логоFacebookTwitterYouTubeeMail

berovo.sanacija12.jpg
... Денес луѓето се со закоравени срца, а јас кога барам помош од сите релевантни фактори, се чувствувам како глувиот што му се обраќа на слепиот! Наидувам на бесчувствителност, тромост, неверување... страшна инерција. ..

 


alfeev3.jpg

 (манастир Св.Пантелејмон, с.Нерези -Скопјe, септември 2007г.) 

Интервју со епископ Иларион (Алфеев) за римокатоличкиот весник
Inside the Vatican

извор: OrthodoxNews

ITV: Епископ Иларион, сите сакаат да знаат зошто ја напуштивте средбата во Равена на 9 октомври? Како беше возможно да се случи тоа во последен момент? Дали присуството на Естонската делегација беше нешто, за кое не знаевте пред да пристигнете?

alfeev17.jpgЕпископ Иларион Алфеев: Прво, не ја напуштив само јас средбата. Тоа го направи целата делегација, која се состоеше од мене и отец Игор Вижанов. Решението да ја напуштиме средбата не беше мое. Тоа беше решение на Епископскиот собор на Руската православна Црква од 2000 година, на коешто јас не можам а да не се потчинам. Освен тоа, по молба на Митрополитот Јован Зизјулас, јас обавив телефонски разговор со митрополитот Кирил, за да прашам како да постапам, и одговорот беше дека јас и отец Игор треба да ја напуштиме средбата. Така, тоа решение не беше мое – тоа беше решение на Руската Православна Црква. Многу е важно тоа да се знае, да биде објавено. Јас не мислам дека на ниеден начин сум одговорен за решението, кое не беше мое. Но, секој еден од нас ја претставува својата Црква.
Второ, списокот на учесниците не беше познат пред јас да пристигнам. Всушност, од самиот почеток на официјалниот римокатоличко-православен дијалог од 1980 г. до 2007 г. списокот на учесниците остануваше непроменет и средбата во Равена беше првиот пат, кога Константинополската Патријаршија еднострано реши да повика претставници од таканаречената Естонска автономна Црква. Тоа беше едно непријатно изненадување, особено ако се има предвид дека Константинополската Патријаршија ја знае позицијата на Руската Православна Црква објавена на нејзиниот епископски собор во 2000 г. На тој собор беше решено, дека ние не можеме да учествуваме на официјална средба, на која присуствуваат претставници на тнр. Естонска Православна Црква.
Има многу автономни и афтокефални цркви, кои од различни причини не се сеопшто признаени од православниот свет. На пример тоа се афтокефалната Православна Црква во Америка и автономната Јапонска православна Црква: тие никогаш не биле поканети на такви дијалози со оглед на тоа дека Константинополската патријаршија не го признава нивниот сегашен статус. Ако треба да биде поканета тнр. Естонска православна Црква, која е автономна структура на Константинополската патријаршија, зошто да не ги поканиме и тие Цркви? Зошто тогаш да не ја поканиме Украинската православна Црква, која има автономен статус под омофорот на Московската Птаријаршија? А автономната Латвијска Православна Црква? А Естонската православна црква која принадлежи на Московската Патријаршија, и исто така има автономен статус?
Ако составот на православната делегација од Мешаната комисија треба да биде променет, тоа треба да се случи со согласност од сите Православни Цркви. Ако и тогаш нема таква согласност, тогаш најбезболно е да се запази составот на православната група таков, каков што тој бил на почетокот – додека прашањето не се реши на сеправославен собор.


ITV: Што ќе се случува понатаму? Ќе има ли друга средба? Има ли некаква веројатност,  христијаните да бидат во општење едни со други или поделбата ќе продолжи – можеби уште илјада години, а можеби и засекогаш?

Епископ Иларион: Се надевам, дека до наредната средба на Мешаната комисија, која веројатно ќе се одржи за две години, ќе биде изнајдено некакво решение, кое ќе им дозволи на Православните Цркви да работат заедно во единомислие и согласност, како што беше пред Равена. Во меѓувреме Руската православна Црква ќе го разгледува прашањето за првенството во  Вселенската Црква од богословски аспект. По решение на Светиот Синод, Богословската комисија на Московската Патријаршија доби мандат да го разгледа тоа прашање и да подготви соодветен документ. Тој документ ќе биде основата на која Московската патријаршија ќе ја изгради својата позиција во понатамошната дискусија по прашањето на преемството, во рамките на Мешаната комисија ако се вратиме во неа. Велам “ако“, зашто можноста да се вратиме во Комисијата во голем степен ќе зависи од позицијата на Константинополската патријаршија.
Само Господ знае дали и кога ќе биде надминат расколот помеѓу Римокатоличката и Православната Црква. Но јас верувам дека ние треба да работиме на тоа. И јас сум длабоко нажален што црковната политика ја поткопува нашата работа. Во време кога треба успешно да изнајдеме нови патишта за приближување едни кон други, ние покажуваме разединетост и несогласие.
Сепак, јас сум задоволен, што освен Мешаната комисија има и други механизми за римокатоличко-православна соработка и уверен сум дека во иднина ќе бидат создадени уште повеќе такви механизми. На пример, постои цел спектар од взаемни односи помеѓу Римокатоличката Црква и Руската Православна Црква. Постои културна размена, размена на академско ниво, како и многу други примери за соработка. Тоа ни дава надеж за еден голем напредок во нашите односи во блиска иднина. Таков напредок би бил исклучително поволен и особено посакуван.

ITV: Каква е улогата на “ап. Петровата служба“  во православното богословие и пракса?

Епископ Иларион: Ние немаме богословие за “ап. Петровата служба“ на ниво на Вселенска Црква. Во нашата еклисиологија нема место за таквa идеја. Ете зошто Православната Црква во продолжение на вековите се спротивставувала на идејата за вселенска јурисдикција на било кој епископ, вклучувајќи го тука и Римскиот. Ние признаваме дека постои определен ред, според кој следува да бидат спомнувани претстојателите на помесните Цркви. Во тој ред Римскиот епископ заземал прво место до 1054 година, а после тоа првенството според редоследот во Православната Црква е префрлен на Константинополскиот Патријарх, којшто до схизмата бил втор по ред. Но, ние веруваме дека сите претстојатели на помесните Цркви се еднакви меѓу себе и ниеден од нив нема јурисдикција над некој друг.

ITV: Деновите за дискусија, кои продолжија без вас, донесоа ли нешто интересно или полезно?

Епископ Иларион: Јас незнам до каков заклучок дошол соборот, зашто таков документ сеуште не е објавен. Откако ќе биде објавен, Московската Патријаршија внимателно ќе го разгледа.

ITV: Имаше ли нешто особено кое сакавте или планиравте да го кажете во Равена?

Епископ Иларион: Мојата намера во Равена беше, засилено да работам и како член на Мешаната комисија и како член на нејзиниот редакциски комитет. Пролетта, оваа година, Редакцискиот комитет имаше средба во Рим и ние успешно ги разрешивме проблемите кои се создадоа за време на пленарната средба на Комисијата во Белград, во 2006 г. Јас имам цврста основа да верувам, дека ако нашите предлози беа прифатени во Равена, ние би се придвижиле напред и би го завршиле документот. Најверојатно тој документ веќе е завршен, но бидејќи јас не учествував во дискусиите, јас не сум компетентен да кажам дали нејзините заклучоци ќе бидат прифатливи за мојата Црква.
Отсуството на Московската патријаршија од оваа етапа на работа на Мешаната комисија, според мое мислење, создава проблем во целата работа на Комисијата. Знам дека Константинополската патријаршија не го дели моето мислење. Митрополитот Јован Зизјулас ми кажа мошне јасно пред сите останати православни делегати: “Ако една Православна Црква го напушти дијалогот, останатите ќе го продолжат“. Но, Московската патријаршија претставува повеќе од половината на православното христијанство во светот. Без неа, римокатоличко – православниот дијалог ќе биде всушност дијалог на Римокатоличката Црква со помалку од половина од Православната Црква.
Разбирам дека римокатолиците гледаат на целава ситуација како на “внатрешноправославен проблем“. Тоа е удобна позиција. Но, јас сепак сметам дека оваа ситуација би требало да ги интересира и нашите римокатолички партнери, ако сакаат овој дијалог да биде навистина легитимен и да ги вклучува сите. Треба да бидат направени некои општи напори, за да се избегнат вакви ситуации во иднина.


превод: М.З.

Посети:{moshits}

Николај Балашов, е име кое значи многу во руската црковна дипломатија. Тој е секретар на одделот за комуникации на РПЦ со останатите помесни цркви, можеби еден од најупатените за црковниот спор во Македонија.

 

Директорот на Управата за заштита на културното наследство-
г-дин Паско Кузман:



За Св. Климентовиот Универзитет се обидов да направам разноразни материјали, документи, да подготвам образложение итн. и проектот како таков, го образложив на Премиерот, кој со одушевување го прифати и во соодветна законска процедура проектот почна да се реализира. 

Замислено е да се спои сакралното со световното, да се направи една симбиоза на времето св. Климентово, со времето на двaесет и првиот век. Симбиоза на просторот, значи да се вклопи во крајоликот на цитаделата самоiлова - Самоиловата тврдина, па Плаошник, па св. Јован Канео. Да направиме еден центар којшто ќе ги спојува сите овие елементи. Значи св. Климентовото време со дваесет и првиот век, сакралното со световното. Што значи тоа? Значи во изградениот, во возобновениот св. Климентовиот универзитет ќе има и свешtеници и монаси, бидејќи најверојатно таму ќе биде пренесен Теолошкиот факултет или средното Богословско училиште на МПЦ и други луѓе коишто ќе се занимаваат со наука.
Генерално се знае како ќе изгледа  универзитетот и тоа е прифатено на првата седница на Oдборот за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет. Ќе бидат изградени објекти во кои ќе бидат сместени Теолошкиот факултет можеби, а можеби Богословијата, потоа со сигурност ќе биде сместена Галерија на икони, и еден голем библиотечен центар, бидејќи св. Климентова книжевна академија не може да се замисли без една богата библиотека.
 



Потоа ќе бидат сместени, изложени и заштитени старите словенски ракописи од XIII, XIV, XV век и разни други предмети пронајдени на овој простор итн. Значи тој универзитет нема да биде како сегашниве класични образовни универзитети, туку како една реминисценција на св. Климентовото време, како еден научен центар со разни додатоци. Дури планираме во позадина кадешто ќе биде изграден овој центар, да има уште еден простор на кој што ќе градат свои клонови светските универзитетски центри како на пример Колумбија Универзити со кого веќе се договараме. Па можеби понатму ќе прифати  Оксфорд или Кембриџ. Целта е Плаошник да стане еден силен научен центар којшто ќе зрачи со св. Климентовиот дух, со св. Климентовата моќ.
Македонската историја и духовна и културна долго време била истискувана од околните центри кои се супрамативни во таа смисла. Тие ја диктирале историјата на балканскиов простор, а тоа се Атина, Софија и Белград, да не ја спомнуваме во оваа пригода Тирана. Затоа за многу наши значајни личности, настани, значајни детали од историјата не се знае, изгубени се, скриени се, уништени се.


Благодарение на тие супрамативни центри неправилно е третирана, генерално, античка Македонија, во контекст на целокупната историја на Македонија. Понатаму, несоодветно е третиран царот Јустинијан, којшто е роден во близината на Скопје. Несоодветно е третирано времето на Византија во поглед на Mакедонците. Некои работи намерно се покривани, а некои други откривани, во рамките на таа историја за да се изгуби името македонско. И долго време се работело на тоа, особено во времето на таа Византија. Што мислите, која е улогата на цар Самуил и Василиј II?


Василиј II се вика Mакедонецот, тој е од македонската династија. Цар Самuил кој е? Бугарите го сметаат за бугарски цар. Василиј II македонецот, после битката на Беласица произведува 14 000 ослепени. Значи, историјата е искривена. Василиј II е Mакедонецот тој е од македонската династија. Тој ја убива војската на цар Самuил, а цар Самuил е наш – Василиј II е македонецот. Кај е логиката? Историјата, се разбира историската наука нема расчистено многу ситуации на тој план и во источната и во западната хемисфера. Постојат записи од тоа време. Како што доаѓале цар Душан и Србија на овие простори и од тогаш многу работи не се доволно јасни иако сам цaр Душан ја спомнува Македонија нарекувајќи се како цар и на Македонија. Цар Самuил не ја спомнал Македонија воопшто. А сето тоа е малку контрадикторно како се сфаќа македонската историја. Потоа во времето на отоманската империја многу работи се нејасни. Кој бил Карпош – несудениот крал на Македонија? Што бил Марко крале? Волкашин и Углеша – чии се тие? Српски или наши – македонски? Кој ја водел битката на Марица 1371 година – Волкашин и Углеша – македонци или срби. Со такви дилеми е покриена целата македонска историја, затоа што таа историја ја пишувале главно другите супрамативни центри во однос на Македонија, на Скопје.


Кога станува збор за римското време, за античките Mакедонци ние малку ги мешаме работите. Св. Лидија е првата Mакедонка во Европа која го примила христијанството. Но најпрво нашите научници создале забуна, бидејќи тие тврдат дека ние сме Словени кои што дошле во V - VI век и дека немаме врска со претходните цивилизации на овие простори, што не е точно. Старите Mакедонци не пропаднале во земја, ниту тука се случила Атлантида, ниту се создал некој потоп. Тие постоеле и понатму  со тоа што се мешале и претопувале. Во римското време тие сеуште постоеле, се разбира дека се ородувале со Rимјаните, подоцна па и со Sловените кои дошле, па може да се каже дека тој континуитет сеуште трае од античка Македонија до ден денес. Но нашата наука, нашата историографија, веројатно во времето на социјализмот имаше поинакви гледања и сфаќања на работите, поинакви патишта, цели и насоки и затоа строго гo одвојила античкиот свет од Sловените и навака. Таа претходна наука сега е најголемата препрека за континуитетот на македонската историја. Нашите историчари тврдат дека ние сме само Sловени и со тоа направиле небулозни препреки. Затоа ние сега си ги имаме овие проблеми со Gрците, а на еден простор нема историја без континуитет. На еден простор мора да има континуитет и го имало тој континуитет со сигурност. Тој научен пристап кон историската наука би бил правичен за македонскиот народ, за македонската ситуација, за македонскиот етнички супстракт. И св. Лидија е од оние стари Mакедонци во римско време. Св.Лидија исто така може да биде наша, бидејќи нејзиниот пород, нејзините роднини, нејзините генерации и понатаму се мешале. И затоа можеме да речеме дека е првата Mакедонка. Но светот наоколу така не гледа. Зошто нашата наука не кажува кај биле Словените пред V - VI век, кои се тие, кај е нивната култура? Сигурно одеднаш не паднале од небо? Нашата историска наука сеуште не расчистила сама со себе, прво нашите научници историчари не расчистиле, а да не зборуваме за оние околу – користејќи ја таа ситуација ја кроеле нашата историја. И затоа вака сега никој не не признава. Не не признаваат Бугарите ниту како нација нитu никако, не не признаваат Грците дека го носиме името кое го носиме, Aлбанците забегале  по илирските простори kako да се сојот од памтивек налегнат преку целата Македонија,  и Србите по своите романтични јужни краишта од македонското поднебје, исто така.
Но ние, сосем поинаку од сите, постоиме!




ПреминПортал


Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1593
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2039
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1802
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  за двoјната сила на тајната брак

БEСEДА за двoјната сила на тајната брак

Гoлeма e тајната вo тoа штo чoвeкoта гo oстава свoјoт таткo и свoјата мајка и сe прилeпува кoн свoјата жeна. Самиoт апoстoл, кoј сe вoзвишил дo трeтoтo нeбo и видeл...

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Епископ Партениј, Игумен Бигорски: Христовото Вознесение – издигнување и обожение на човечката природа

Фактот за Неговото Воскресение, Вознесението и испраќањето на Светиот Дух врз Апостолите е потврден и потпишан со крвта, телесна и духовна, на безбројните Маченици. Сите тие не умреле за некаков...

 протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

протоереј Златко Ангелески - ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН

За разлика од Воскресението, Христовото Вознесение многумина го виделе, кога тоа се случило. Така било, зашто верата кај многумина веќе созреала за ова божествено созерцание. А така било и заради...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Ереј Игор Острески: Слепиот

Ереј Игор Острески: Слепиот

Зборувајќи за растот на верата во Бога во човековата душа и за нејзиното значење во животот на луѓето, нашиот Спасител вели: „Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Самарјанката (29.05.2021)

Благодатта на Светиот Дух Господ, од часот на нашето Крштение се наоѓа внатре во нашето срце. Но, не е доволно само да сме крстени во Црквата, па да се подразбира...

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Митрополит Европски Пимен: На Св. Кирил Солунски - Во Рим 24.05.2021г.

Зашто, преку тебе го научивме словото за Христа Бога. Зашто, големо е делото твое да покажеш дека нема избрани јазици за проповед на Големината Негова, туку дека најдобар јазик за...

 Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

За симболиката на крајот на Новиот Завет ни говори Апостолот Павле: „во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат среброљупци, горди, хулители, неблагодарни, неправедни, непомирливи, клеветници, невоздржливи,...

« »