Не се стреми кон совршенство, туку кон љубов

Се бориме да станеме совршени, а на крајот нè измачува неврозата на совршенството, кое, всушност, никогаш не успеваме да го достигнеме.
Нема смисла да се обидуваш да станеш совршен, туку да бидеш вистински и човечен. Кога ќе успееш во тоа, веќе си го започнал патувањето кон светоста.
Светителот не е совршен човек, туку човек кој е свесен за својата несовршеност и кој е длабоко возљубен.
Светоста значи „срце што љуби“. А кога длабоко ќе спознаеш кој си, тогаш ќе знаеш и во кого треба да се преобразиш: „Во возљубениот на Возљубениот!“
Длабокото осознавање на сопствената грешност е клучот што ги отвора портите на Царството Небесно.
Спознај кој си. Спознај Кој те создал и каде одиш.
Светителите не сакале да станат светители — сакале да станат љубов. А кога ќе станеш љубов, тогаш си и светител!
— о. Спиридон Скутис –
Подготовка С.Стефковски
06.11.2026























