Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (13.08.2019)

Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нe возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нe учи на сe она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното.








Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.
Љубовта се познава преку Светиот Дух. А душата Го препознава во мирот и во сладоста. О, колку сме должни ние да Му благодариме на Бога за тоа што многу нe љуби. Размислете, возљубени браќа: Господ ? го дава Светиот Дух на грешната душа, ? дава да ја познае Неговата милост. За да Го познаеме Бога не ни треба богатство. Треба само да го љубиме ближниот и да го имаме смирениот дух, воздржание и послушание, и за тие добри дела Господ ќе...
Во овој свет секој има свое послушание: некој е цар, некој е патријарх, некој е готвач, или ковач, или учител, но Господ сите ги љуби. Поголема награда ќе добие оној кој повеќе Го љуби Бога. Господ ни ја даде заповедта да Го љубиме Бога со сето срце, со сиот ум, со сета душа. А без молитвата како е можно да се љуби? Затоа, умот и срцето на човекот секогаш треба да се слободни за молитвата. Оној што го љубиш, за него сакаш и да мислиш,
На 02.08.2019 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија и светите Пречистански преподобномаченици, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети пророк Илија во с.Орашац – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На 02.08.2019 година, Св. пр. Илија – Илинден, преп.3 Пречистански нмч-ци, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен, и свештеници од Тетовско-гостиварската и Европската епархија богослужеа Света Златоустова Литургија во Лешочкиот манастир.



Кoга ќe дoјдe судoт Бoжји вo куќата на правeдникoт, да нe сe радува нeправeдникoт злoбнo, туку нeка трeпeри oд страв. Акo правeдникoт и нeправeдникoт сe сoсeди, па ракатаБoжја паднe на правeдникoт, таа паднала на двајцата: првиoт да гo прeкали, а втoриoт да гo oпoмeнe. И кoга правeдникoт ќe гo снајдe лутo страдањe - нe гo снајдува бeз Бoжја вoлја - да нeсe вeсeли нeправeдникoт, заштo тoа страдањe e пoвeќe заради нeгo
О човеку, научи се на Христовото смирение, и Господ ќе ти даде да ја вкусиш сладоста од молитвата. И ако сакаш чисто да се молиш, биди смирен, воздржлив, чисто исповедувај се, и молитвата ќе те возљуби. Биди послушен, со чиста совест покорувај се на власта и биди задоволен со сe. И тогаш твојот ум ќе се очисти од суетните помисли. Сеќавај се дека Господ те гледа, и плаши се да не Го нажалиш брата си со што и да е.

























