Беседа на г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски за празникот св. Николај Чудотворец - Правило на верата
Сите овие пороци се јавуваат како резултат на последицата од ладењето и од одалечувањето од верата, од заборавањето на задгробниот живот, како и од губењето на љубовта. Затоа да се покаеме и да ја зајкниме нашата вера, за која да се сочува чиста се борел и светиот Никола. Да го очистиме нашето срце и да го просветлиме нашиот ум,



Свети Климент за нас Македонците е Новиот Павле кој во маки, со дарот на словото и со силата на молитвата, од род во род, грижливо духовно нè раѓа и родителски се труди – наспроти стариот, да се вообличи во нас новиот христообразен човек, оној што го наследува сето она што Христос го подготви со своите распетие, смрт и воскресение.
Свети Климент Охридски слободно може да се нарече втор апостол Павле за Македонија. Во својата богата дејност најмногу настојувал да всади во луѓето вистинско христијанство. Успеал да го всади евангелието во црквата, во просветата, во образованието, во книжевноста, во државодворството и во општествените односи. Се трудел морално да ја препороди секоја човекова личност и да воспостави високоморален поредок во
Во најавата на текстот ги ставив оние зборови на укор од Спасителот кон учениците Негови, о роде неверен и развратен, до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ве трпам? Потоа во една беседа „Овој род се истерува само со благодат„, се насети и одговорот дека демоните се изгонуваат со благодат, постот и молитвата се само средства до целта на обожувањето
Целиот наш живот е дар Божји. И сиромаштвото е дар Божји, кога сиромавиот со смирение и трпение Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. И богатството е дар Божји, кога богатиот со смирение и трпение им служи на сиромасите со своето богатство и на тој начин Му благодари на Бог за него, и го препознава овој дар. Кога луѓето би ги препознавале даровите Божји и нивната цел
Дури на вториот степен, просветлување на умот, откога ќе го познаеме местото на срцето и ќе го добиеме дарот на умно-срдечната молитва, ние внатре во нас го запознаваме непресушниот извор на Божјата благодат. И бидејќи имаме вистински допир до Христос, престанува процесот на постојано губење на благодатта, исто како што кај крвоточивата жена престанало течењето на крвта. Ја добиваме онаа постојана радост и светлина.
Значи, зошто не Го примаме Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои излегува дека ни се поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа поважни свињите (т.е. имотот), поради страстите среброљубие и сластољубие, отколку Христос. А овие страсти се оние што се нарекуваат погруби и преку кои демонот најнапред напаѓа.
Духовниот отец треба да го процени видот на односот што човекот го негува или има кон Бог и со соодветен „јазик“ и однесување кон него да му помогне во неговото духовно растење од роб, преку наемник до чедо Божјо. Без оглед на соодветниот „јазик“ и однесување, духовниот отец мора да ја сочува својата љубов кон човекот.
Секоја Црква, историски, во моментот на нејзиното признавање имала своја „мајка Црква“ или, поточно, Црква заштитничка. Откако „мајката Црква“ ја признава суштински, преку заедничко сослужување на светата Евхаристија, автокефалноста на дотогаш непризнатата Црква, од тој момент двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што означува дека тука нема место за никаква ерархиска потчинетост или некаква административна зависност на едната од другата Црква.
Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои единствена љубов од која како плодородна река истекува милосрдието кое за сите мудрости од овој свет е лудост, зашто од христијаните се бара љубов совршена, љубов нелицемерна, љубов не само кон кон пријателите, но и љубов кон непријателите.
Човекот, пак, по природа е создаден за тоа Царство, создаден да биде учесник во Божјата природа. „Надвор од Црквата нема спасение", и самата Црква е спасението. А спасението е откровение на вистинскиот пат, и таа вистина се наоѓа и се открива само во Црквата. Полнотата на откровението постои само во тајната на воплотувањето, бидејќи овде не се открива само Бог, но и човекот. Бог, Кој владее со Своето Царство - Црквата
По која цена Тој нам ни ја нуди Својата победа? По евтина цена браќа и сестри; по многу евтина цена браќа и сестри мои.Тој нам ни ја дава најскапоценат победа. 
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ научи Кој Е апсолутна слобода. Она нѐ научи Кој Е одрекување од овој свет. Она нѐ научи Кој Е небесно смирение. Она нѐ научи Кој Е непрелестно кружно движење на умот во Бог, односно благодатна умно-срдечна молитва. Она нѐ научи Кој Е совршена заедница со Бог. Она е новиот, личносен однос со Бог.
Праќајки го да се измие на бањата Силоам, Тој всушност го упатува секој човек најпрво на св. Крштение, за да му бидат отворени и очите на неговата душа. Незнабожечкиот народ го прифаќал Христа, а додека еврејскиот, со мали исклучоци, го отфрлил. Еврејскиот народ го предал Христа на страдање и смрт, а незнабожечкиот страдал и бил убиван за да биде со Христа.
Свети Наум е и мудар духовен отец и учител, драги браќа и сестри бидејќи достојно го продолжил делото на свети Климент во Охрид.























