Бигорското ќелијно училиште било првото училиште во западните краишта на Македонија и неговото најрано споменување во историските извори е од времето на знаменитиот игумен Арсениј, во првата третина на XIX век. Се претпоставува дека тоа функционирало и претходно, но Архимандрит Арсениј се погрижил да го збогати со потребна литература.
Тропар на св.Христови маченици Маркијан и Мартириј 25 октомври / 7 ноември 2023
Господи Боже наш, Ти Кој се вочовечи,
телото наше го зеде но Бог по суштина остана,
мачениците Твои Маркијан и Мартириј, вистинската вера ја испишуваа,
но не само на хартија туку и со своите животи ја посведочија.