Дај Му ја на Бога својата намера и ќе стекнеш сила – Лимасолски Mитрополит Атанасиј
Со други зборови, Божјиот суд е суд на љубовта. Љубовта не е ништо апстрактно и неопределено. Ние сме во светот и сигурно во пракса ги немаме силите – како да го кажам? Возможности? Згодни прилики? Време? – да правиме аскетски подвизи и дела, какви што чинеле светителите, какви што монасите навистина имаат можност да вршат итн. Ние секој ден сме во светот. Како може да се доближиме кон Бога? Преку љубовта.



Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата, кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него – омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи нѐ да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.
Знам, Господи, дека не секогаш оддавав признание и благодарност за здравјето, кое Ти ми го даруваше.
Интересно е да се напомене дека манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се посебно горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски.
Откако прими видение и дејание, свето украсувајќи ги чувствата, твојот живот си го насочил по патот на божествените заповеди, бидејќи на монасите им се покажа како светол светилник, упатувајќи нѐ и просветлувајќи нѐ кон богопознание. Затоа со љубов го величаме твојот спомен, преподобен отче наш Јоакиме, и поради тоа ти викамеː Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен.
Авва Јoван Кoлoв ги прашал мoнаситe: „Кoј гo прoдадe Јoсифа?“ Eдeн oд нив oдгoвoрил: „Нeгoвитe браќа“. Старeцoт рeкoл: „Нe браќата, туку нeгoвoтo смирeниe. Јoсиф мoжeл да oбјави дeка тoј им e брат и да сe спрoтивстави на прoдажбата, нo тoј тoа гo прeмoлчил. Значи, смирeниeтo гo прoдалo. Нo, истoтo тoа смирeниe пoдoцна гo направилo гoспoдар на Eгипeт“.
✜✣✜
А ти, гледај никој да не ги знае твоите дела, освен твојот настојател или твојот духовен раководител, молејќи се усрдно и за нас недостојните, кои говориме за доброто, но не го правиме, да се удостоиме да го правиме она што Му е угодно на Бога, а потоа да им говориме на другите и да ги советуваме. Зашто, според зборовите на Господа, „оној што ќе исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“ (Матеј 5, 19),
Сепак, жената си правела по нејзино. Почнала да купува книги за баења, читала хороскопи и предвидувања низ дневниот печат. И оттогаш почнале да и се случуваат неубави работи. Гледала кој ден според хороскопот е добар за купување накит, па купила златни обетки кај некој циган. Се покажало дека златото е лажно.
Помина многу време откако Пркос беше стигнал во Ти-Градот. Покрај гостопримството кое го доживеа во куќата на Ведрана, гостуваше и во други семејства. На тој начин доби прилика одблиску да го запознае животот во Ти-Градот и да го споредува со животот во Јас-Градот.
Можеби најпогрешно сфатена тема од страна на христијаните, како и за оние што се надвор од Црквата, е послушанието. А сепак, послушанието е основа не само на нашиот однос со Христа, туку и со полнотата на црковниот живот. Послушание кон Светото Предание, кон нашиот епископ и кон нашата совест, сето тоа служи за да нѐ соедини со Бога и со нашите браќа и сестри во Христа.
Австрискиот цар Јосиф втори ги користел осудените за комунални работи. Едно утро осудениците ги чистеле улиците на Виена . Државниот советник, баронот Кресел, доверлива личност на царот, од прозорецот на својот дом видел како едно момче со добар изглед, дошло до еден осуденик и му ја бакнало раката.
Според свети Симеон Нов Богослов, „за оние што станале деца на светлината и синови на денот што ќе дојде, за оние што секогаш одат во светлината, денот Господов никогаш нема да дојде, зашто тие секогаш се со Бог и во Бог. Значи, денот Господов нема да им се јави на оние што се веќе озарени од Божјата светлина, а ненадејно ќе им се открие на оние што живеат во мракот на страстите, на оние што живеат според овој век...























