TviTER1017.monahinji

„Ако Бог знае што ќе се случи, која е смислата на молитвата?“

Знае — но не го предизвикува.
Предвидува — но не го определува.

А најважното: молитвата не постои за јас да Го променам Бога.
Постои за Тој да ме промени мене.

Се молам за да се соединaм со Бога, а не за да Му кажам што треба да направи.
Молитвата не е магично копче што го притискаме за да го избегнеме страдањето.

Молитвата е одноc.
Таа е сила.
Таа е прегратка.
Таа е начин да издржиме, да се просветлиме и многупати, да — да се променат работите.
Постојат чуда. Постојат пресврти. Постојат утешенија што не се објаснуваат.

И уште нешто, многу важно:
Молитвата го чува срцето живо.
Без молитва болката станува пекол.
Со молитвата болката станува пат — и често, избавување.

Тоа е она што те соединува со Бога во сè што и да дојде во твојот живот.

И последно:
Не живеј однапред во она што се плашиш дека „може“ да се случи.
Живеј го денес. Живеј го сега.
Божјата благодат се дава во мигот кога ти е потребна — не однапред.

Бог не ветува дека нема да боли.
Ветува дека нема да бидеме сами.

о. Ливиос