логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 04 октомври 2016

НУБ „Свети Климент Охридски“


"Промовирана книгата „’Несвети, а свети’ и други раскази“ од Епископот Тихон"

 Денес, 4 октомври 2016 год., во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во свечена и срдечна духовна атмосфера се одржа промоцијата на македонското издание на книгата „’Несвети, а свети’ и други раскази“ во издание на Кумановско-осоговската епархија на МПЦ-ОА.


На промоцијата, покрај авторот, Преосветениот Јегоревски Епископ г. Тихон, присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г.г. Стефан, Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, Преосветениот Епископ Хераклејски г. Климент, Претседателот на Р.М. проф. д-р Ѓорге Иванов, Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. г. Олег Шчербак, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот Ректор проф. д-р Велимир Стојковски, Деканот на ПБФ „Св. Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓески, директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“, г. Иван Заров, свештеници, монаси, академици, професори, студенти, ученици и верници од повеќе градови од земјата.

 

Книгата, со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, на македонски јазик ја преведе м-р Златко Дивјаковски. Досега, покрај на македонски, е преведена и на голем број светски јазици: англиски, грчки, кинески, фински, француски, романски, шпански, италијански, бугарски, српски и полски јазик. Изданието на руски јазик е продадено во над 2 милиони печатени и над 4 милиони електронски примероци, и е добитник на наградата Книга на годината за 2012.


„Несвети, а свети“ е роман мозаик за човечките судбини во тој, како што вели авторот, епископот Јегоревски г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, „прекрасен свет, каде се живее според сосема различни закони отколку во обичниот живот, свет, бесконечно светол, полн со љубов и радосни откритија, надеж и среќа, искушенија, победите и поразите, смислата на нивното значење, и најважното – за моќната демонстрација на сила и Божјата помош, јас сакам да раскажам во оваа книга“.Ова го истакна проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, промотор на книгата. „На безмалку 600 страници во 60-тина раскази, посочи Ѓорѓевски, раскажани се прекрасни човечки приказни, еден вид дневнички записи од средбите на авторот со секојдневни, но исклучителни личности.“

 

 Епископот Јегоревски, г. Тихон рече дека деновите кои ги поминал тука во Република Македонија биле денови на откритија, на прекрасни моменти на историјата, на изненадувачки нијанси на земјата и прекрасни луѓе.


– Разбирам дека треба да се направат напори ова богатство на кое вие сте наследници, да им биде познато на сите ППЦ: на православните Цркви, и словенскиот народ, и на сите народи, на целиот православен свет, истакна г. Тихон.

Вашата Црква, нагласи Преосветениот Епископ, има што да им даде луѓето, ќе им даде многу богатство, особена душа и особена љубов.


По промоцијата се одржа мал концерт на духовна музика со настап на хорот „Хармосини“ и рускиот квартет под раководство на Галина Георгиева, а посетителите имаа можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Московската Патријаршија, подготвена за овој повод. (KOE)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КОЕ(м.ј.)/Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

д-р Ѓоко Ѓорѓевски - Слово кон книгата на епископ Тихон Шевкунов „Несвети, а свети“

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ (извадок)

Издавач: Кумановско- осоговска епархија 2016

Со благослов на митрополитот Кунмановско- осоговски

Г. д-р Јосиф

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1220
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1109
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »