
ПАНИХИДА ПО ПОВОД 40-ГОДИШНИНАТА ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА АРХИЕПИСКОПОТ АНГЕЛАРИЈ
На 15.6.2026 г., денот кога се одбележуваат 40 години од упокојувањето на вториот Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна Православна Црква – Архиепископот Охридски и Македонски Ангелариј, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан отслужи Помен на гробот на блаженоупокоениот Архиепископ, покрај апсидата на храмот ,,Св. Димитриј” во Скопје.

На Архиепископот му сослужуваа Митрополитите: Брегалнички г. Иларион и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со бројни свештенослужители.

На Поменот присуствуваа: претседателот на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, вицепремиерот г. Љупчо Димовски, министерот за култура и туризам г. Зоран Љутков, директорката на комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, неговото превозвишенство бискупот Скопски монсињор Киро Стојановс, претставници на Исламската верска заедница, како и бројни претставители на образовните институции.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/panihida-angelarij-2026/

ПРОРОЧКИ ЗБОРОВИ НА АРХИЕПИСКОПОТ ДОСИТЕЈ УПАТЕНИ КОН НОВОХИРОТОНИСАНИОТ ЕПИСКОП ПЕЛАГОНИСКИ АНГЕЛАРИЈ, ПОДОЦНА АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, КОЈ МАЧЕНИЧКИ ПОСТРАДА НА 15 ЈУНИ 1986 ГОДИНА
Знаеме дека ако човекот нема Свети Дух во себе, ако не е црква Христова, не е силен и сигурен и не може да живее и работи одејќи по патот Господен. Ако човекот е исполнет со љубов кон Бога и ближниот, и ако за сè што работи Го призива Светиот Дух, не ќе носи тешко бреме на своите плеќи. Затоа ние денес принесовме искрени молитви кон небесниот Отец, да Го испрати Духот Свој Свет, да слезе на новохиротонисаниот Епископ Ангелариј, за да може да го понесе бремето кое го прима на себе. Веруваме дека Господ ги услиши нашите молитви.
Духот Свет Кој те призва на оваа света и возвишена должност и тебе ќе ти помогне преосвештени владико, да го пазиш и запазиш она што ти е предадено. Биди неустрашлив Христов војник „зашто Бог не ни го даде духот на стравот, туку духот на силата, љубовта и чесноста... стани учесник во страдањата за учењето Христово по силата на Бога, Кој нè спаси и нè повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по својата блага воља и благодатта, која ни е дадена во Христа“ (II Тим. 1, 7-9).
40 ГОДИНИ ОД НЕГОВАТА МАЧЕНИЧКА СМРТ
фб Александар Димоски
КОВЗРГ ДОСТОИНСТВЕНО ГО ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈОТ – 40 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА АРХИЕПИСКОПОТ АНГЕЛАРИЈ
Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје денес достоинствено беше одбележана 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и една од најзначајните личности во поновата историја на МПЦ-ОА.
На одбележувањето присуствуваа претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, заменик-претседателот на Владата, г-дин Љупчо Димовски, министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, пратеникот Павле Арсовски, Бискупот монс.д-р Киро Стојанов, претставници на ИВЗ како и претставници на верските заедници, бројни граѓани и верници.
Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.во рамки на годишната програма за одбележување на јубилеи на Комисијата за култура и туризам при Собранието.
Со поменот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, во сослужение на архиереите г. Иларион и г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ-ОА.
Во своето обраќање, Архиепископот Стефан се осврна на животот, архипастирската служба и духовното наследство на Архиепископот Ангелариј, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во развојот и афирмацијата на Македонската православна црква.
По завршувањето на поменот, делегациите положија свежо цвеќе пред вечното почивалиште на Архиепископот г. Ангелариј, оддавајќи почит кон неговото дело и трајниот белег што го остави во духовниот, црковниот и националниот живот на македонскиот народ.
Одбележувањето на овој значаен јубилеј претставува потсетник на животот и делото на Архиепископот г. Ангелариј, чие име останува трајно врежано во историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија
фб Оливера Трајковска


























