Митрополит Струмички Наум: Поука на денот
"...Откријте ја убавината на животот
(духовен- оти нема друг)
и одбивајте да бидете робови на своите барања,
а станете слободни деца Божји на ДАВАЊЕТО.
"...Откријте ја убавината на животот
(духовен- оти нема друг)
и одбивајте да бидете робови на своите барања,
а станете слободни деца Божји на ДАВАЊЕТО.
Ова е дијагноза на т.н. мнение, или високо мислење за себе си кое се карактеризира со надменост, мислење за другите дека грешат, нарочно оние кои се со повисок степен во хиерархијата, со тоа што се држи ставот дека се има подобро решение за проблемите заради своевидното квази искуство кое се користи за аргумент за одржување на мнението.
Црковното минато на нашиот богољубив народ наликува на иконостас, во кој секоја икона прикажува по една сцена од тешкиот, но благословен пат на врвење низ историјата. И речиси во многу од тие историски моменти, народниот живот е сличен со животот на овој наш сенароден патрон – на светиот пророк Илија.
Имено, со проповедта на светиот апостол Павле и по мисијата на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум Охридски, евангелското слово се пренесе во срцата на нашите предци.
Господи Исусе Христе, Учителу на милоста,
Те молам отвори ги очите на срцето мое
за да го чујам и да го разберам Словото Твое
и да ја творам волјата Твоја,
којашто во него нам, безумните и грешни луѓе,
ни е откриена.
„Никогаш не се двоумев јавно да ја исповедам својата вера“, изјави победничката на турнирот во Вимблдон, која секогаш Му благодари на Бога за своите постигнувања и го изобразува знакот на чесниот крст на тениското игралиште.
- Мајката Божја е секогаш во моите мисли!
Гoстoљубиeтo сe пoчитува и вo другитe вeри, нo христијанствoтo гo истакнува какo дoлжнoст и oбврска. Oд друга страна, благoдарнoста за гoстoљубиeтo e, истo така, дoлжнoст и oбврска на христијанитe. Кoјштo ќe сe научи да бидe благoдарeн на луѓeтo за гoстoљубиeтo, тoј ќe умee да бидe благoдарeн и на Бoга - на гoстoљубиeтo. Бидeјќи штo смe ниe oвдe на зeмјата акo нe гoсти Бoжји? Штo сe дури и ангeлитe на нeбoтo акo нe гoсти Бoжји?
Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист дух; и иако навидум му се спротивставуваме на овој свет, но користејќи ги сите негови методи и средства, какви што се: централизирана власт, економска моќ, световно образование, политичка моќ итн., само ја потврдуваме нашата длабока секуларизираност. Како што некој рече, вака организираните, т.н. канонски „Цркви“ само го подготвуваат патот и се одлична основа за доаѓањето на антихристот како религиски и световен владетел.
Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.
Најголем непријател во семејниот живот е егоизмот. Големата пак тајна на семејниот живот е во тоа, да се научиме да простуваме. Подобро не ја менувај жена си, туку себе. Не станувај учител на својата жена. Најдобар начин да ја научиш нешто е да ја љубиш.
Како што е неопходно умот да се чува од незнаење, исто така е потребно да се чува и од многубројни празни знаења и љубопитства. Зашто, ако умот се полни со многу знаење, не исклучувајќи го тука ни суетното, непотребното и штетното знаење, ќе стане неспособен
Свети Архангеле Гаврил, кој неизречена радост од Небесата на Пречистата Дева И донесе, исполни го со радост и веселба моето срце, ог гордост преогорчено. О, велики Архангеле Божји Гаврил, ти си И благовестил на Пречистата Дева Марија за зачнувањето на Божјиот Син. Извести ме и мене, грешниот, за денот на страшната смрт и помоли Го Господ Бог за мојата грешна душа, да ми ги прости Господ сите мои гревови и да не дозволи злото да ме задржи на страшните митарства.
Си направил многу гревови, мали и големи. Секоја вечер пред да појдеш на починка признај го тоа и немој да се чувствуваш безгрешен, немој да се чувствуваш дека си совршен, значаен, велик, страшен, неранлив и единствен.
Не! Човек си, а тоа значи дека си немоќно створение. Велико створение си, највеличествено створение во вселената, мал космос.
Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг,
На 30ти Јули, вторник со почеток во 22:00ч, ќе започне бдението во чест на светиот Емилијан Доростолски, чие делче од неговите свети мошти нашиот свет храм верно и побожно го чува.
Ги покануваме сите верници да дојдат и да земат учество во заедничарењето во чест на свети Емилијан и заедно да Му вознесеме слава на Отецот, Синот и на Светиот Дух, Троица единосуштна и неразделна сега и во сета вечност. Амин!
Тој продолжил:
„Гледајте, за да не мора да се грижите за две деца во исто време, ајде да го убиеме она што ви е во рацете. На тај начин ќе можете да се одморите пред да се роди другото. Ако веќе треба да убиеме едно, сеедно е кое ќе биде тоа, нели? Освен тоа нема никаков ризик за Вас, ако го убиеме она што е во Вашите раце.“
Жена извикнала:
„Не докторе! Ужас! Да се убие дете е злосторство!
Осветената вода е образ на Божјата благодат: таа ги очистува луѓето од духовните нечистотии, ги осветува и укрепува во подвигот на спасението во Бога. До неа првично се докоснуваме во Светото Крштение, кога при извршувањето на таинството, трипати биваме потопувани во купелот, наполнет со света вода.
За Богојавление, секој православен христијанин носи дома сад со света вода, оја немоќ.
Св. Јован Дамаскин ја напушта Сирија и прими монаштво во прочуената Лавра на Свети Сава Осветен во Палестина. Со себе ја понел и неговата Добротворка, Пресвета Троеручица. Откако се замонашил од другите отци во Лаврата дознава дека Свети Сава Осветен, пред своето блажено упокојување (VI век), дал заповед покрај неговиот гроб да ја прицврстат неговата ,,патерица” т.е. игуменскиот стап.
Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.
Во Евангелието се вели, да ги погледнеме птиците небесни и полските кринови, да бидеме воздржани, умерени во јадењето и пиењето, а на крајот од краиштата или почетокот е тоа што Он ни вели, Моето Тело е вистинско јадење, а Мојата Крв, вистинскио питие. Западниот човек, кој е нели во темнина, а од што? Од тоа што ние не пребиваме во светлина, туку се преправаме.
Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја одречат, или да ја игнорираат – мислам на луѓето коишто не веруваат во суштествувањето ниту на ангели, ниту во демони, да не кажам ни во Бога – сепак, неоспорен факт е дека таа постои. Во една прилика, еден доктор, искусен психијатар од душевната болница во Слепче, ми раскажуваше токму за ова. Имено, самиот тој, од своето долгогодишно работно искуство со секакви