализацијата. Борете се – вашата иднина е во ваши раце. 

 

Извор: Еcclesia.gr



 +Почина поглаварот на Грчката православа црква, архиепископот Христодулос


ΙΑΝΟΥΑΡΙΟΣ 2008


Ευχές στον Μακαριώτατο

Посети:{moshits}

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2079
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2095
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 540
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная