логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


    Архангелот Гавриил беше испратен од небото, од Тебе Богородице,
    Кон смирениот послушник на гората Атонска,
    Кој во пустинската ќелија пофални песни ти воспеваше пред светата икона твоја,
    За да го научи да ја пее песната небесна со која Те славословат ангелите во горниот Сион

Нема поголема радост за Црквата од честа постојано да ја слави и воспева својата небесна Мајка. За неа, низ вековите, богопросветлените отци ги составиле најумилните стихови, ги испеале најубавите химни… Но, о какво прекрасно славословие се раѓа, кога земните и небесните ќе се здружат во пофалбата на Онаа, Која во најголема слава царува на небото, а сепак, со најнежна мајчинска љубов постојано пребива на земјата. Таква земно-небесна пофалба е химната наречена „Достојно ест“, која на секоја Литургија молитвено се издигнува кон небесниот престол на Царицата и во која се слеале љубовта ангелска и човечка. Некогаш таа љубов го испратила Архангелот Гавриил при смирениот монашки род, за да нѐ научи како достојно да ѝ пееме на Онаа Која навистина е секогаш блажена и пренепорочна и Мајка на нашиот Бог. И сега за нашите срца нема поубав начин да ја изразиме својата бескрајна љубов и верност од овие умилни зборови, кои така чудесно се надоврзале на вдахновените стихови од големиот химнограф на Светата Црква, Светиот Козма Мајумски.



Споменот за ова прекрасно чудо, преточен во сеноќното богослужение во чест на иконата „Достојно ест“, воспевајќи ја милоста на Мајката Божја што ни се излеа преку овој нејзин чудотворен образ, ги повика верните од сите страни на молитвен собор во Бигорската Обител. Тука, собраните присутни со очите на срцето ја созерцаваа неискажливата слава на Владетелката, почесна од херувимите и од серафимите пославна, која блескаше од нејзиниот цветно накитен и жив лик, што умилно, мајчински нè гледаше од чудотворната бигорска икона. Така некогаш заблескала силно и во скромната монашка ќелија, кога пред неа за првпат се испеала пофалбата што ја донесе од небото Архангелот Гавриил.

Таа бигорска небоземна похвала за Богопрославената, започна најнапред со вдахновеното слово на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, изговорено на почетокот од сеноќното и многучасовно бдение:

„Добра ви вечер на сите, мили мои, и добро ни дојдовте!

Од сè срце ви посакувам Пресвета Богородица да ги исполни вечерва вашите срца со благодата што чудесно се точи од нејзината света икона „Достојно ест“!



Во Благовештенскиот Акатист, црковниот поет во еден стих ја опишува Дева Марија како „мирис на Христовото благоухание“. И навистина, Таа е чудесно миро Христово, коешто ја замириса сета вселена со благоуханието на Божествената љубов и убавина. Преку Неа, впрочем, дојде обилната Божјата благодат во овој огревовен свет, а со тоа на човекот му се даде и можноста да биде обожен. Пречистата стана „врата небесна која  дверите на Рајот ни ги отвори“. Ќе ви кажам еден пример за нејзината благодатна моќ. Минатата сабота, вечерта, кога ги исповедав верните во гостинската одаја, пратив еден брат да ми ја донесе иконата на Богородица од мојата ќелија, за пред таа икона луѓето да се исповедаат и да им читам разрешителна молитва. Подоцна, братот којшто ја носеше иконата ми го исповеда следново:

– Отец, таа вечер се чувствував возмутено, имав некој внатрешен немир, несреденост на мислите… Но кога ја зедов иконата, погледнав во ликот на Богородица и, да видите, одеднаш настана една чудесна тишина во моето срце, помислите ми се смирија, како да влегов во некоја друга димензија, во леснотија, во спокојство, во радост…



Таква е Мајката наша: нѐ посетува преку своите икони со благодат, ги исполнува со тишина и мир нашите срца. Просто, нѐ воведува во Царството Божјо. Чудесен е нејзиниот мајчински лик. После Христа, Таа е најголемата личност во историјата на човештвото. Да не беше Таа со својата слободна волја потполно предадена на Бога, да не благоухаше со својот свет и чист живот, не ќе беше возможно да бидеме посeтени одозгора; Бог не ќе можеше да стане човек. Токму преку Неа, преку оваа најсвета Жена и Дева, слезе Самиот Божји Син на Земјата. Таа беше вратата низ којашто влезе Божеството и ги донесе со Себе Божествените енергии, преку кои луѓето се спасуваат и обожуваат. Од Неа Божјото Слово зеде човечка природа и телесно влезе во историјата човечка. Смирената Дева Марија се покажа како чудесен сад на Божјата благодат. А како Таа стана садот од којшто се излеа Христовото благоухание во светот? Најнапред со својот чист живот, со пренепорочноста на нејзината пресвета душа. Таа заблеска како Божествен крин среде сета нечистота на овој свет и не дозволи со ништо да биде извалкана нејзината непорочност. Затоа, доколку и ние сакаме да станеме причесници и спроводници на спасителната и обожувачка, нетварна Божја благодат, потребно е да се подвизуваме во чистота и правда. Меѓутоа, освен со чистота, неопходно е да се украсуваме и со добродетели. Зашто не е доволно човек само да се чува од гревот. Тоа би било пасивен пристап. Не, туку задолжително треба да се негуваат и добродетелите, особено највозвишената меѓу нив – љубовта. Замислете само колку голема, просто непоимлива требала да биде љубовта на Пресвета Богородица кон Бога, за Таа да биде избрана да стане Мајка на Самиот Бог! И како таа љубов неискажлива ја натерала да заборави на сè друго, да се издигне над овој прелестен свет, да не дозволи да ја оскверни ама баш ништо, дури ни една најмала помисла, та во толкава мера да Му се предаде на Христа, што да стане избран сад и сместилиште на Несместливиот! И ете, нејзината сепожртвувана  љубов кон Бога ја направи, според зборовите на Св. Григориј Палама, „оправдание на оние пред Неа и застапница на тие по Неа“.

Следствено, мили мои, да ја побараме нејзината мајчинска помош за да станеме и ние вистински Христијани, полни со љубов, Христијани коишто, пред сè, ќе ги негуваат добродетелите, а најнапред љубовта. Зашто не може да се нарече Христијанин оној што не се труди во љубовта; оној што постојано зборува само за правила и канони и раководејќи се секогаш според нив, ги осудува другите луѓе, а никогаш себеси. Она што Бог го бара од нас е – да љубиме. Одете и научете се што значи: „милост сакам, а не жртва“. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание (Матеј 9,13). Гледате, Бог секогаш говори преку љубовта. Таков е Неговиот јазик – милост. Он е Татко на сите, како што Богородица е Мајка на целото човештво. А кој здраворазумен родител сака да ги открива слабостите на своето дете? Мајката, таткото, секако ги знаат слабостите на чедото, ги гледаат, се жалостат кога некој се поигрува со него, но истовремено наоѓаат начини да ги скријат тие слабости од очите на другите и со љубов и добрина да го поправат своето дете. Е сега кажете ми, нема ли Бог да ни се лути, доколку наместо да љубиме и покажеме милост, го осудуваме нашиот брат или сестра? Бидејќи, грешниот, тој наш ближен, нека е и од друга вера, од друга нација, сепак е дете на Господа и Он го сака неговото спасение. Бог сака сите луѓе да се спасат, преку спознание на вистината.

Мислам дека нам, Христијаните, во ова време ни недостасува токму тоа најважното – љубовта. Тој недостаток се чувствува дури и кај дел од воцрковените верници, коишто редовно одат в црква, постат, се трудат да исполнуваат одредени правила, но некако љубовта останува далеку од нив. Ова го забележувам кај многумина, бидејќи знаете дека исповедам голем број луѓе, а доаѓаат и такви коишто не ми се духовни чеда. Луѓето некако повеќе се трудат околу правилата, околу каноните, за буквата, одошто за суштината. А суштината се знае која е: да Го љубиме Бог и да го љубиме ближниот. „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум“;  тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: „возљуби го својот ближен како себеси!“ На тие две заповеди се држат целиот Закон и Пророците (Матеј 22,37,40). Богородица, нашата Мајка, совршено ги исполнила овие заповеди. Љубовта кон Бога бил нејзината единствена грижа, а со тоа и љубовта кон ближните. Никого не осудила, никого не навредила, се украсувала само со добродетелите. Таквиот живот ја направило достојно сместувалиште за Христовото благоухание. Дева Марија станала Мајка Божја.

Целта, пак, на воплотувањето на нашиот Спасител Христос Бог од Пречистата Богородица е да нѐ направи сите подобни на Него, синови Божји, богови по благодат, живеалишта на Светиот Дух. Ако во времето на Стариот Завет, Светиот Дух им се давал само на одредени личности, на праведниците и пророците, денес на секој Христијанин му е дадена можноста да Го има Светиот Дух во своето срце, во својата душа. Да биде допрен од Светиот Дух, да биде обожуван од Самиот Христос, примајќи ги Неговите Тело и Крв, преку Светата Причест. Затоа, мили мои, да се трудиме да ја негуваме таа најголема добродетел – љубовта, предавајќи ги своите срца на Бога. Така ќе станеме вистински Христијани и нема да ја жалостиме нашата Мајка небесна, Која сака да бидеме деца на љубовта, такви коишто нема да осудуваат, туку ќе плачат за своите гревови, па кога срцата ќе им омекнат, ќе плачат и за гревовите на целото човештво. И во овој свет, исполнет со смрдеа од страшниот човечки грев, ќе го шират Христовото благоухано миро, кое го донесе Пречистата. Гледате дека Бог не се згнаси од човечката смрдеа, не го одврати лицето Свое поради нашите гревови, туку како добар Татко, пристапува преку Богородица кон сите нас, сакајќи да нѐ подигне. Значи, смирената и кротка Девојка од Назарет стана Посредница преку која им беа јавени на луѓето даровите од Бога. Кога отидов на Света Гора и согласно благословот на Старецот се трудев во Исусовата молитва, еден од поискусните монаси ме праша:

– Како почнуваш со молитвеното правило?

– Најнапред со Цару небесен, Трисвето, Отче наш, па потоа почнувам со Исусова молитва.

– Не – ми рече тој – овде почнуваме првин со повеќекратно повторување на Богородице Дево, радувај се…, бидејќи Таа е вратата за да стигнеме до Христа.

И така, бев поучен најнапред многу пати да ја кажувам Богородице Дево, па потоа да почнам со Исусовата молитва. Оти Богородица е преминот кој нѐ води до Христа, Таа ни е Мајка и на мајчински начин ќе не поведе кон обожението.

Да се помолиме вечерва за нашите ближни, но и за целиот свет, за Господ, преку молитвите на Пресвета Богородица, да ни ја дарува љубовта која ни е многу потребна!

Убаво бдение на сите!“

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе

Извор: Бигорски манастир

 

 Друго:

sv_Nikola_025.jpg

1.Празнување на чудотворната икона Достојно ест.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная