логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Дали сме достојни наследници на подвигот, и на саможртвената љубов на нашиот свети Климент?


Стефан
Митрополит Скопски
Архиепископ Охридски и Македонски
и на Прва Јустинијана, проповед за Свети Климент (Плаошник)

 TVITer155


Со денешнава Света Литургија, којашто, еве, заедно ја отслуживме во овој велелепен храм, молитвено одбележавме две годишнини – 1140 години од враќањето на светите Климент и Наум во Македонија и во Охрид, и 1110 години од упокојувањето на свети Климент, кој бил погребан овде, во својот храм, во гробот што сам си го подготвил.


Првиот од тие настани по својата природа, всушност бил тажен настан, зашто бил последица на забраната на Моравската мисија и на прогонувањето на Кирилометодиевите ученици. Имено, по смртта на свети Методиј, во 885 година, латино-германското свештенство, во словено-јазичните краеви на Централна Европа, започнало да станува уште посурово кон придружниците на Солунските Браќа, па тие биле принудени да се вратат во земјите од коишто дошле.


Но, како што вели народот: „секое зло е за добро“, или, кажано со јазикот на Светото Писмо, преку устата на праотецот Јосиф: Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината, сепак, злото намислено од гонителите се свртело за добро на нашиот и за околните народи. Имено, враќајќи се во овој небоземен и преубав крај, светите Климент и Наум го продолжиле делото на своите учители и тука развиле мисија чиишто плодови, еве, ниту молец, ниту ‘рѓа ги јаде.
А свети Климент, откако се населил на оваа страна од Белото Езеро, тука подигнал храм, посветувајќи го на светиот бесребрен исцелител и великомаченик Пантелејмон, со кого тој, всушност и делел име со исто значење. Имено, иако можеби е недоволно познато, името Климент, коешто светите Солунски Браќа му го дале на својот многударовит ученик, во чест на свети Климент Римски, потекнува од латинскиот јазик и значи: „милостив“, „благ“, додека името на светиот великомаченик Пантелејмон е од елинско потекло и во превод значи „семилостив“, „себлаг“.


А кога станува збор за имињата, една стара поговорка вели: „името – тоа си ти“, односно името не е само празен назив со кој нѐ ословуваат, туку ја покажува нашата срж, го истакнува нашиот повик. И во однос на светите Климент и Пантелејмон, таа мудрост навистина се покажала вистинита. Та, нели се тие две светила вистинска милост и благост!? Нели се личности коишто зрачат со разборитост, со кротост и со добрина!?


И како што некогаш Мојсеј бил повикан да го поведе еврејскиот народ од египетското ропство, како што апостолот Павле бил повикан од Македонецот да дојде и да помогне во Македонија, така треба да го разбереме и враќањето на свети Климент, овде, во Охрид и во Македонија. Тој се вратил помеѓу своите за да ги утврди во верата. Станал просветител, учител, книжевник и го препородил својот народ во верата и во побожноста, а тоа најмногу го правел преку својот пример. Молејќи се, го учел на молитва; постејќи, го учел на пост; работејќи, го учел да работи; и како што запишал неговиот животописец: „тој секогаш поучуваше, и секогаш поставуваше ред, исправајќи го незнаењето и украсувајќи го неукрасеното и за сите стануваше сѐ“.


И така, откако милостивиот свети Климент го изградил храмот во чест на семилостивиот свети великомаченик Пантелејмон, тоа свето место станало вистинска духовна работилница на благодатта Божја, место од каде што се разлевала светлината на евангелските вистина, добрина и убавина.


На ова благословено парче небо на македонската земја, светиот просветител неуморно се молел, поучувал, пишувал, песно-творел, преведувал и ги воспитувал своите ученици, давајќи се целосно во делото за преуспевање на Црквата. Овде, на Плаошник, ја основал и прочуената Охридска книжевна школа, која со право се смета за едно од најголемите огништа на словенската писменост и просвета. Пребивајќи постојано во молитва, и непрестајно изучувајќи ги Светото Писмо и делата на светите отци, свети Климент станал живо Евангелие!


Затоа Господ, уште за неговиот земен живот, го прославил со дарот на чудотворството. Но најголемото чудотворство, коешто тој го извршувал, било преобразувањето на илјадници и илјадници негови истородни – од неуки во верата, во луѓе утврени во верата! Господ Исус Христос вели дека оној којшто има вера како синапово зрно, ќе може и планини да преместува. А свети Климент има преместено цели масиви! Та што е, ако не преместување на цели планини, да воспиташ 3500 ученици?! Што е, ако не преместување на планини, да поучуваш и за богословие, и за јазикословие, и за земјоделие и за овоштарство?! Што е, ако не преместување на цели планини, да исцелуваш болести и да преобразуваш души?! Сето тоа најславниот жител на Охрид, на Балканскиов Ерусалим, го правел не давајќи им дремка на очите свои!


И денес, прославувајќи го златниот свети Климент, просветителот на словенските народи и на нашиот род и небесниот покровител на нашата Света Охридска Архиепископија, да ги насочиме нашите срца и души кон него, кон тој светилник кој пред речиси дванаесет столетија засветил во ова благословено поднебје. Притоа, никогаш да не изумиме дека споменот на светителите е вистински жив само тогаш кога нивниот дух продолжува да живее во оние коишто ги слават и ги следат. Светиклиментовото дело е постојан повик кон наше духовно обновување. Па, кога во неговите проповеди читаме како, пак и пак, со љубов вели: „браќа да бидеме христијани и по дела, а не само по име“, тој тоа не му го вели само на своето тогашно паство, туку на сиот негов духовен пород, од сите и за сите времиња. Следствено, и денес, од небесата ни го вели тоа и нам, повикувајќи нѐ да се покажеме достојни на светото име со кое се именуваме – достојни на христијанскиот повик!


Затоа, и денес и секогаш, и овде и насекаде, да се прашувме:
– дали ја чуваме верата во која бевме утвредни?
– дали сме достојни наследници на подвигот, и на саможртвената љубов на нашиот свети Климент?
– и дали, подобно нему, дозволуваме Христос да стане средиште на нашиот живот?
Зашто, сето негово служење: и монашкото, и мисионерското, и свештеничкото, и учителското и епископското, имало една цел – да ги приведе луѓето кон Господа Исуса Христа, кон Спасителот на светот.
И така, како што светиот Јован Крстител е глас којшто и ден-денес од пустината нѐ повикува да ги исправиме нашите земни патишта, така и свети Климент Охридски и ден-денес од крајезериево нѐ повикува да живееме живот во Христа – живот на богољубие и човекољубие. Македонскиот род единаесет столетија не го заборавил свети Климента, а така нека биде и во следните единаесет пати по единаесет столетија и сѐ додека векуваат векот и светот!


А ние денес, посебно да заблагодариме што сме удостоени да стоиме на местото на коешто тој го изградил храмот; што Плаошник го направил и ни го оставил за наша најголема духовно-национална училиница; што се молиме таму каде што се молел и тој; што чекориме по просторот по кој чекорел и тој; и што, еве, сме удостоени да ги чествуваме делата и настаните сврзани со неговата света личност.
По неговите молитви, како и по молитвите на сите Седмочисленици и на светиот великомаченик Пантелејмон, Господ нека нè укрепува, та да останеме непоколебливи во верата и неуморни во добродетелта.


Нека ни е честит и благословен празникот! Амин!

 

 Охрид, 09.08.2026



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2717
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2686
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 1171
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/08/2026 - среда

Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник; Св. свештеномаченик Валентин; Св. свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски; Св. Јован, војник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная