логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 (Обновено)

Историја

Иконата „Сладок  бакнеж’’ (грчки Гликофилуса) се прослави во времето на грчкиот император- иконоборец Теофил (829-842). Еден од блиските на императорот, Симеон, го поддржа својот господар во омразата кон иконите.  Тогаш неговата сопруга Викторија, во тајност ги почитуваше иконите и имаше кај себе во внатрешните одаи икона на Богородица, на која и` се поклонуваше.  Сопругот со негодување гледаше на тоа и на крај ја побара  од  жената иконата за да ја изгори.  Жената верничка одлучи да се раздели од чуваната светиња, но не да ја предаде во рацете на мажот. Таа ја пушти во море. Низ непознат број на години, самата  таа икона се појави на морскиот брег пред Филотеевскиот атонски манастир. Игуменот и браќата со радост и со почести ја прифатија и ја внесоа во соборниот храм на манастирот. Местото на појавување на иконата е наречено „Агиасмоју’’...(1) . Во Светлиот понеделник секоја година тука од  манастирот се одвива крстна поворка...(2).  

Не може да не се спомене овде за еден поранешен поучен чудесен настан во 1830 година. Во тоа време во Филотеевскиот манастир дојде од Адријанопол еден поклоник. Овде во манастирот, тој случајно разговараше со еклесијархот... (3). Последниов, во искрен разговор му кажа на поклоникот за разните чуда на Богородица и соопшти исто така за тоа, на каков начин  се појави Нејзината икона „Сладок бакнеж’’ на брегот на морето пред  Атонскиот Филотеевски манастир.  Поклоникот со љубопитство го распрашуваше еклесијархот за сé, внимателно ги слушаше неговите раскажувања и очигледно сé блиску земаше при срце.  Еклесијархот му излезе во пресрет на неговите желби. Но, какво беше неговото изненадување кога соговорникот на крајот на краиштата го изрази својот сомнеж за вистинитоста на сето раскажано, а за приказната на монахот за чудесното појавување на иконата на Богородица, Гликофилуса, мислеше дека е едноставна басна, во која може да поверува само дете. Еклесијархот се замисли. Тој не очекуваше ништо слично. Несомнено е дека во душата на поклоникот беа посеани зли семиња и тие ги труеја неговите христијански чувства. Можеби тој веќе беше блиску кон целосен пад.  Впрочем, од негирањето на благословите, покажани од  Богородица кон човечкиот род и од сомнеж на чудесното јавување на Нејзината света икона, има само еден чекор кон сомнеж и во чудата воопшто, а особено и во чудесата на Спасителот на човечкиот род...

Гледајќи го неизбежниот пад на својот  соговорник, еклесијархот се обиде да го отфрли неговиот дух на сомнеж, но поклоникот упорно ги негираше сите негови зборови и аргументи. Толку длабоко падна тој. И не аргументите на монахот го убедија поклоникот: тој беше вратен кај бројните искрени следбеници на Христа, кај Самата Царица Небесна. Во тој ден над самиот него се изврши чудо и од тоа тој можеше да се убеди во чудесната сила на Пречиста Дева. Одејќи нагоре кон катот дома, тој се изгуби и почна да паѓа надоле. Тука тој воскликна: „Пресвета Богородице, помагај!’’и се спушти на земјата без никаква повреда...

Иконата „Сладок бакнеж’’ е прославена и со други чудеса. Таа стои во соборниот  храм  на манастирот и ја отсликува  Богородица бакнувајќи  Го  Предвечниот  Младенец. Иконата е висока 1 аршин...(4) 12 вершки...(5), а во ширина 1 аршин 3,5 вершки. Постои црковно предание дека таа е една од 70 -тите икони напишани  од  евангелистот  Лука.

Во скитот на рускиот светогорски манастир Пантелејмон постои список со чудотворни икони „Гликофилуса’’.

Пред иконата на Пресвета Богородица „Сладок бакнеж’’ или „Гликофилуса’’ се молат за зајакнување на Православната вера, за заштита на православните икони во маки и неволји, при телесни и душевни заболувања.

Молитви

Тропар на Пресвета Богородица пред Нејзината иконата „Сладок бакнеж’’, глас 7

Победувајќи ги ересите, о чудесна иконо Твоја, Дево, промисли Твојот престој по морски пат како дар достоен да го донесеш. Веднаш ние  Слатко Која бакнува со право  нарекувајќи, Те ублажуваме.

Кондак на Пресвета Богородица  пред  Нејзината икона „Сладок бакнеж’’, глас 8

Кои во храмот и манастирот Твој Ти приоѓаат и богоугодно  спасуваш од гонителите, и на почитувачите на Твојата света икона, дарувај  ја Дево Твојата милост, од секакви таги избави нé, Тебе кои Ти воспеваме:  радувај се, Единствена Богоневесто.

Величание:

Те величаме, Пресвета Дево, Богоизбрана Отроковице...(6), и ја почитуваме Твојата света икона, кога извира исцеленија за сите, со вера ти приоѓаме.

Молитва кон Пресвета Богородица пред Нејзиата икона „Благ бакнеж’’ или „Гликофилуса’’

Прими ги, Себлагомоќна Пречиста Госпоѓо, Владичице Богородице, сите чесни дарови, Тебе единствена прикладна, од нас недостојните слуги Твои, од сите родови избрана, од сите твари небесни и земни повисока се појавуваш. Поради Тебе Господ е со нас, и со Тебе Синот Божји Го познавме и се удостоивме на Светото Тело Негово и Пречистата Крв Негова. Затоа си блажена во сите родови, Богоблажена. Посветла од Херувимите и почесна од Серафимите. И сега Сепеана Пречиста Богородице, не престанувај да се молиш за нас, недостојните слуги Твои, и избави нé од секаков лукав совет и од секаква зла состојба и зачувај нé неповредени од секаков јадовит ѓаволски прилог. Но, дури до крај по молитвите Твои зачувај нé неосудени, зашто со Твоето застапништво и помош се спасуваме, слава, похвала, благодарност и поклонување за сé во Троица Еден Бог и сé на Создателот му припишуваме, сега и секогаш и во сите векови. Амин.


 


Извор:  http://www.diveevo.ru/2/0/1/5013/


 
(1)....Агиасмоју: осветена вода;
(2)....Крстна поворка: свечана поворка со голем крст;
(3)....Еклесијарх: црквенослужител, управител, грижејќи се за црквта и за редот на боослужбите;
(4)....Аршин: стара руска мерка за должина еднаква на 0,71 метар;
(5)....Вершок : стара руска мерка за должина еднаква на 4,445 см.;
(6)....Отроковица: Девојка на  возраст помеѓу дете и девојче.

 

17.04.2017

 

 

Подготви:

Снежана Корнет

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…
Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 409
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 358
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 450
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…