Се состоиш од душа и тело, и на душата и даваш духовна храна, а на телото телесна храна. Не дозволувајте душата да умре, туку хранете ја со словото Божјо, псалми, пеење и духовни песни, читање душеспасителни списи, пост, бдение, молитви, солзи, надеж и размислувања за идните благослови. Сето ова и слични работи се храна и живот за душата.
          Лутиот човек ја убива и си ја уништува душата, затоа што целиот свој живот го поминува во збунетост и далеку од смиреност.
Усните можеби бараат сè, но Бог го исполнува само она што е корисно.
Делото на љубов е да се поучуваме еден со друг за страв Божји.
Навистина блажен и трипати блажен е оној во кого има трпение.


Ако Бог бавно ги исполнува вашите барања, не треба да тагувате. Давателот е мудар. Тој гледа и на барањето и на времето, и ако види дека барањето е бескорисно во сегашно време, но ќе биде корисно подоцна, тој внимава на неговото исполнување до моментот. Иако е тажно за оној што прашува дека неговото барање не е исполнето во исто време; но Давателот во свое време ќе го утеши со корист.
Откако влеговме во Божјиот дом, да не нѐ одвлекува умот; напротив, нашиот внатрешен човек нека биде зафатен со созерцание и молитва. А кога се молиме, да речеме: „Оче наш, Кој си на небесата“, за да не ни се вознемируваат други мисли."


Неколку поуки од Свети Ефрем Сирин

Молитва за оние кои завидуваат,клеветата и навредуваат ( Свети Ефрем Сирин )


Помилуј, Господи, оние што ме мразат и ми завидуваат! Помилуј, Господи, оние што ме клеветат и ме навредуваат! Не прави им зло заради твојот недостоен слуга; но по Твојата неискажлива милост и по Твојата неизмерна добрина, ниту во овој живот, ниту во идниот век да трпат зло за мене, грешникот! Освети ги со Твојата милост и засени ги со Твојата благодат, Седобри, зашто Ти си благословен пред сите во вечни векови. Амин.


10.02- Св. Ефрем Сирин


        Роден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господ Исус. Му беше ученик на Св. Јаков Нисибиски (13 јануари).
        Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестајно му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни.
          Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“. Кога сакаа насила да го земат за епсикоп, почна да се прави луд и да јури низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мир.
           Му беше современик и пријател на Св. Василиј Велики. Св. Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа. Се упокои во длабока старост во 378 година

 

fbПравославни Духовни поуки од Светите Старци

 ZENI.Mironosici.Angel9

Св. Ефрем