логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка






Проф. М-р Петко Златески, продекан на Богословскиот факултет „Св. Климент  Охридски“ во Скопје  и генерален секретар на Библиско здружение на Р.Македонија



За Македонската  Библијата



Во 1990 година за првпат беше отпечатена, односно издадена Библијата на македонски јазик. Тоа беше голем настан
за Македонската Православна Црква и општо за македонскиот народ. Совршен превод не постои. Италијаните велат: “Tradutore, traditore“, значи оној што преведува може и да направа грешка, но секогаш од добар, може да се направи и подобар превод.


В
о октомври 1995 година се одржа еден семинар во Струга, на кој беа доставени многу забелешки за постоечкиот превод на македонската Библија и затоа тогаш, на тој семинар, се разговараше за одржување на уште еден семинар, и во пролетта 1996 година, на Семинарот во Скопје се одлучи да се направи ревизија на постоечкиот текст на македонската Библија. Ревизијата траеше околу три години. Но, во ревизијата на Новиот Завет се направи пропуст, бидејќи како база-текст беше земен текстот Nesle Alan кој за православната Црква е прифатлив. Во 1998 година се заврши ревизијата но, кога се констатира  дека за ревидирање на евангелијата е земен неприфатлив база-текст, тогаш повторно се пријде кон ревидирање на евангелијата и за база текст беше користен textus receptus. Тоа ревидирање траеше многу долго, бидејќи буквално се одеше од збор до збор, за да се најде каде се грешките и да се направи колку е можна подобра ревизија.       Освен што се вршеше ревизија на постоечкиот текст, се направи секоја книга од Стариот и од Новиот завет да имаат и свој Вовед, со цел  читателот да добие појасна претстава за она што е содржано во секоја од книгите. Друга новост во ревизијата е тоа што во првото издание на Библијата имавме само теми на секој наслов од главата, а во сегашниот ревидиран текст ја имаме секоја глава поделена по теми и навистина читателот кога ќе отвори, гледа што е содржано во одредена глава и тоа што него го интерестра тоа може да го чита. Во сегашниот ревидиран текст новост е и тоа што сега имаме можеби илјада пати повеќе референци на стиховите во споредба со претходното издание, и референците се ставени на маргините од лева и десна страна. Така сега, кога читателот ја чита Библијата и наиде на некој стих, тој може да погледне лево или десно, да ги спореди паралелните места и да добие поцелосна слика за темата за која станува збор.
 
Со ревидирањето на постоечката Библија ние фактички направивме две изданија. Едното е за потребите на Македонската православна црква и на Римо-католичката црква кое ги содржи и дефтеро-канонските книги, а другото  издание е според канонот на Лутеровата Библија и е наменето за потребите на протестантските верници, во кое не се сместени единаесетте дефтер-канонските книги. Значи од овој аспект, за сега потребите се скоро потполно задоволени и на православните и на останатите верници во Република Македонија. Самото издание е прилично добро направено; кориците, повезот и  библиската хартија се многу добри, а текстот е многу почиток во споредба со оној од претходното издание.

 
Совршено издание не постои но, ние ќе се трудиме да изготвуваме постојано изданија кои ќе бидат најблиски до оригиналните библиски текстови.
Бидејќи постојано се критикуваме, UBS, односно  Обединетите Библиски Здруженија, во чија асоцијација е членка и Македонското библиско здружение, за во иднина планира од  Македонија да се испратат три до четири кандидати, познавачи на класичните јазици и да отидат на јазична специјализација, со цел да се отпочне нов превод на Библијата на македонски јазик, кој ќе го има за база оригиналниот еврејски текст и Септуагинтата, односно оригиналниот Старозаветен-грчки текст.



„  Oва издание на Библија излезе пред три месеци, и од она што го добивме како критика ние навистина се радуваме, затоа што позитивната критика ни причинува задоволство.“


ПреминПортал



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најнови вести

Православен календар

 

16/08/2026 - недела

Преображенски и Богородичен пост (пост на масло)

Преп. Исакиј, Далмат и Фауст; Преп. Козма евнух; Преп. Антониј Римјанин; Св. мироносица Саломија;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная