Премин Портал

Кожувчанка

TVIT173

КАКО ДА ГО ПОПРАВИМЕ ПРЕДАВСТВОТО?

             Денешната парабола за блудниот син ни го открива значењето на односот меѓу Бога и човекот.
Бог, како Отец Небесен, е Изворот на безброј добра. Човекот, како Божјо дете, може во одреден момент да стане соучесник на овие добра и да прими неизмерно повеќе - Царството Небесно. Но, како и во случајот со Адам, човекот, наместо да работи на себеси, насочува стремежи кон Бога, настојувајќи да ги стекне овие добра без духовен напор.
          Овие неосновани и дрски стремежи на човекот се должат на отфрлањето на Бога, на отуѓувањето од Него. По својата природа тоа е предавство - таканаречениот блудство во Светото писмо. Во оваа смисла, секој грев не е само злосторство против Божјите заповеди, туку и уништување на односот на доверба меѓу Бога и човекот. Затоа што блудот е најгнасната форма на предавство - ја уништува довербата и, во духовна смисла, верата. Последица на оваа грешна постапка и состојба е недостатокот на љубов, што пак доведува до стврднување на душата и до неспособност на човекот да се издигне над своите страсти.
               Ова е особено тажна, но не и безнадежна состојба, бидејќи денес Евангелието ни кажува дека Бог не е само Извор на добрата, туку и Ризница на милосрдието. Неговата љубов кон нас е толку голема што е подготвен да ни прости сè, дури и предавство.

TVIT174
             Освен тоа, простувањето што Бог им го дава на Своите цлудни чеда е условено само со покајание. Со други зборови, не треба да станеме достојни за прошка, туку да молиме за тоа. Во исто време, барањето прошка не е поврзано со унижение, бидејќи Бог не прифаќа не во делот на наемниците, туку како синови и ќерки. Тој ја нагласува Неговата љубов кон нас и ни покажува дека искреното покајание е доволно за да се промени нашата состојба.
           Во односот Божји кон човекот не се открива само милоста на нашиот Отец Небесен, туку и Неговата величественост, затоа што кога Бог ни дава прошка, Тој ни го враќа достоинството на минатото, без да си спомнува за нашето предавство.
          Денес да си го поставиме прашањето : колку далеку сме оддалечиле од Бога и не е ли е време да се вратиме? Затоа што Неговите татковски прегратки се секогаш отворени за нас, а за Божјата љубов сведочи Неговата смрт на Крстот. А одговорот на ова насушно прашање и на оваа безгранична љубов треба да бидат зборовите од денешната парабола – „Оче, згрешив  против небото и пред тебе!“.


Автор: Архиепископ Баришевски Виктор (Коцаба)

Извор: blogs.korrespondent.net / bogonosci.bg


Подготвил  С. Стефковски

11.02.2023  лето Господово

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј  16 ноември /3 ноември /2026

Тропар на светиот Христов Победоносец Георгиј 16 ноември /3 ноември /2026

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада...

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная