логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Можеби некоја улога одиграа некои мои предци – луѓе од светиот живот, затоа што во нашиот род имавме свештеници, мајка Софија, игуманија на манастира во Новгородската губернији која погинала за вера. Имаше уште некои луѓе со одредени духовни заслуги. И ете, мислам дека и тие ме спасуваа, затоа што до верата доаѓав по чудни патишта. На пример, децата во моето одделение – некое време работев како селска учителка – ми говореа: „А денеска е Велики четврток,...

rsz_christening-5
Луѓето можат силно да очајуваат, но животот е сега, прифаќањето на реалноста и подготвеноста за тоа бара големо смирение. Ти не си херој, ниту τύπος (на грчки „тип“). Ти не си тип, вид, ти не си ова ниту она, не се вклопуваш во определени рамки и тоа многу смирува, бидејќи можеби луѓето ќе помислат: „Зошто не е оженет?“ или „Бог знае колку години има, а сè уште не е во брак. Нема смисла“. Тоа е тешко и понекогаш е потребно да се прифати.

Преку својата пот, човекот се приближува кон Бога, затоа, ако сите негови мисли се за тоа, како повеќе да заработи – тој станува несреќен. Со тие мисли се хранат гордоста и егоизмот, а колку повеќе егоизам, толку човекот е понесреќен. Заради него ние и тонеме во осаменост. Луѓето се осамени во толпата, осамени во животот.

rsz_302

Религиозната вера, а особено христијанската, во суштина претставува излез од ќорсокакот на смртта. Ако Христос не воскреснал, празна е нашата вера – вели апостолот Павле. Ако сите наши „акции“ се овде, во овој материјален свет – ние сме веќе банкроти: смртта ќе ги симне на нула сите наши сметки, колку огромни или ништожни да се. Затоа смртта претставува определен „момент на вистината“ за животот, она што го утврдува неговото значење и вредност – колку и парадоксално да звучи.

- За жал, работите не се во рацете на Црквата, туку во рацете на секој еден од нас. Проблемот е што како целина отстапуваме од Бога. Така што тоа е избор, кој стои пред сите нас - дали ќе се упатиме кон вечноста или ќе започнеме да се поистоветуваме со таквите јавни изопачувања. Проблемот е, што во моментов тие изопачувања многу активно се проповедаат, вклучително, преку пропагандната дејностна на 18 делегати од разни земји. Веќе тие држави..

Сите сме еднакви на Бога во Христа, но по благодат, а конкретно за ова прашање повторно ќе си споменеме за свети Григориј Палама, кој сумирајќи го светотоечкото богословие, вели дека Пресветата зазема место веднаш после Пресвета Троица, дека таа е бог (по благодат) веднаш после Бога, бидејќи го поврзува создаденото со несоздаденото и е „прва меѓу спасените„, бидејќи Бог стана човек преку Пресвета Богородица, Таа е „Лествица со која Бог слегува„ и „Лествица која нè изведува од земјата на небото„

sergiy mitropolit

Да се учиме да се каеме, да се учиме да се победуваме себеси, и не само да го избегнуваме гревот, туку да се учиме да правиме добри дела. Да почнуваме од малите работи и да се трудиме, сè да биде со милоста Божја. За да живееме по Божјата волја, а не по нашето човечко грешно расудување. За да можеме да ги гледаме сопствените недостатоци.

intervju pimen 1

Во раната Црква епископите биле дел од народот, таа функција не била само административна, односно канцелариска, туку била пастирска. Постојано биле на терен со народот. Светиот апостол Павле вели: секому бев се за да го придибијам. Поради таа своја мисија меѓу народот го добива епитетот врховен помеѓу апостолите заедно со свети апостол Петар.Во подоцнежниот развој на црквата епископството се пасивизира со преземањето на административни обврски. И на моменти му прети опасноста од клирикализам од ..

- Односот со професорите на факултетот е топол, срдечен и неверојатно отворен, нешто што, морам да признаам, е карактеристично во интелектуалните кругови помеѓу научниците, кои не познаваат националност или некои други социјални фактори. Фактот што доаѓам од Македонија нималку не беше чувствителен. Помеѓу моите пријатели и колеги од Грција нема никакви етнички пречки. Напротив, има постојано пријателство и напредување во научниот сегмент.

«…Промени се најпрво самиот себе»

Но, важно е сето тоа да се прави по послушание. Кога јас се замонашив, зедов бои и четки да цртам, затоа што од мали години се занимавав со тоа. Старецот, кога го виде тоа, се насмевна и ми кажа да ги оставам боите, до тогаш кога тој, сам ќе ми каже. И јас чекав шеснаесет години.

Ала Мешчерова

Тоа беше празник, неискажливо чувство на рај и чудо, и тогаш долго време одев како зашеметена. На таа изложба доаѓав десетпати, токму поради иконите; да се гледа Шагал по трет или четврти пат би било незамисливо. Бев вчудоневидена од мајсторството со кое беа насликани иконите.

ИНТЕРВЈУ ВЛАДИКА ПИМЕН: Црквата е сојузник на народот, а не на власта!

Aвтокефалноста е суштина а не збор, име. Според најавите на темите што би се дискутирале на сеправославниот собор во 2016 година убаво би било да го стигнеме тој термин, за да не ни биде после уште покомплицирано решавањето на нашата црковна положба”. Во интервју за Фактор, митрополит на Европската епархија изложува ставови својствени на неговиот полемичен, самосвесен и ексклузивен начин.

 

vasiliy

– Светото Писмо ни вели дека Бог не е Бог на мртвите, но Бог на живите. Во Бога сите сме живи. Ние Му служиме имено на Тој Бог, Кој воскресна и со воскресението ја победи смртта; во Него нема смрт, во Бога нема смрт, зашто таа постои само надвор од Бога. Затоа, сосема природно е тоа што Оптина е жива, за човекот што верува, тоа прашање воопшто не возникнува.

dthumb

На нашите читатели им го претставуваме интервјуто со сестра Васа Ларин, ќерка на свештеник и монахиња во Задграничната Руска Православна Црква (понатаму во текстот РЗПЦ) (САД), доктор на богословски науки, професор по литургика во Виенскиот универзитет (Австрија).

05.01.2015.
Sample Image
 

1.Според сознанијата, вие бевте еден од владиците кој се спротивставил на упатување на синодскиот апел за милост кон Јован Вранишкоски во име на „повисоките цели“. Зошто бевте против?

Врз радоста и љубовта е втемелено Христовото учење. Љубовта е најголемата христијанска доблест и од нејзината примена зависи и духовниот напредок на секој христијанин. Милоста и милосрдието се производ токму на љубовта и за мене како Христов следбеник нивното секојдневно покажување и применување воопшто не е, ниту треба да биде, спорно или дискутабилно. Она што мене ме загрижува е големиот наплив на фарисејство и лицемерие со кое со децении наназад сме преплавувани од сите страни, кога станува збор за македонското црковно и национално прашање. Насетував дека исто вакво лицемерие во форма на брза и нездрава храна ни беше подготвено од страна на „дежурните“ балкански фарисеи, кои имаат запоседнато во некои епископски столици и кои лукаво го користат авторитетот на Светата Православна Црква за инспирирање и спроведување на своите налудничави националистички планови. г. Вранишковски, како нивна марионета, сега има некои нови амбиции, изгледа му беше доста од жртвување и сега сака за своето мачеништво да добие аплауз на отворена сцена. Неговите поттикнувачи пак сакаат сето ова да го валоризираат со тоа што ќе го претстават пред светот како политички затвореник, што се разбира е опасна замка во која можеме сите да се фатиме доколку не бидеме внимателни каде газиме. На потврда за моите стравувања не се чекаше долго. Соопштението на СПЦ, подготвено во одделението за лицемерие и омраза некаде во Војводина сé убаво ни опиша и ни објасни. Ние за СПЦ и нејзиниот портпарол не сме ниту македонски, ниту православен народ, туку некакви души, кои обитаваат на некое подрачје помеѓу српската и грчката граница. Лукави и неевангелски се нивните намери и сметав дека како православен Митрополит тоа требаше отворено да го посочам.

2.Што инфорамција добивте како Синод од страна на архиепископот за средбата со рускиот митриполит Иларион Алфеев?

Нашиот блажењејши Архиепископ, по барање на митрополитот Иларион Алфеев, во својата резиденција оствари средба со него, на која бил замолен да посредува во државните институции за да биде ослободен од затвор г. Вранишковски заради неговата здравствена состојба. Поентата на информацијата беше дека по ослободувањето на г. Вранишковски ќе се продолжи со прекинатите преговори со СПЦ и дека преговорите ќе се водат во неколку фази, со претходно подготвена платформа од двете страни. Митрополитот Иларион Алфеев го уверувал нашиот Архиепископ дека преговорите ќе продолжат во позитивна насока.

3.Што очекувате од најавениот дијалог во ситуација кога премиерот Никола Груевски изјави дека рускиот владика не зборувал за автокефален статус на МПЦ-ОА?

Мислам дека е нечесно да толкувам туѓи впечатоци на средби на кои не сум бил присутен. Она што со сигурност го знам е дека МПЦ по втората светска војна де факто опстојува како автокефална Црква. Во текот на сите овие години, градејќи буквално од темел сé, постигна огромни резултати на полето на духовноста и на црковноста. Тоа е факт кој само духовно слеп и озлобен човек не може да го признае. МПЦ нема никаква канонска, еклисиолошка или догматска пречка за да биде автокефална Црква. Единствениот проблем, кој се провлекува со децении, а за кој ние не сме виновни е името на нашата Црква. Што значи проблемот во суштина е од политичка природа. Затоа непријателите на овој народ, кои веднаш се вклопија во улогата на прогонети и на маченици, а кои се одметнаа од својата Црква, веднаш почнаа погрдно да нé нарекуваат Славомакедонци или Фиромци. Тие тоа го прават затоа што се наемници, а не пастири на овој народ. Христос во Евангелието вели дека кога волк ќе го нападне стадото наемникот бега зашто не му е гајле за овците, а добриот пастир ги познава своите, ги изведува, раководи и се грижи за нивната духовна добробит. Токму заради тоа што проблемот допира до нашето вековно име, а тоа се коси со здравиот разум и нема врска со духовноста, мое мислење е дека во неговото решавање би требало да дадат придонес сите оние кои ја љубат вистината и правдата, без разлика на нивниот општествен или професионален статус. Голем грев е и неправда по примерот на Понтиј Пилат да си ги миеме рацете и да бегаме пред налетот на бесрамните користољупци. Лично немам ништо против тоа да има контакти и преговори. Но, се залагам преговорите да бидат поставени врз евангелски и канонски основи и со посредство на Божјата Промисла и Премудрост во спорот да нема поразени, туку само победници.

4.Очигледно е дека рускиот предлог ќе се базира на некаква широка автономија на МПЦ-ОА, но не и на класичен автокефален статус. Дали МПЦ-ОА треба да прифати таков статус и потоа да работи на добивањето на автокефалноста?

Не постои „руски предлог“ како што Вие претпоставувате. Во врска со автокефалниот статус на нашата Црква, Ве уверувам дека нема да има никакво отстапување. Овде би сакал да додадам дека мое мнение е дека и да се согласиме со сето она што го бара СПЦ, сепак нема да го решиме проблемот, зашто камен на сопнување повторно ќе биде името. Добар е примерот со блаженоупокоениот архиепископ Доситеј, кого СПЦ никаде не го претставила како македонски архиепископ, иако имала таква обврска по завршените преговори во 1959 г. Истото се случува денес со г. Вранишковски и неговите приврзаници, кои себе си пред своите Грчки домаќини се претставуваат како апатриди, со лажни идентитети, како Византици или Ромеи. Според тоа МПЦ во ниту еден случај не треба да прифаќа двосмислени, нереални и неефикасни предлози. Да не заборавиме дека афтокефалноста не е желба на неколкумина, туку е факт и духовна потреба на верниот македонски православен народ. Идејата за автокефалност не е од вчера, туку е континуитет на сите генерации православни Македонци од нејзиното укинување во 1767 г. со султаново ираде, па сé до денеска. Впрочем, во досегашните преговори, ниту еден претставник на СПЦ ни нема укажано на некаква духовна аномалија или незрелост на нашето духовно живеење и црковно уредување.

5.Дали имaте впечаток дека некои владици би прифатиле таков широк автономен статус?

Би сакал да Ве повикам и Вас новинарите, но и македонскиот православен народ да имате доверба во своите архиереи и да Ве уверам дека македонските владици со сето срце ќе настојуваат да не биде понижен и повреден македонскиот православен народ. Црквата во Македонија опстоила и во потешки времиња, надминала и победила и потешки искушенија. Сигурен сум дека благодарение на Бога имаме доволно мудри, прекалени и искусни архиереи кои ќе смогнат сили и ова искушение да го победат и ќе умеат да го заштитат и нема да го изневерат од Бога доверениот им македонски православен народ.

6.Како гледате на иднината на македонското црковно прашање?

Искрено, би сакал недоразбирањата и црковните спорови да бидат минато. Од длабочината на душата посакувам оваа отворена рана на Светата Црква час поскоро да биде излечена. Ќе работам предадено, со целото свое битие, за уште поголем духовен развој и потемелна обнова на нашата духовна мајка Македонската православна црква. Го молам Бога да нé вразуми сите, конечно во љубов и почит да живееме како браќа, зашто само така ќе нé познаат дека сме Христови ученици. Стиховите, кои ги пееме на празникот на Рождеството Христово за мир на земјата и добра волја меѓу луѓето да станат наше секојдневие и реалност во претстојното ново лето Господово.

 
Митрополит Повардарски

†Агатангел (Станковски)

 






 pankratij1



25 септември 2014 | Аскетика, Свети тајни, Современи автори | Нема коментари

pankratij1Дали е задолжително да се исповеда кај свештеник пред секоја Причест? Што да се направи, за исповедта да не стане формална? Кои настани од животот на верникот треба да бидат осветени со благослов од свештеник? Зошто не треба да се брза со изборот на духовник? Како да се одбегне духовната „подвоеност“? Овие и други актуелни прашања се разгледуваат со претседателот на Синодската комисија за канонизација на светии, викарот на Свјатејшиот патријарх московски и на цела Русија Кирил, намесникот на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир, епископот Троицки Панкратиј

– Владико, денес можат да се слушнат различни гледишта за исповедта: дали таа треба да биде честа или ретка, редовна или само во случај на паѓање во тешки гревови… Кој пристап, според Вас, е најправилен?

– Мислам дека сега настапи таков период во животот на нашата Црква, кога овие прашања се искусуваат со живот. Праксата од пред половина век или од Синодската епоха веќе не се восприема многу – денес, по правило, луѓето се причестуваат почесто. Па и самиот живот многу се промени. Претходните пристапи и решенија веќе не можат да ги организираат луѓето, затоа се изработуваат нови – и тоа во вакви дискусии. Многу е добро тоа што има размислувања, тоа што луѓето осознаваат, мислат, расудуваат.

Сметам дека тие прашања, на крајот на краиштата, ќе го најдат своето решение и се надевам дека ќе бидат утврдени во некакви задолжителни правила. Сега не е време да постои еден шаблон: да се причестува или исповеда толку пати во толку денови. Освен тоа, строги канони во врска со ова и не постојат – има различни пракси, разни обичаи. Треба да има одреден степен на слобода во тоа најважно прашање. Секој човек со помош на својот духовник го решава него на свој начин. А и дело на парохјанинот е да го пронајде оној духовник што му е потребен и што ќе може да му помогне.

– Дали секое причестување треба да биде придружено со претходна исповед? Дали може да се причестува без исповед или ако исповедта се случила неколку дена пред Причеста?

– Според мене, ако човекот не чувствува некакви тешки гревови што би го принудиле да побара полноцена исповед, тој не треба задолжително да се исповеда пред секоја Причест. Светата тајна Покајание е важно самостојно таинство, „второ крштение“ и недозволиво е да се сведува на некој задолжителен додаток кон Евхаристијата. Бидејќи исповедта често станува формална поради тоа, што човекот се навикнува на мислата: исповед е она што ќе го набројам пред свештеникот, а покајание е самиот факт на раскажувањето. Но, во најдобар случај тоа може да се нарече откривање на помислите. А многу често тоа е само разговор. Огнено и длабоко покајание пред Бога нема и човекот можеби и не обраќа внимание на него.

Треба да се знае дека покајанието не се случува само во моментот на исповедта. Покајанието е состојба на душата, тоа е решеност да се раскине со гревот и да се промени сопствениот живот. Тоа може да се случи во секој момент од животот. Често прашуваат: што да правам, ако дома се каев, плачев, а кога дојдов на исповед во срцето немаше ништо – едноставно суво се исповедав? Ништо страшно. Слава Му на Бога што дома си се покајал – Господ и тоа ќе го прими.

Ако така се разбира покајанието, тогаш станува јасно дека не е задолжително пред секоја Причест да се оди на исповед кај свештеникот. Ништо страшно, ако вие, причестувајќи се три или четири пати во месецот, се исповедате само двапати.

– Дали е полезна традиционалната пракса на исповед како откривање на помислите?

– Не мислам дека откривањето на помислите е секогаш полезно за лаиците. Исповедта на лаикот и монашкото откривање на помислите се сосема различни нешта. Монахот, според идеалот, треба на својот духовен отец да му ги открива сите движења на неговата душа и за сѐ да бара благослов. За лаикот тоа е невозможно, па и штетно. Чудно е кога жените ги прашуваат свештениците за она, што треба да ги прашуваат своите мажи: каде да одат на одмор, да се купи ова или она нешто, да се има ли повеќе деца…

Некои важни настани можат да се осветуваат со благослов на свештеник, но тоа не треба да биде определувачко и решавачко. Лаиците самите треба да ги решат прашањата, поврзани со нивниот живот.

Јас сум против тоа, манастирското старчество да се распространува на лаиците – тоа создава почва за таква опасна појава, како што е младостарчеството или, поточно, лажното старчество. Лаикот треба да ги знае основите на верата, да го чита Евангелието, да живее според него и во својот духовен живот да се ползува со советот на духовникот.

(продолжува)

Г.Г.

 Прв дел и Втор дел од интервјуто

 

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1593
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2039
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1802
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »