логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 Тропар на светиот Христов
апостол Јаков Алфеев
9 октомври / 22 октомври


Славата Божја која небесата ја вознесуваат,
ја возвестуваше ти о апостоле и мачениче Христов Јакове,
проповедувајќи ја науката за бесмртноста и слободата,
ја посведочи љубовта која како благодат се излива на родот човечки,
а на тие кои ќе поверуваат им носи спасение.
Моли се свети апостоле да го запазиме печатот на крштението неповреден.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
праведен слуга Божји
Лот
9 октомври / 22 октомври

Верата твоја во Господа,
ти го отвори патот кон Животот,
и ти не се сврте назад, туку стигна
во Божјите дворови не прашувајќи го телото,
туку волјата на Оној Кој Е и сѐ исполнува.
Затоа праведен Лоте моли се
секирата да се отстрани од синовите на непокорноста.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар на светиот
преподобен Андроник
и неговата сопруга Атанасија
9 октомври / 22 октомври

О возвишено молчание, кое до Христа
ве возведе вас брачните Андроник и Атанасија,
во ангелски лик кој војува против страстите
и непријателот на човековото спасение.
За нас молете се достојнославни подвижници,
благодатта со која Христос ве обви да ги поведе
нашите стапки по патот на спасението.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Евентиј и Максим
9 октомври / 22 октомври

Рахила плачеше над своите деца,
а вие храбри воини кон Господа раце подигнувавте
и очи исушивте над родот човечки,
предаден на безаконието заради гревовите негови.
Ја услиша Он молитвата ваша и со венци маченички
о, Евентие и Максиме, ве прими во небесната градина,
за сега и оттаму да се молите за сите,
кои го призиваат чесното име ваше.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот
отец Петар
9 октомври / 22 октомври

Патот на спасението стана првенец,
на земниот живот твој, селедејќи Го Христа
Кој духовната сила во тебе ја обнови,
О, храбар војнику Господов, Петре.
Минливата порфира ја отфрли и
со благодат се облече душата твоја.
Моли се за нас пред престолот на Седржителот,
простување на прегрешенијата да добиеме,
по твоите свети молитви.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
мајка преподобна
Поплија исповедничка
9 октомври / 22 октомври

Ревноста твоја за вистината,
го подигна кон небесата срцето  
од кое пред лицата на паднатите,
изли на Бога славословие и зборови за вразумување
на заблудените, о Поплио света подвижничке.
Затоа сега од Небесната татковина,
 не престанувај благодат од Господа да измолуваш,
за наше вразумување и спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
патријарх Божји
Авраам
9 октомври / 22 октомври

Благословен од Господа, Кој те умножи
и преумножи, и завет со тебе до века направи,
Аврааме слуго на Севишниот чие гостопримство
кон Троичниот, пат наш стана кон Бога и ближниот,
и чија вера без плод не остана: Отецот,
Синот Свој Единороден не Го поштеди
и Духот Кој во животот земен те водеше,
Црквата Негова ја устрои.
Спомни нѐ сега пред престолот на Вечноста,
нас кои припаѓаме пред Пресвета Троица.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
праведен Стефан слеп
9 октомври / 22 октомври

Православното твое живеење
мир на душата твоја донесе,
и благодатта Господова очи ти отвори,
дарови благодатни Бога да Го
спознаеш во Неговата милост.
Затоа Стефане Христов угодниче,
моли се за нас кои чесниот спомен твој го чествуваме
и Господа преку тебе Го прославуваме.
 
*деспот Српски

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче


 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 

 

  Од Верскиот календар:

 

Светиот апостол Јаков   

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос. Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците. Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Мај 16, 2021

Овој ден - на свети Атанасиј Велики | Манастир Св. Јован Претеча С. Слепче

Ноќ повторно наидуваво утро рано на мои очи,ученик наместо да се надѕидувадозволил нешто да го кочи. Прослава чесна Небесна,за учител се одвиваликува Небеса, торжествува,Црквата воскликнува.
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2254
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1529
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1923
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот...

БEСEДА  за нeизмeрната Христoва љубoв

БEСEДА за нeизмeрната Христoва љубoв

Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

« »