логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


  

 Учителка

Деца, овојпат сакам да споделам со вас некои мои сознанија, доживеани како одредени случувања, кои ги чувствувам како клучни во мојот духовен живот, а се надевам многу ќе ви помогнат и на вас. Примете ги како проста исповед (без многу објаснување) и помолете се за мене бидејќи, иако знаев, многу потфрлив во исполнувањето.

Еднаш, во својата младост, во книгата „Старец Захариј“ (1850-1936) го прочитав следново: Старецот многу се радуваше кога некој од неговите духовни чеда го исполнува молитвеното правило на Богородица, кое се состои од тоа молитвата „Богородице Дево“ да се кажува секој ден по сто и педесет пати. Мајката Божја Самата го има устроено ова правило, но луѓето уште одамна го пренебрегнале, пренебрегнувајќи го така и послушанието кон Богородица Патеводителката, нашата Радост. Го доживеав прочитаното како за мене да се однесуваше и со голема радост го прифатив.

Уште велел: Ништо не започнувајте, чеда мои, без благослов од Царицата Небесна. А кога ќе го завршите делото за кое сте барале благослов, заблагодарете Ѝ на Неа, брзата Помошничка во сите добри дела. Рековме дека секој Божји дар само преку Неа го добиваме. Од таму и молитвата: „Господи Исусе Христе, Богородицеју, помилуј нас!“

Во истата книга го прочитав и ова: Свети Серафим Саровски (1759-1833) исто така на своите духовни чеда им го препорачуваше ова правило. На монахињите од Дивеевскиот манастир им советуваше секојдневно, шетајќи околу ѕидот на манастирот да ја изговараат молитвата „Богородице Дево“ сто и педесет пати. Во келијата на овој светител е пронајдена необична книгичка со опис на чудата кои им се случувале на луѓето кои го држеле ова молитвено правило. Точно, прво се чуда, а потоа секојдневна реалност. Се запишуваат единствено за да се поттикнат верата и подвигот на другите.

Следниот извадок од свети Григориј Палама објаснува од каде произлегува ваквиот однос, посебно на нас монасите, кон Богородица Марија: Пресветата Дева, престојувајќи во храмот, се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски, истовремено воздигнувајќи се над сожалувањето кон сопственото тело и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна божествена молитва. И преку неа [молитвата], Таа целата Своја стана и се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам молчание на умот. И предавајќи го Својот ум на ова молчание, ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја, и беше посветена во божествената благодат, која никако не е подложна само на силата на чувствата туку претставува прекрасно и свештено созерцание, својствено за непорочните души и умови. Бидејќи причесна на ова созерцание, Пречистата – како што пеат црковните химни – стана светлоносен облак на навистина живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот.

Би го подвлекол само следново: се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите (земни) врски и воспостави нов и неискажлив пат кон Небото. Во два збора е собрано сето она што постојано ви го говорам за восогласувањето на начинот на нашиот подвиг со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме, односно за екстремното туѓинување од првиот степен до добивањето на дарот на умносрдечната молитва. Ниту ќе имаме, ниту пак сакаме, подобар образец и учителка за собран и внимателен живот на внатрешниот човек од Пречистата Богородица Марија.

Но како, сето ова, го знае свети Григориј Палама? Секако, само од личен опит. Прочитајте го неговото житие, од кое сега ќе ви претставам еден мал исечок:

Еден ден, на Света Гора, кога Григориј беше задлабочен во молитвата кон Бог, одненадеж пред него застана светлозрачен и благолик маж, свети Јован Богослов, и умилно гледајќи кон него го праша: „Зошто ти, молејќи Му се на Бог, секојпат постојано повторуваш: ‘просветли ја мојата темнина, просветли ја мојата темнина?’“ Григориј одговори: „Што друго би барал освен тоа: да се просветлам и да познаам како да ја творам Светата волја Негова?“ Тогаш светиот Евангелист му рече: „По волјата на Владетелката на сите, Богородица, отсега јас ќе бидам со тебе неотстапно“.

Колку убаво: „По волјата на Владетелката на сите, Богородица...” Гледате, деца, како Она – нашата Учителка, внимава на трудот на оние кои го следат патот што им го покажала и како ги поткрепува?

Еве и уште нешто од мојот мал опит, собран во Нејзината Школа, кое секој од вас може веднаш да го присвои и во пракса да го вкуси, без никакви посебни подготовки:

Кога даваме (кога Му се принесуваме) преку молитвата на Бог без да бараме, тогаш молитвата ни е собрана, а кога бараме од Бог нешто, тогаш нашиот ум се расејува.

Кога молитвата не е цел сама по себе (се мисли на постојаното повторување на името Христово), туку цел е заедницата со Бог, тогаш молитвата се кажува во дух на покајание; и обратно.

Кога во молитвата Го бараме само Бог, тогаш срцето се отвора и умот влегува во него, а кога го бараме отворањето на срцето, тогаш тоа се затвора.

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна брана пред злото што навира од сите страни; и на личен план и на план на заедницата. Но, овојпат, не без плач и солзи – без оглед на тоа дали на нив се самопринудуваме или ни доаѓаат од благодатта. Не без покајание, пред Неа.

Митрополит Струмички Наум

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

« »

Православен календар

 

09/01/2026 -петок

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан; Преп. маченици Теодор и Теофан Начертани;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 10 јануари/28 декември  2026

Тропар на светите Христови Дваесет илјади маченици во Никомидија 10 јануари/28 декември 2026

Како темјан благоухан,Црквата ги принесе молитвите,на дваесетте илјади маченицикон Тебе о Христе Боже,примајќи ги нивните души во рацете Твои,

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан  9 јануари/27 декември  2026

Тропар на светиот првомаченик и архиѓакон Стефан 9 јануари/27 декември 2026

Со добар подвиг се подвизуваше, првомачениче Христов и апостоле, ја изобличи безбожноста на мачителите.  Каменуван од рацете на беззакониците,

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани  9 јануари/ 27 декември   2026

Тропар на св. Христови преподобномаченици и исповедници Теодор и Теофан Начертани 9 јануари/ 27 декември 2026

Запишани во непропадливата книга небесна, двајцата жигосани по лицата,  светите Теодор и Теофан,денес црквата ги возвеличува,  Христос ги прославува,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная