логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Сега кога вашите деца се сеуште мали, должни сте да им помогнете да разберат што е добро. Тоа  и е најдлабоката смисла на животот.
Старец Пајсиј Светогорец е еден од најзначајните и најважните светогорски старци од 20-от век, православен христијански монах кој во изминатите децении стана еден од најсветите личности во Грција.

 Канонизиран е од страна на Вселенската патријаршија на 13. Јануари 2015 година, а голем број на православни во Грција, Русија и Србија го сметаа отец Пајсиј свет уште додека не беше официјално канонизиран.

„Децата не се виновни. Денес ги држат затворени во станови и немаат простор да трчат, да се играат. Децата се присилени да бидат немирни. Не можат да се движат, да се испразнат. Децата за да се развиваат природно, потребен им е двор. Ако влезам во некој стан со деца и видам дека тука сé е до совршенство  средено, знај дека тоа не е добро.Тука децата живеат под војничка дисциплина и така влегува страв во нивните  души.’’

„Не плашете се за децата кои од мали се израснати во почитување. И малку да се оддалечат од патот, заради својата возраст, заради искушенија, ќе се вратат на правиот пат. Тие се како дрвенарија која сме ја премачкале со масло, па на неа не се фаќа гнилеж.’’

„Треба да ги научите своите деца да се калат од најмали нозе, да работат, да бидат мажествени. И момчињата и девојчињата. И девојчињата треба да бидат племенити, да бидат храбри. Треба да извршуваат домашни работи од мали, зашто повеќето од родителите ги размазуваат своите деца, па подоцна во животот стануваат несреќни.’’

„Добар учител е голема работа, особено во нашето  време! Децата се празни касети: на нив ќе се снимат или безвредни песни (шунд), или византиска музика. Работата на учителот е света работа.’’

„ Младо дрво се врзува лабаво со коноп, а не со жица, зашто со жица се повредува кората на младото дрво, па тоа венее и се суши. Младото битие треба да се стегне со благонаклоност.

Младо момче   преполно со живост и егоизам не треба да се смирува одеднаш, затоа што пушта млади никулци, баш како и младо дрво со многу сокови.’’

„ Децата уште во колевка ги ’’снимаат ’’ родителите. „Копираат’’ сé што прават  возрасните и бележат  на својата празна касета. Затоа родителите мораат да ги отсечат своите страсти.’’
„Денес не гледаат децата да ги исполнат со нешто, туку ги оставаат празни. Во фамилијата, денес, еден родител гледа на една страна, а друг на друга, и како детето ќе најде љубов под такви околности. Треба најпрво да се има грижа децата да се исполнат со некои добри содржини, а образованието доаѓа после тоа.’’


„Денес во цивилизацијата се случи еден голем скок, родителите не ги разбираат децата, а децата пак родителите. Би требало секој да се постави на местото на оној другиот и така би се разбрале.


Не се децата виновни.


Ги бомбардираат од сите страни со разни теории: ова е правилно, а она не е итн. Така децата, на крај, не знаат што да мислат.
Треба да се врзат децата, но внимателно, нежно. Еве, јас моите домати ги врзав со коноп, да ги врзев со жица што би се случило? Зар не би ги повредил?’’
„Верувам дека детето  кое тргнало по погрешен пат, суровите методи ќе го направат уште полош. Зборувајте  со него за доброто и на добар начин и не дозволувајте да забележи колку ве разжалостува што оди по таков пат.


Нека се покажат делата и само делата, зашто ни радоста ни страдањето  нема да останат неприметени. Вие исполнете ја својата обврска и посоветувајте го, а потоа своето дете поверете го на Бог.’’


„Колку што можете, потрудете се детето да не го оттурнете од себе, како што веќе ви реков, зашто тоа може да ги раскине врските и да избега од фамилијата. Потоа може да се случи поради егоизам нема да сака да Ви се приближи и Вие сосема ќе го згубите.’’


„Родителите понекогаш од прекумерна љубов им прават зло на децата. Ги гушат со претерано внимание. Тоа е болна работа. Гледаш, и љубовта сака некоја кочница, некоја мерка.’’


„Старче, треба ли да се тепаат децата кога се немирни?
-Да ги тепате? Малку или многу? (се смее). Видете, и стравот е некоја кочница и кога детето не разбира тоа го избавува од многу нешта. Да речеме, детето се качува на стол не знаејќи што ќе биде ако падне.
Ако добие малку ќотек од мајка му следниот пат ќе подразмисли. Меѓутоа, кога децата ќе почнат да разбираат, треба со благост и трпение да им се објасни она што можат да го разберат.’’


„Некои луѓе многу ги прекоруваат своите деца и тоа пред други! Како да имаат некаква мазга, па држејќи, ја водат да оди право напред. Го држат поводникот во рака и велат: „Само ти чекори слободно!’’


Не треба премногу да го навиваме саатот... Денес и млади и стари на овој свет живеат како во лудница. Затоа неопходно е многу трпеливост и многу молитва. Многу деца денес добиваат мозочен удар. Саатот малку е расипан, а и родителите го навиваат малку премногу, па федерот пука. Потребно е расудување.
На некое дете му треба повеќе ‘‘навивање’’, а на друго помалку.’’
„Светот постана лудница. Малите деца одат на спиење во полноќ, иако би требало да легнат со заоѓањето на сонцето. Затворени се во многуспратни згради во бетон и се вклопуваат во дневниот распоред на возрасните. Што да прават тие деца, што да прават нивните родители? Децата доаѓаат и ми велат: „Родителите не нé разбираат’’.  Доаѓаат родителите и ми велат: „Децата не нé разбираат’’.


Се создаде јаз меѓу децата и родителите.
За да тоа се надмине, потребно е родителите да ги согледаат работите од перспектива на децата и децата од перспектива на родителите. И ако сега децата не ги почитуваат родителите и нивните деца подоцна нема нив да ги почитуваат. Затоа што ако тие денес не ги слушаат и не ги почитуваат своите родители, и нив подоцна ќе ги малтретираат нивните сопствени деца, затоа што ќе делува духовниот закон.’’


„Родителите кои не го разбираат значењето на дисциплината, ги оставаат децата на  волјата и на крајот од нив создаваат губитници. Ти кажуваш еден збор, а тие тебе пет безобразни! Таквите  можат да станат криминалци.


Денешната младина е сосема  распуштена.
Слобода!
„Не ги допирајте децата!’’ А децата велат: „Каде уште постои ваков режим?’’ Според тоа, настојуваат  да се бунат, да не ги слушаат родителите, да не ги слушаат наставниците, да не слушаат ништо, да не чујат никого. Ова ја олеснува нивната цел. Ако од децата не создаваат бунтовници, како тие деца подоцна ќе ги уништат сите вредностни системи?
„Сега кога вашите деца се уште мали, должни сте да им помогнете да разберат што е добро. Тоа и е најдлабоката смисла на животот.’’

ВИДЕО

 

 

Подготви: Снежана Корнет

 

Друго:

 

Подготви: Снежана Корнет

28-ми февруари 2017 лето Господово

Извор: http://www.vestinet.rs/pogledi/sveti-otac-pajsije-ako-hoces-da-vaspitas-dete-drzi-se-ovog-pravila

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2503
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1689
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2166
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? (24.07.2021)

Што ли да речеме за посуптилната страст на умот, како што е демонската гордост, т.е. високото мислење за самите себе, односно суетата, преку која демонот нѐ држи заробени и преку...

БEСEДА  за трeзвeнoста на умoт

БEСEДА за трeзвeнoста на умoт

Бoг на живoтнитe им дал самo душа, затoа нe им дал слoбoда, туку Oн ги ракoвoди сo Свoјoт ум. На чoвeкoт Бoг му дал душа и ум, и сo умoт...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

« »