логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

30 август/12 септември

Јован Дебарски Архиепископ Охридски. Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие, раѓање и потекло до нас не стигнале многу податоци, но и од она малку што ни го оставила учителката на животот – историјата за него во наследство, може да се заклучи дека тој потекнувал од благороден и благочестив род, од славјанското племе Мијаци. Бил роден некаде во Дебарско, со најголема веројатност во некое од реканските села. Како многуплодна фиданка на евангелското дрво што едно столетие пред него го посадиле учениците на Светите рамноапостолни отци наши Кирил и Методиј, Божествените Климент и Наум, Јован сиот свој живот сецело Му го предал на Господарот на животот и смртта, единствениот вечножив Господ наш Исус Христос, принесувајќи преку Неговата благодат, стократни плодови. Уште од младини тој, според зборовите на псалмопевецот: срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог (Псал. 83,2), покопнеал сосема да се соедини со Бога, во Неговата нетварна светлина, па затоа и го оставил овој суетен свет и примил рамноангелен монашки потстриг. А откако, преку претешкиот подвиг на безусловно послушание, отсекување на својата волја, христијанско смирение и умно-срдечна молитва, со Божја помош успеал добро да ја совлада возвишената животна школа на монашкото општежитие, Јован го избрал подвигот на совршеното безмолвие и непрестајното општење со Бога, со Пречистата Богомајка и со светиите и ангелите Божји. За таа цел, да би можел да биде што подалеку од човечката врева, тој се настанил во густите шуми на живописната и пленувачка Бистра планина, каде живеел строг испоснички живот во некоја пештера и од каде што ретко слегувал среде народот, заради поука и духовни совети. Подвизувајќи се во крајно воздржание, тој се хранел од храната што понекогаш му ја носеле благочестивите галичани или жителите на околните села. Во спомен на ова, до најскоро време (до средината на минатиот век), монасите на Свештената Бигорска Обител ја чувале традицијата, на секој 14 октомври (стар стил), на споменот на Преподобна Параскева Епиватска, да појдат во Галичник и да добијат од секоја галичка куќа по пет лепчиња, благодарејќи Му на Бога и на славниот ктитор на нивниот манастир.
Монахот Јован и појавувањето на иконата со ликот на Претечата – Детал од живописот на Големиот Синодикон.


Според преданието, како и според древните бигорски летописи, пустиножителот Јован бил удостоен од „најголемиот меѓу родените од жена“ (сп. Лука 7,28), славниот Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, да ја пронајде неговата чудотворна и самопридојдена икона, над еден извор со слатка вода, во близина на неговата испосница. Имено, на еден графички отпечаток, со ликот на свети Јован Претеча бигорската чудотворна икона, што бил најдена во село Русјаци, Македонски Брод, изработен во Света Гора од монахот Теофил, а по порачка на бигорскиот игумен Арсениј во 1831 година, меѓу другото стои напишано: „Овој чесен образ на Свети Јован Претеча е изобразен според пречистата и чудотворна, самопридојдена негова икона. Оваа Божествена икона на Свети Јован Претеча, самата дошла на оваа место и 33 години престојувала овде без покров и под, и под неа избил источник со вода преслатка. Неа ја нашол некој христољубив монах наречен Јован, каде што изградил  мала црква и собрал многу испосници, во летото од Христа 1020“. Значи, долги 33 години Претечевиот чесен лик, повремено бил забележуван од мештаните од околните села, кои гледале огнен столб што се издигал од иконата кон бескрајните небески височини, сѐ додека најпосле не ја пронашол богољубивиот подвижник Јован. Земајќи ја иконата со голема побожност и страв Божји, тој веројатно веднаш се погрижил да ѝ изгради привремен соодветен дом, мал параклис, во којшто ја сместил оваа непроценлива небесна ризница.

Со текот на времето, гледајќи во него еден блескав светилник Божји, разгорен со љубовта и радоста во Христа, околу Јован почнале да се собираат и други браќа отшелници, така што полека братството се зголемувало. Тогаш Јован одлучил заедно со браќата да се преселат во манастирот „Пресвета Богородица“ во с. Скудриње. Преданието ни говори дека во селото „Подворјане“ (старото име на Скудриње), свое прибежиште си имал направено царскиот Самуилов род. Најверојатно царските велможи, од стратешки и други причини, образувале во месноста „Подворјане“ свое седиште, каде што, според обичајот на христијанските великодостојници, издигнале и манастир посветен на Пресвета Богородица. Поради својот исклучително добродетелен живот, како и реткиот дар на Божествено расудување, Јован своевремено бил избран за игумен на Обителта на Богомајката и со пожртвувана татковска љубов го раководел тамошното братство. Тој и како игумен не престанал да се осамува на молитва во неговата возљубена монашка „пустина“ на Бистра, на она место каде што доживеал Божествена посета преку чудотворната икона на Крстителот.

Кога во 1018 година ромејскиот василевс Василиј ΙΙ Бугароубиецот ги покорил и последните остатоци од некогаш моќното Самоилово царство, од политички причини тој не пристапил кон укинување и на добро ораганизираната и развиена Охридска Црква. Истоштена од долгогодишните војни на повеќе фронтови, макар победителка, Византија имала потреба од спокојство и мир, за да воздивне и да се оддаде на мирновременски дејности. А такво спокојство во опширната и зголемена Византија би настапило само доколку би ја придобила лојалноста на огромниот словенски состав, вклучен сега во нејзините граници. Токму затоа императорот Василиј ΙΙ посакал на Охридскиот архиепископски трон да постави човек којшто би имал силен авторитет среде славјанскиот народ од една страна, и должна верност кон царската власт во Константинопол од друга. Затоа тој побарал таква личност, којашто требало да биде или од најдостојните меѓу клирот од тогашната Охридска Црква, или да потекнува од род голем и знатен. А во тоа време, Јован Дебранин веќе имал стекнато добра слава во западномакедонските области, како личност што се истакнувала со своите високи духовни добродетели. Христијанскиот народ и клирот во него препознавале сенароден духовен водач. Тоа било пресудно за царот Василиј ΙΙ да го постави Јована за прв Охридски архиепископ, откако претходниот патријарх Давид бил отстранет од тронот. Така, во 1018 година започнало да дејствува новото црковно свештеноначалие Охридската Архиепископија, кое во текот на седум и половина века мудро го напасувало православното словесно стадо од овие простори по пасиштата на Божествената премудрост и евангелска љубов. Изборот на Јована од духовенството на Охридската црква и назначувањето од императорот се големи сведоштва дека тој уште како игумен се ползувал со љубовта и довербата на клирот и народот и се одликувал со високи умствени и духовно-морални достоинства. Архиепископот Јован бил еден од најдостојните славјански јерарси и охридски архиепископи, и со неговото до совршени граници изградено чувство на богољубие, родољубие, далековидност, просветителство, настојчивост и заштитништво, го задолжил јужнославјанскиот православен народ за запазувањето на своето културно и духовно единство.

Благодатните дарови на новиот архипастир Јован заблескале веднаш со стапувањето на архиепископскиот престол. За неговите возвишени духовни достигнувања допринело до некоја мера и неговото родно место и воспитание; бил роден, воспитан и одраснат во најживописната месност, во Реканско, заградено од привлечните рекански великани: Крчин, Бистра, Кораб и Стогово и оросувано од полноводната притока на Дрим, бисерната Радика. Светиот отец Јован бил од Бога надарен човек, поседувал голема благодатна сила, прониклив ум, тврда волја и дипломатска разборитост. Целата негова архипастирска дејност сведочи за тие негови духовни блага. Благодарение на своите добродетели, тој успеал да ја огради и заштити својата верна паства со такви права и привилегии, какви што ретко би можеле да се извојуваат од еден таков тврд и жесток државник, каков што бил императорот Василиј ΙΙ. И секој би се воодушевил, гледајќи како царот смирено и благоговејно ги услишувал неговите совети и желби. Тоа може најдобро да се види од трите царски сигилии (грамоти), дадени на Јована, каде што тој од Василиј е наречен, „најблагочестив монах“ и „сесвет архиепископ“. Во истите императорски акти јасно може да се забележи стремежот на архиепископот  Јован да го собере целиот јужнославјански род околу богопрославениот престол на Свети Климент. Тој успеал да издејствува од ромејскиот василевс востановување на старите граници на претходната Бугарска патријаршија, како што стои во официјалните грамоти, од времето на царевите Петар и Самуил и да ги собере сите тие епархии во рамките на Охридската Архиепископија.
Ктиторот Јован, како Архиепископ Охридски го благословува првото братство и изградбата на Манастирот. Детал од живописот на Големиот Синодикон.

Но, и покрај тоа што бил издигнат на толку големо достоинство – Архиепископ на пространата Охридска Архиепископија, смиреномудриот архиереј никако не го заборавал своето тивко и возљубено место на подвиг и покајание. Исполнет со неизмерна љубов и благодарност кон својот небесен покровител – Претечата Христов, над источникот каде што го нашол оној негов чудотворен образ, во 1020 година, Архиепископот Јован подигнал поголем и раскошен храм во негова чест, каде што ја положил и светата Божествена икона. Мноштво иноци притекнувале од сите страни, за да се напојат од покајничката благодат на Крстителот и набрзо околу тој храм се собрало големо монашко општежително братство, кое станало сјаен евангелски светилник за сиот православен народ. Така блажениот отец наш Јован Дебарски станува првиот ктитор на светата Бигорска обител.

И целата дејност на Свети Јован Дебранин, којашто започнала со монашкото расо в манастир, а завршила со архиепископскиот жезол, била евангелски плодотворна: трудови и подвизи, со родољубие и чесност, и тоа во едно тешко време за јужнославјанските народи. И под монашкото расо преподобниот отец наш ги исполнувал своите послушанија блескаво и достојно, а и со архиепископскиот жезол засветлил во редовите на нашите големи рамноапостолни светители: Кирил и Методиј, Климент, Наум и другите. Од извесни историски извори, доаѓаме до заклучокот дека Светиот Архиепископ Јован Охридски со пастирска грижа им помагал на скоро покрстените руски народи, испраќајќи им христијански мисионери и свети книги на разбирлив славјански јазик. Од непосредната дејност на Архиепископот Јован, како градител во црковно-образовниот културен домен, позната е неговата љубов кон просветата и грижата за преведување од грчки на славјански јазик. Иако податоците за неговата опширна духовничка и просветна дејност се оскудни, сепак, според некои историски споменици, се гледа дека тој се одликувал со видовит дух и голема ревност кон словото Божјо. Имено, презвитерот Јован го спомнува својот истоимен поглавар, со чиј благослов го превел Житието на Свети Антониј Велики од Свети Атанасиј Александриски, како и Житието на Светиот Великомаченик Панкратиј. „Не на својот разум се надевавме“, пишува преведувачот, презвитерот Јован, во предисловието на Житието на Свети Антониј, „туку на (молитвите на) пустиножителот Јован, кој поревнува по Антониевото житие. А ние го љубиме црковниот Јован, господинот Архиепископ…“

Светиот отец наш Јован останал на Охридскиот архиепископски престол речиси две десетлетија, сѐ до своето блажено скончание, кое настапило во Спасителовата година 1037-ма, за време на царувањето на ромејскиот василевс Михаил Пафлагон (1034-1041). Истрајувајќи во добри дела, после многу архипастирски трудови и подвизи, богоблажениот Јован заминал во вечен покој, каде што сега ја гледа Божествената светлина на трисолнечното Сонце на правдата и на бескрајната радост.
вети Јован Дебарски, Архиепископ Охридски, фреска во Кириловската црква во Киев, 12 век

По блаженото му во Христа упокоение, неговиот светителски култ за скоро време се распространил среде славјанската цивилизација и останал силен сѐ до наши дни, особено во охридскиот и дебарско-реканскиот крај.  Впрочем, неговиот светителски лик уште од последната третина на XII век се наоѓа редум со уште неколку големи јужнословенски светии и претстојатели на катедри во словенските земји, вклучително и солунската (Светите Константин-Кирил, Методиј, Климент и Наум Охридски и др.), изобразен на фрескопис во Кириловската црква во Киев. Имено, во северната апсида, кај жртвеникот, Архиепископот Јован, кој е означен како ‘‘Иоанъ Македоньски’’, е насликан во редот на претстојателите, веднаш до Светиот Јосиф, Архиепископот Солунски. Ова е само уште една потврда за тоа дека Јован Дебранин Охридски бил вброен во редот на Светиите доста рано, т.е. набрзо по негово упокојување. Неговото име како на Христов светител го среќаваме, исто така, и во една молитва од средината на минатиот век, напишана од свештеникот Х., во која се призива Светиот Јован Дебарски-Бигор, заедно со другите светители почитувани од нашиот народ, да помогнат за избавување на православните народи од новите агарјани – безбожните комунисти. Во 2018 година, по вдахновение и повод на 1000-годишнината од Охридската Архиепископија, братството на Бигорската Обител предводено од својот Старец и Игумен, Архимандрит Партениј, порача да се изработи нова икона на светиот отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор, којашто денес се наоѓа во бигорскиот храм и од која стануваат чудеса. На иконата го пишува следново: Крстителу Христов, ете, ти создадов дом на местото каде што ми ја откри иконата твоја, ти, пак, Претечо, со своите молитви кон Господа, грижи се за него, а Архиепископијата Охридска, која ја добив, благослови ја, запазувајќи ги обете неповредени во веки. Освен оваа претстава, светителскиот лик на Архиепископот и ктиторот Јован е изобразен во манастирската фијала, како и на два живописи во големиот синодикон: на едно место како ја наоѓа иконата на Свети Јован на источникот со вода, а на друго – претставен како ктитор, кој заедно со Свети Јован Крстител го држат во рацете целиот манастир.

По неговите свети молитви, нека ја покаже Господ и на нас милоста Своја и нека нѐ исцели од душевните и телесните болести наши, поради славата на светото име Свое. Амин!

 

Реферат произнесен на Првата национална византолошка научна конференција одржана во Охрид, на 25 и 26 октомври 2018 лето Господово- Јеромонах Кирил Бигорски (Деловски)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5761
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6579
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5559
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная