логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 02.jpg

„Византија после Византија“
03.jpg

16/29 мај 2013 лето Господово

04.jpg

„Утеши ги во грижите Твоите слуги, Богородице, кои разорувањето на Твојот град го оплакуваат, зашто неговите ѕидини се сокрушија и заштитниците негови паднаа од меч, но спаси ги оние кои при Тебе прибегнуваат како кон неразрушлив бедем и претстателство“
 (од службата за падот на Константинопол).

05.jpg

Спомнувајќи си денес за трагичниот пад на Константинопол, Новиот Рим, Царицата на градовите и мајка на цивилизацијата, градот на возвишени цркви и прекрасни дворци, со високи ѕидини и моќни кули, кој поради гревовите на христијанскиот род беше предаден во рацете на иноверните, не можеме а да не воскликнеме тажно, како некогаш Никита Хонијат: „О, граду, граду, око на сите градови, мелодија сесветска, глетка небесна, доилка на цркви, првенец на верата, водич на Православието, возљубена тема за разговoри, сместувалиште на секое добро! И ти ја испи чашата на гневот од раката Господова, и ти стана жртва на огнот...“

Зашто Ромејското царство - Византија беше чудесен спој на многу култури, просветление на Западот, земја на сите православни, без разлика на нивната народност, и падот на оваа славна лулка на Православието претставува болка за сите христијански народи, за сите оние кои од моќната Византиска империја ги примиле најсуштествените духовни вредности и придобивки и станале наследници на нејзиното огромно духовно, културно и уметничко богатство и традиција. Сите кои, чувствувајќи ги своите византиски корени и ден денес ја продолжуваат таа силна духовна традиција и ја збогатуваат со своите од љубов вдахновени дела, во кои сè уште живее византискиот православен дух.

Можеби затоа, неслучајно, Божјата промисла го одбра токму овој ден за да ги донесе во нашиот манастир почитуваните професори и постдипломци од Институтот за македонска литература, некои од нив и предавачи по византиска книжевност, кои ја искористија оваа прекрасна можност во нашиот древен манастир да го промовираат своето ново фототипно електронско издание за Четвороевангелието на поп Јован Кратовски од 1562 година, дело на професорот Илија Велев. Промоцијата се изведе во прекрасниот амбиент на Благовештенскиот параклис, кој успешно го долови тој византиски дух, карактеристичен и за периодот во кој е создаден ракописот на поп Јован Кратовски, како претставник на познатата Кратовска препишувачка школа од XV и XVI век. Најпрвин присутните ја споделија со монасите традиционалната трисагија што на овој ден се прави за помен на сите загинати при одбраната на Константинопол, како и на сите оние што го положиле животот за одбрана на благочестивата вера, православна татковина и христијанските вредности. Потоа почитуваната професорка Маја Јакимовска - Тошиќ им се обрати на сите со едно свое излагање за значењето на ова дело за развојот на медиевистичките книжевни студии во Македонија, и понатамошната истражувачка дејност, како на нашите филолози и историчари на книжевноста, така и надвор од нашата земја. Давајќи осврт на извонредната калиграфска вештина и способност за илустрирање на поп Јован, кој овој ракопис го збогатил со прекрасни минијатури, орнаменти, иницијали, проф. Јакимовска - Тошиќ уште еднаш напомна за несомненото продолжување на византиската духовно-културна и црковна традиција на нашите простори. Таа овој феномен го нарече „Византија после Византија“, со што посведочи дека и покрај пропаста на Ромејското царство, Византија и понатаму продолжила да живее во битието на православните народи и го нашла својот одраз во нивното црковно и народно творештво.

Неискажливо беше задоволството и на самиот автор, проф. д-р Илија Велев, и на сите присутни поради честа да ја направат оваа промоција во нашиот манастир, за што тие топло му се заблагодарија на нашиот старец, игуменот Партениј, кој најсрдечно и гостољубиво ги пречека и ја благослови промоцијата.

 07.jpg

 08.jpg

 09.jpg

 Извор: Бигорски манастир

Повеќе


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная