tome.damjan4.jpg
На денот кога светата Божја Црква ги празнува Светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во скопската Црква св. Петка во населба Црниче беше отслужена света Божествена Литургија..

tome.damjan10.jpg


Времето по Литургијата го искористивме за мал разговор со нашите фудбалски репрезентативци, голманите  Петар Милошески и Томе Пачовски кои беа присутни на богослужбата. Петар Милошески во моментов настапува за кипарскиот фудбалски клуб Енозис, а Пачовски Томе за Работнички Кометал. Во сабота, 16.11.2007 година, во Скопје ќе се одигра натпревар помеѓу репрезентациите  на Р. Македонија и Хрватска за Квалификации во  Европско првенство во фудбал, еден од нив  ќе ја има честа и одговорноста да ја  брани мрежата на Македонската фудбалска репрезентација. Од утре им почнува карантинот, а во св. Петка како и секогаш,  доаѓаат  за своето духовно укрепување и молитви.

 

tome.damjan11.jpg
tome.damjan13.jpg
tome.damjan12.jpg

Петар ни раскажа дека неговиот фудбалски клуб се наоѓа во градот Паралимни, каде тој и живее, во епархијата Фамагоста на Кипар. Тој секогаш кога е во можност редовно оди на Литургија во Соборниот храм  посветен  на св. Ѓорѓи во истоимениот град.


kire.svsimeonbogoprimec.jpg
Особено големо значење за Петар и неговото семејство има иконата на св.Симеон Богопримец, која е во негова сопственост, а е изработена пред неколку години со раката на зограф Кирил Златанов.

 

Посети:{moshits}