логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

svklimentlet2019 11

„Клименте славни, твоите добри нозе ги насочи по патот Божји, затоа од заблуда народие ги упати во вистинската вера, избавувајќи ги од прелеста на лажливата земја“ (песна од Канонот на Утрена на св. Климент Охридски Чудотворец).

 svklimentlet2019 3

svklimentlet2019 5

Торжествата по повод празникот на св. Климент Охридскиот Чудотворец, на св. Седмочисленици и на св. вмч. Пантелејмон, продолжија на 09.08.2019 година, во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, каде што беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ефтим Бетински, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополито Пимен се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 svklimentlet2019 15

Митрополит Пимен

„Бидете свети, затоа што сум свет Јас, Господ, вашиот Бог" (3. МОЈСЕЕВА 19:2).

Колку ли мудра заповед или совет од Бога, нашиот Создател, упатена до неговите созданија, пророци, апостоли, маченици и ученици, ќе рече некој, и ќе жали што не бил современик на Мојсеја оваа заповед од неговата уста да ја чуе лично. Друг, пак, ќе се посомнева дали уште треба да важи оваа заповед за нас правдајќи се со невозможноста во овој современ свет да се исполни. Трет ќе рече остави тоа, тоа е само за избраните.

 
И чие размислување тука држи вода?

Та сите ли што ја чуја заповедта станаа свети? Нели дел од оние што со свои уши ја чуја заповедта се дигнаа и против Бога и направија златно теле и се оддалечија од Него и нели едни го слушаа и го гледаа Христа Бога Спасителот, а потоа повикаа „Распни го, распни го".
Нели и Јуда беше еден од оние дванаесетмина што постојано беа со Христа и што ги чуја сите спасителни зборови на својот Учител?

Оние пак што се сомневаат дека тоа важело некогаш, но не и денес, нека се сетат дека секое време давало свои светители. Не со глумење на подвигот на другиот, туку секој умножувајќи го талентот нему даден од Бога. Следејќи ги зборовите од Бога да бидат свети, но и да го следат Патот, Вистината и Животот, кои се пак Вистинскиот Христос. И затоа имаме пророци, и апостоли, и маченици, и подвижници, и светители, и просветители... Секое време и секој народ имаат свој предизвик, а една и иста заповед. И кој ја слушал заповедта, тој станувал свет без разлика на векот во којшто живеел.

А заповедта била само за избраните или за секој што ја чул и ја спровел во сопствениот живот?

Еве токму денес и токму тука си спомнуваме за светителот што ги обединува сите одговори во својата личност.

Денес, кога си спомнуваме за светиот Климент, кога си спомнуваме за незалезното светило од Плаошник и кога си спомнуваме за сиот негов живот, за неговата послушност од мали нозе да Му служи на Бога, да ги слуша божествените проповеди на своите божествени учители Кирил и Методиј, да тргне со нив до Рим и да ја брани оправданоста Божјото слово да се проповеда на секој разбирлив јазик, а не само на трите јазици што ги сметале за од Бога избрани, кој го ширел Словото Божјо на црковнословенски јазик во Истра и Моравија, кој по послушанието да го води своето стадо кон спасение и Царството Небесно се вратил во родните краеви во Охрид, Кутмичевица и Македонија,кој не само што го просветил своето стадо од епископскиот трон, туку и го описменил и му ја оплеменил душата, го научил и да ги оплеменува овошките за не само да може да ја нахрани својата душа со богословието, ами и своите тела со произведената храна, кој бил отворен до својот смртен час да го ислуша секој човек со неговите проблеми, да му даде одговор и да му ја смири душата и на крај да ја положи душата своја за овците свои како добар пастир на словесното стадо, лесно ќе увидиме дека и покрај тоа што не ја чул директно од Мојсеја или пак од Христа заповедта за светост, и покрај тоа што живеел во век со предизвици различни од тие од првиот век и и покрај тоа што не бил од небо паднат, туку роден на земјата, како секој од нас ја здобил светоста и денес се моли за нас на Небесата пред престолот на нашиот Бог Света Троица.

И сега, кога си спомнавме за сите негови подвизи и добродетели, за умножувањето на неговите таленти од Бога дарувани и за неговото спроведување на овој секогаш актуелен од Бога и Христов повик на светост и потврдата на неговата светост на земјата и на Небесата, ќе останеме сè уште во борба со помислите околу горенаведените три прашања или пак ќе повикаме кон нашиот свети Климент Охридскиот чудотворец да се моли за нас пред Бога Живиот да нè укрепи во нашиот личен подвиг на исполнување на заповедта за светост, та еден ден да застанеме и ние рамо до рамо со него пред престолот на Бога Света троица?

Свети Клименте, не престанувај никогаш да нè укрепуваш молитвено во подвигот.

Амин и за многу, многу години верен народе на Македонската света православна црква.



09.08.2019 год.
св. Климент Охридски Чудотворец
ман. „Св. Климент и Пантелејмон" Плаошник, Охрид

svklimentlet2019 6

 svklimentlet2019 7

 svklimentlet2019 8

 svklimentlet2019 10

 svklimentlet2019 12

 svklimentlet2019 16

svklimentlet2019 13

 svklimentlet2019 18

 svklimentlet2019 19

 svklimentlet2019 24

 svklimentlet2019 25

 http://www.dke.org.mk/index.php/3197-2019-08-09-13-44-45

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

АРХИВА- Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

АРХИВА- Александар Несторовски: НЕДЕЛА НА САМАРЈАНКАТА 14.05.2023

Својата Вода, или Живата вода, за која говори Господ Исус Христос, во разговорот со Самарјанката, е всушност Неговото спасително учење кое постојано, непрекинато ни го дава низ вековите, па и...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Жарко Ѓоргиевски:19. мај 2024 година - Свети праведен и многустрадален Јов

Најхрабри и со најцврста вера биле токму овие жени мироносици кои тргнале до крај да ги испочитуваат обичаите кои владееле во тоа време. Затоа тие и станале првенци на апостолството...

« »

Православен календар

 

17/06/2024 - понеделник

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски; Светиот маченик Конкордиј; Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан; Преподобен Зосим, епископ на Нов Вавилон, град мисирски.; Светиот свештеномаченик Астиј, епископ Драчки; Светите сестри Марта и Марија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Тропар на св. мч-ци Христови Лукилијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла 3 јуни / 16 јуни 2024

Како на орел што се обновува младоста негова,така верата во светиот Лукилијан обнови сила духовна, заточен со светите младенци Клавдиј,...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Еразмо Охридски 2 јуни / 15 јуни 2024

Мудри, твојот преподобен живот го измина, украсувајќи се со светол хитон свештенички.Пролевајќи ја крвта своја маченичка,си се удостоил со вечна...

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Тропар на св.маченик Христов Јустин Философ 1 јуни / 14 јуни 2024

Како птица која го прелетува морето,така ти Јустине свети ја надмина мудроста на овој свет,дознавајќи дека вистинско спознание се добива...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная