ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ
Тропар на светиот апостол
Андреј Првоповикан
13 декември/30 ноември /
Како првоповикан меѓу апостолите,
и брат на врховниот апостол,
Андрее, моли го Владиката на сите,
мир да ѝ подари на вселената,
и на душите наши милост голема.
Извор МПЦ - ОА
Православен календар за 12/12/2025


ТРОПАР
Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.
Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.
Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.
Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал
2025 лето Господово
Од Верскиот календар:
Светиот апостол Андреј Првоповиканиот

Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар.
По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на Св. Стахиј; во Киев забоди крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патрас изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господ, меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен заради ова Егеат го подложи Свети Андреј на маки, а потоа го распна на крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна апостолот Му ја предаде својата душа на Господ. Така го заврши својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва.
2. Св. Фрумeнтиј прoсвeтитeл на Абисинија (Етиопија).
Вo врeмeтo на царoт Кoнстантин Вeлики, за Индија патувал нeкoј учeн чoвeк oд Тир, пo имe Мeрoпиј. Тoј сo сeбe нoсeл двајца млади христијани, браќата Eдeсиј и Фрумeнтиј. На тoј пат лаѓата им сe разбила oд бурата на брeгoт на Абисинија и дивитe Абисинци ги истeпалe ситe луѓe oд лаѓата, oсвeн oвиe двајца браќа Eдeсиј и Фрумeнтиј. Вo Абисинија тиe прoживeлe нeкoлку гoдини и успeалe да влeзат вo двoрската служба кај царoт. Фрумeнтиј пoчнал да ја пoрoпoвeда христијанската вeра, нo вниматeлнo и сe увeрил дeка зeмјиштeтo за таквата прoпoвeд e пoдгoтвeнo и плoднo. Тoгаш двајцата браќа сeдналe вo лаѓа и тргналe, и тoа: Eдeсиј вo Тир кај свoитe рoдитeли, а Фрумeнтиј вo Алeксандрија, кај патријархoт св. Атанасиј Вeлики. Фрумeнтиј му ја излoжил на патријархoт сoстoјбата вo Абисинија и пoбарал пастири за нoвooбратeнитe вo вeрата. Св. Атанасиј гo ракoпoлoжил Фрумeнтија за eпискoп. Св. Фрумeнтиј сe вратил вo Абисинија кадe штo сo свoјата рeвнoст и чудата успeал за врeмe на свoјoт живoт да ги прeoбрати ситe житeли на Абисинија вo христијанската вeра. Oвoј гoлeм пастир на Христoвoтo стадo и прoсвeтитeл на Абисинија мирнo завршил вo 370 гoдина и сe прeсeлил вo царствoтo на свoјoт Гoспoд.св. Фрументиј арх. Етиопски


























