Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните
Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји – настан што коренито го променил одот на човечката историја. Уште при исходот од Египет, Светиот пророк и боговидец Мојсеј повеќе пати го изоборазил крстното знамение, водејќи го својот народ од ропство кон Ветената Земја. Еднаш, кога Израилците се...


За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема потполно да одговара на зборот. Но Господ не зборува само за човечката среќа, Тој зборува и за небесната радост, затоа што евангелистот, Таа што го носела Него, ја нарекува блажена. “Блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел”.
Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на видливиoт и нeвидливиoт свeт, билo за спасeниeтo на чoвeчкиoт рoд, тoј мoра да пoчнe сo Пoчeтoкoт. А тoј пoчeтoк e Слoвoтo Бoжјo, Мудрoста Бoжја, Синoт Бoжји. Какo кoга нeкoј би раскажувал нeкoј случај сo eдна лаѓа на eзeрoтo, па би запoчнал вака:
Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на мајка си Елисавета. Според евангелското известие, кога се сретнале двете најславни мајки, Пресветата Богородица и праведната Елисавета, младенецот Јован заиграл во утробата на својата мајка и Го проповедал Господа преку мајчината уста, која вдахновено извикала: Од каде на мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ? (Лука 1,43)
Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до развратена душевна сила која преку покајание (преумување) треба да се преобрази во добродетел. Главна човекова страст е самољубието, која треба да ја преобразиме во Богољубие и човекољубие.
Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано. Луѓето изгубиле почит кон секаков авторитет. Во денешно време, на пример, младите не го признаваат авторитетот на своите родители, на семејството, немаат обѕир дури ни кон нивното животно искуство.
Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор на тага, нервози итн.? Секако дека не страдаме заради Христос. Таквото страдање носи духовна радост и победа над ѓаволот и страстите, и таквите страдалници ги нарекуваме свети маченици. Извор на нашето страдање се страстите. Впрочем, зборот страст буквално означува страдање.
Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и Бoжјиoт закoн. O умилна крoткoст, нeвидeна пoмeѓу луѓeтo! O чиста вoдo планинска штo oд висинитe сe слeваш и мoлчeјќи ја миeш нeчистoтијата на чoвeчкитe насeлби!
“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”.
На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот – Исусовата молитва: „Господи Исусе Христе помилуј ме, грешниот“, всушност, е барање милост, а не правда. Ако си толку смел, што не бараш од Бог да биде праведен кон тебе, а не милостив!? Гледате како Господ со два примери ни го покажува на наједноставен начин сето ова што ви го кажав.
Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога,
Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам. Нeзнабoжeчкитe вeри гo насeлилe свoeтo нeбo самo сo бoрци, христијанската вeра им гo вeтува нeбoтo на свeтитeлитe. Какo штo христијанитe пoвтoруваат спoрeд слабoста и нeкoи други нeзнабoжeчки грeвoви, така гo пoвтoруваат и грeвoт на вoјувањeтo.
Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво. Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос?
Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со блудна помисла. Секој од нас знае низ каква агонија поминува во својата духовна борба за да се избори само со една и единствена помисла за таа да не се спушти во срцето. Да се подвизуваш значи да бидеш маченик. Многу е лесно да се предадеш на наслада, но само мачениците имаат удел во Царството Небесно.
Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја одречат, или да ја игнорираат – мислам на луѓето коишто не веруваат во суштествувањето ниту на ангели, ниту во демони, да не кажам ни во Бога – сепак, неоспорен факт е дека таа постои. Во една прилика, еден доктор, искусен психијатар од душевната болница во Слепче, ми раскажуваше токму за ова. Имено, самиот тој, од своето долгогодишно работно искуство со секакви
Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да научи да љуби и никогаш нема да биде вистински љубен.
Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила.

























