Горан Стојчевски: Поука
па ниту и ние христијаните со затворено срце за милост.
Милоста и љубовта се исполнети во Христос, а и етиката се реализира преку Него.. Дури ни моралниот свет Христос не го познава,
Свети Василиј Велики: Да го ограничиме злото во самиот негов почеток
Некој те укорува – ти благослови го. Друг те бие – ти претрпи. Трет те презира – ти моли се за него. Некој те смета за ништожник – ти спомни си дека си од земја создаден и дека земја ќе постанеш. Кој ќе се вооружи со такви мисли и расположение – тој нема да се уподоби на навредениот и ќе го спаси него и себеси.
Ќе видиш многу нешта, само едно не
Ќе видиш блудници како стануваат преподобни.
Ќе видиш развратни мажи како стануваат јагниња.
Ќе видиш скржавци кои го раздаваат сиот свој имот како милостина.
Св. Јован Лествичник - За земното небо и воскресението
Ете, и ние кои лежиме на дното на најдлабоката јама на незнаењето, во темнината на страстите и смртната сенка на нашето тело,
по дрскоста своја започнуваме
да философираме за небото на земјата.
Религиозно писмени, а ја губиме добрината
Кога ќе погледнеме околу себе, со болка во срцето гледаме: луѓето стануваат сѐ повеќе нестрпливи, несочувствителни. Причините коишто придонеле до таквите појави се различни: економски тешкотии, раскошот на неколкумина и сиромаштијата на мнозинството, ниското ниво на култура и морал, конфликтите на меѓунационална основа,
Три нешта им се потребни на децата
Децата сакаат граници. Сакаат луѓе кои ќе ги фатат за рака и ќе ги учат за животот. За убавите, добри работи, за она што треба и за она што не треба. Без граници, децата се самите осудени…Три нешта им требаат на децата. Присуство, прифаќање и строго раководство. Направи го ти најдоброто што можеш, а другото ќе го дополни Бог…
Пресвета Богородица – клуч за Христовото царство (Трет Акатист) 17.03.2023 г.
Неопислива и неискажлива е тајната на Богородица. Неизброиви и необјасниви се чудата на најчистиот плод што некогаш човештвото го дал, Пресвета Дева Марија. Нејзиното име радува срца и духови, утешува таги и лекува слабости. Поширока од Небесата, почиста од Сонцето.
БEСEДА за Христoвитe дeла
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Ново издание од издавачката дејност
Смирението и љубовта, детската непосредност и искреност во односот со Бог и кон луѓето биле одлика на неговиот живот и на неговите поуки, кои во продолжение се изложени. Со надеж дека македонскиот православен читател ќе добие голема духовна полза од неговите избрани поуки и од неговиот живот, ја објавуваме оваа книга по 20 години од неговото блажено упокојување.
† БЕСЕДА ВО ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ(12.03.2023)
Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со духовна инфекција која заедно со душата преоѓа во вечноста, и таму тоа сознание може да продолжи бесконечно.
Татјана Јованова: Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња
✥Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа.
✥ Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник што е 300 години пред ренесансата во Европа.
Кога се појавува депресијата
Светот засегнат од депресијата е лишен од радост и љубов. Тој свет е осамен и отуѓен, озлобен, ги загубил своите ориентири, свет во кој исчезнала вертикалната димензија и човекот се развива само во хоризонтала на постоењето, во бескрајно пусто разнообразие. Тоа е светот на кој нема што да му кажеш. Свет лишен од
Старец Порфириј: Не говорете: „Господи, исцели ме!“ Не!
Не говорете: „Господи, исцели ме!“ Не! Туку: „Господи Исусе Христе, помилуј ме“; несебично, со љубов, ништо не очекувајќи. „Господи, дај ми го она што го сака Твојата љубов“.
ЗА СВ. ГРИГОРИЈ ПАЛАМА И ИСИХАСТИЧКИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ
Свети Григориј Палама на многу карактеристичен начин го бранел исихазмот. Тој го усвоил целиот опит на светите отци, на кој го додал и сопственото искуство, со што станал чувар на светите преданија на Црквата, спојувајќи го старото и новото.
Коефициент на духовна интелигенција (втор дел)
Коефициент на духовна интелигенција е нашата способност – преобразена од Божјата благодат, а стекната преку долготраен подвиг и од него произлезен опит, правилно и брзо да го надминеме секое искушение што ни се испречува пред нашиот раст додека не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји,
Оливера Ќорвезироска- 10 МАРТ: ВИНОИРАКИЈА
Секогаш кога ќе плисне ненадеен пороен дожд и кога на небото ќе се појави или само ќе ми се пристори шарен, небесен свод низ кој може да се спровре тагата и да стане радост, заборавам дека сум возрасна, дека сум некаков лингвист, некаков писател,.. ги заборавам сите зборови на светот, сите слики, освен Кашавелскиот рид во Старо Нагоричино и баба ми Тимка