Денеска, во Клубот на пратеници беше потпишана Декларацијата за спречување на насилен екстремизам, активност од Годишниот план за работа на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, како дел од пошироката рамка на Стратегијата (2024-2026) година.
Декларацијата ја потпишаа: Неговото Блаженство г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски од МПЦ - ОА; Реис ул Улема еф.Фетаи од ИВЗ; Неговото Превозвишенство монсињор д-р Киро Стојанов ид КЦ; г- дин Пепо Леви од ЕЗРМ; суперинтидент Марјан Димов од ЕМЦ; директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска и Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС.
             На настанот присуствуваа претставници од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, со који Комисијата има постојана и конструктивна соработка на ова поле, но и верските заедници.
Верските заедници се клучни чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам и со своето влијание врз верниците и граѓаните, можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина за успешно спротиставување на овој феномен.

 

фб Оливера Трајковска

Друго:

           Во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, верските лидери во земјата потпишаа Заедничка декларација против насилниот екстремизам.Како што беше наведено за време на состанокот, верските заедници се меѓу главните актери во спречувањето и сузбивањето на насилниот екстремизам, бидејќи нивното присуство и активностите со граѓаните кои им веруваат можат да бидат од голема корист за зајакнување на заедниците како целина.

„Ние, потписниците на оваа Декларација, религиозните водачи и претставниците на признатите религиозни заедници во Република Северна Македонија, собрани во дух на меѓусебно почитување и водени од чувство на споделена одговорност, свесни за нашата улога во одржувањето на општествениот мир, се согласуваме со оваа Декларација како израз на заедничка решеност за градење достоинствен соживот и отпор против насилниот екстремизам.“„Свесни дека Република Северна Македонија е заеднички дом на различни народи, култури и верувања и дека соживотот е вредност што мора континуирано да се негува и заштитува“, се вели во соопштението потпишано од верските заедници во РCМ.

 

 

 


·